логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

30.05.2014 год.

 Светската галерија на карикатури 42-ри пат ќе биде отворена во галеријата „Остен“ во Скопје, во 20.20 часот, вечерва

 

  Награденото дело на Лук Вернимен

Во таа пригода ќе бидат и официјално објавени имињата на годинашните добитници на награди и на посебни признанија.

Ова издание на традиционалната галерија на карикатури го одбележаа досетливи и провокативни дела, кои преку призмата на комичното покажуваат како изгледа светот денес. Од таа богата конкуренција на нацртани идеи и пораки, произлегоа и одлуките на жирито: Валериј Момот од Украина ја доби првата награда за карикатура, Валентин Дружинин од Русија - првата награда за стрип, а Лук Вернимен од Белгија - првата награда за сатиричен цртеж. Петар Митров од Македонија ја доби наградата „цицо“ (за македонски карикатурист). За престижната изложба пристигнале 764 карикатури, стрипови и сатирични цртежи од 229 карикатуристи од 52 држави.

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport