логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 
„УМЕТНОСТ ЗА СИТЕ“

Проектот „Уметност за сите“ влегува во вториот дел од својата реализација и активности планирани за 2019 година. Во оваа фаза, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со аутизам планирани се два настани.

Изложба со наслов „ Пролет, лето, есен, зима... и повторно пролет“
4 април 2019 г, 12:00 ч.
Чифте амам

Аутизмот како во светот така и во нашата земја има епидемиски размери на појавување. Согледувајќи ги актуелните проблеми со кои секојдневно се соочуваат децата со аутизам и нивните семејства како и фактот дека нивниот број секојдневно расте, ние како Национална галерија посветено работиме на унапредување на нивната положба,  гледаме на нивниот успех како успех за сите нас.
Во автентичниот амбиент на Чифте амам беа организирани креативни работилници во кои учествуваа деца од повеќе училишта од Штип и Скопје. Креативноста кај овие деца даде многу разновидни решенија, работејќи и поврзувајќи различни материјали од органско и неорганско потекло, за да на крај произлезе изложбата насловена „ Пролет, лето, есен, зима...и повторно пролет“. Со овој проект Националната галерија го одбележува Меѓународниот ден на лицата со аутизам 2-ри април.
Изложбата ќе ја отвори покровителот на проектот „ Уметност за сите“- амбасадорот на Кралство Холандија во Р.С. Македонија, г-динот Ваутер Пломп и обраќање на координаторот на проектот, Маја Димитрова.
Отворањето на изложбата ќе биде проследено со пригодена музичка точка на која ќе  настапи младиот виолинист Филип Волкан со следнава програма;
•    Германски Танц –В.А.Моцарт
•    Кончертино за виолина и пијано во а-мол –Оскар Ридинг

Изложбата ќе биде поставена до 12 април 2019 год


Трибина со наслов „Културолошка инклузија на лицата со посебни потреби “
5 април 2019 г, 13 30 ч.
Чифте амам
 
Во рамки на проектот „ Уметност за сите “, Националната галерија по втор пат  ќе организира трибина посветена на култоролошките активности на лицата со посебни потреби. Како резултат на долгогодишниот револт од секојдневната дискриминација и маргинализација на лицата со нетипичен развој, една од нашите цели е токму тоа, нивно вклучување во што поголем број на културни активности, а посебно во процесот на создавање на уметност. Ваквите процеси и случувања потребно е системски да се решаваат во заедничка соработка на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образованиее, невладиниот сектор, училиштата, родителите, што ќе овозможи детектирање на проблемите и нивно решавање, но пред се квалитетен живот од најрана возраст.
Националната галерија на Македонија преку организирање на вакви трибини посветени на лица од ранливите категории ја промовира културата на прифаќање и интеграција на истите.
Трибината ќе се одржи во објектот Чифте амам на 5-ти април 2019 год., со почеток во 13:30 часот.  Говорници на трибината ќе бидат:
•    г-ца Мила Царовска, министер за труд и социјална политика
•    државен секретар, Министерство за образование и наука
•    м-р Драги Целевски, државен советник ,Народен правобранител
•    Проф. Ибрахим Беди, Факултет за ликовни уметности, Скопје
•    Проф. Владимир Мартиновски, Катедра за општа и компративна книжевност при Филолошкиот факултет на Универзитетот Св Кирил и Методиј, Скопје
•    Ивана Василевска Петровска, дефектолог, МНЗА
•    д-р Дита Старова Ќерими, директор на Националната Галерија
Говорниците и гостите ќе имаат можност да уживаат во амбиентот на изложбата „ Пролет, лето, есен, зима... и повторно пролет“ изработена од деца со аутизам како и да го погледнат краткото видео снимено во текот на креативните работилници, изработено од Кирил Шентевски.



Поуки од Светите Отци

krusevoexport