логоFacebookTwitterYouTubeeMail



Современа холандска керамика
Отворање :
4ти мај ( среда) 2011 год. во 19.00 часот

Национална галерија на Македонија ( објект Чифте амам)

 

Почитувани,

Ве информираме дека во организација на Ресенската керамичка колонија, Амбасадата на Кралството Холандија и Националната галерија на Македонија, на 4-ти мај (среда) 2011 година, во 19.00 часот, ке биде отворена изложбата “ Современа холандска керамика”, од фондот на Ресенската керамичка колонија.
Станува збор за изложба на керамичари од Холандија, кои гостувале и твореле во ателјето на Колонијата во Отешево.
На изложбата ке бидат поместени 40-тина експонати – дела со неверојатни форми и облици, декоративни и утилитарни предмети од  следните автори : Александра Енгелфрид, Елен Спикстра, Труди Ман, Јозе Ерт, Антоан Лендферс Тван, Јорун Вилхелмус Хубертус Ван, Дауе Хоекстра, Маја Хофт, Рижан Купенс и Јо Сијен.

Ресенската керамичка колонија е формирана во раните 70-ти год. на минатиот век, и успешно работи до денес, овозможувајќи им на учесниците да создаваат уникатни керамички творби.
Во 2000 година, Колонијата е примена за членка на престижната Меѓународна академија за керамика при УНЕСКО, со седиште во Женева, во категоријата на професоонални асоцијации.
 Во изминативе години, керамичарите – учесници од целиот свет,  оставиле фонд од над 900 експонати кои се дел од уметничката ризница- Галеријата на современа керамика во  градот Ресен, единствена галерија во Македонија од ваков вид, во која се поместени 400 експонати од 230 автори од целиот свет.  Поставката е изложена  во зградата САРАЈ, која е и самата споменик на културата.


 Изложбата ке ја отвори Н.Е. г-ѓа Симоне  Филипини, амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија, и г-ѓа Маја Крстевска, директор на Националната галерија на Македонија и истата ќе биде достапна на јавноста до 24-ти мај оваа година.
Куратор на изложбата е Мите Ноневски- виш кустос.
На отварањето на изложбата ке бидат присутни и некои од авторите.


Со почит,

Национална галерија на Македонија



Поуки од Светите Отци

krusevoexport