логоFacebookTwitterYouTubeeMail



Александар Зафировски
Изложува во Мултимедијалниот центар „Мала станица”
„ГОЛА ПЛАНИНА, НАСПРОТИ ИМЕТО- ШУМА НАСЕКАДЕ”

Отворање: 20 април 2011 (среда) во 20,00 ч.

Во организација на Националната галерија на Македонија, на 20 април 2011 (среда) во 20,00 часот, во изложбените простории на Мултимедијалниот центар „Мала станица” ќе биде отворена самостојна изложба на Александар Зафировски, ликовен уметник од Скопје.
На изложбата ќе бидат презентирани најновите дела на овој наш мошне перспективен млад автор. Имено, неговиот ликовен израз веќе го сврте вниманието на познавачите на ликовната уметност кај нас.
Александар Зафировски (1984, Скопје) го завршил Факултетот за ликовна уметност во Скопје во класата на проф. Антони Мазневски, насока сликарство, поднасока графички дизајн. Уште како ученик во Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски” учествувал на ликовни натпревари и иницијативи со што го привлекол вниманието на ликовната критика и бил повеќе пати наградуван со плакети и сертификати во земјата и во странство. Во 2001 година ја добил наградата „13 Ноември” на град Скопје, за постигнати резултати на полето на сликарството на домашен и меѓународен план, а Фондацијата „Борка Лазески” во 2007 година му ја доделила наградата за најинвентивен студент на ФЛУ Скопје за 2006/2007 година.
Тема на интерес на Зафировски е дрвото и воопшто шумата. Создава своја градина од шумски бои, ја негува, чува, се грижи за неа. Создава шума, никнуваат дрвја, стебла, гранки, годови, мов, лисје, кора од конци и крошни од боја.
На страниците на каталогот наместо предговор за изложбата е застапена хаику поезија од Александар Прокопиев, од каде потекнува и насловот на изложбата „Гола планина наспроти името ‡ шума насекаде”.
Изложбата ќе ја отвори Љупчо Маленков, виш кустос, а свое обраќање ќе има и Маја Крстевска, директор на Националната галерија на Македонија.

Со почит,
Национална галерија на Македонија



Поуки од Светите Отци

krusevoexport