логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Почитувани,

Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на ден 19.04.2011 год. (вторник) во 20 часот ќе се отвори изложба под наслов „Изложба на камените светла на Јадранот”.

Изложбата ќе содржи 25 фотографии на тема Хрватски светилници.
Изложбата ја организира Амбасадата на Република Хрватска во Скопје, Република Македонија и Националната галерија на Македонија.

Се прашуваме во која мерка е возможно нестварната убавина на светилниците на источната обала на Јадранот да се претстави преку фотографии? Што почесто светилниците ќе бидат снимени таа задача станува сè потешка. Спојот на историјата, културното наследство, големиот капитал на Република Хрватска, тоа се Јадранските светилници, ништо повеќе, и ништо помалку од тоа. Камените светла на островите и 'ртовите на хрватскиот Јадран спони се на фините нитки на сегашноста, минатото и иднината. Различните човечки судбини и легенди за нив исплетоа историја крунисана со морската пена, запишани во нивните камени ѕидини.

Пред крајот на деведесеттите години на ХХ век Пловпут, државно претпријатие кое се грижи за сигурноста на пловидбата на Јадранот, покрена сложен инвеститорски проект Камени светла со цел оваа вредна национална оставнина да биде претставена на светот. Практичната реализација на проектот е пропратена со бројни наслови и тв репортажи (Ле Фигаро, ил Пиццоло, Еден Виагги, Дове, Соннтаг Актуелл, Клеине Зеитунг, ЦНН и многу други). Што е тоа толку магично во светлосниот одблесок на светилниците?

Хрватскиот Јадран е автентична цивилизациска колевка повеќе од 5000 години, која ја има испишано својата историја на истите камени карпи на кои Австро-Унгарија во тек на 19 век ги изградила светилниците. Сместени на тешко достапни места, светилниците даваат единствено чуство на исконска убавина. Изградени од бел камен, со ѕидови дебели метар и повеќе, светилниците се најпријатните летниковци на Јадранот. Во областите на необјаснетата убавина, зградите на светилниците денеска вдомуваат и туристи со авантуристички дух, кои во тие историски објекти бараат одмор од брзото и напорно секојдневие.

Поставката на оваа изложба е скромен придонес на историјата, сегашноста и иднината на светилниците на источната обала на Јадранот.

Изложбата ќе ја отворат г-ѓа Маја Крстевска, директор на Националната галерија на Македонија и г-дин Златко Крамариќ, амбасадор на Хрватска во Македонија.

Со почит,
Национална галерија на Македонија



Поуки од Светите Отци

krusevoexport