логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Икона на Пресвета Богородица "Геронтиса" - за разрешување на секакви материjални тешкотии; при проблеми во сите сфери - семејни, социјални, државни, општествени  



    Чудотворниот лик на Божјата Мајка «Герондиса» се наоѓа во манастирот «Пантократор» на Света Гора. Именувањето на иконата во превод од грчки е «Старица» или «Игуманија». На оваа икона Пресветата Богородица е претставена во цел раст, во молитвена поза. Нејзиниот лик не остава никого рамнодушен и породува кај луѓето, кои се поклонувааат чувство на радост, надеж, утеха и душевен мир.

                                                           

 

Како иконата помага на вас и на вашите ближни

Се смета дека иконата помага за разрешување на многу здравствени проблеми (чир, рак и др.), а исто така помага при бесплодност, како  и на жени при раѓање. Иконата помага на возрасни луѓе и на луѓе во кои се  некоја нужда. Пред неа се молат за добри прилики во работата и учењето.


Молитва пред иконата


    О, Пресвета Госпоѓо, Владичице Богородице! Ти си повишна од сите ангели и архангели, помошничка на натажените, застапница на сиромашните, утешителка на навредените, хранителка на гладните, облека за голите, исцелителка на болните, спасителка на грешните, помош и застапништво за сите христијани. О, Семилостива Госпоѓо, Дево Богородице, Владичице! Издигни нѐ над длабините на гревот, избави нѐ од глад, загуби, од земјотрес и поплава, од оган и меч, од  нападите на непријателите, од погубни ветрови и од смртоносни рани и од секое зло. Дај им Госпоѓо мир и здравје на Твоите слуги и на сите православни христијани и просвети им го умот и срцето и дозволи на грешните Твои слуги да влезат во Царството на Твојот Син и наш Бог: зошто Неговата власт е благословена и препрославена, со безначалниот Негов Отец и Пресветиот и Благ Живототворен Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.
Историја на иконата

    Иконата се наоѓа во соборниот храм на манастирот «Пантократор» во Света Гора. Еднаш, еден возрасен игумен на манастирот Пантократор се разболел и бил во претсмртна агонија. Кога разбрал, дека настапува крајот на неговиот живот, тој посакал да прими причесна и го замолил јеромонахот да побрза со извршувањето на литургијата. Но, јеромонахот не го обрнал потребното внимание  на молбата на својот игумен и не побрзал со службата. Тогаш од иконата која се наоѓала во олтарот чул строг глас на Божјата Мајка, кој му заповедал да ја исполни желбата  и вољата на својот игумен. Поради ова иконата била наречена со името Герондиса (во превод од грчки «Старица»). Иконата е реставрирана и опкована со сребрен опков. На опковот е насликан ќуп од кого се излева масло (елеј), во сеќавање на тоа што по молитвите на игуменот на манстирот пред светата икона се случило чудесно зголемување на маслото во празните манастирски ќупови.



Чудеса на иконата



    За време на нападите на манастирот од сарацените светата икона од нивна страна била фрлена во кладенец, кој се наоѓал во близина на општежитието. По извесно време иконата била најдена по укажување на роднини на еден од сарацените, кој ослепел поради стореното. Иконата била фрлена во кладенецот, и таму останала 80 години. Кога настапил смртниот час на сараценот, во предсмртните свои маки, тој се покајал за безумието и признал, дека праведно е казнет од Божјата Мајка. Веднаш им заповедал на своите домашни, по неговата смрт да отидат на Света Гора и да ја пронајдат таму иконата на Божјата Мајка, која била сокриена од него и неговите другари во кладенецот. Роднините ја исполниле неговта заповед, отишле на Света Гора и го посочиле местото, каде што била фрлена светињата.

    За време на германската окупација на Грција (помеѓу 1941 и 1944), еден од старците во манастирот «Пантократор», отец Евтимиј, додека ја проверувал оставата со продукти за исхрана, установил, дека зејтинот во сите садови се истрошил и немало од каде да се земе ниту за кујната, ниту за кандилата. Тој им соопштил на другите монаси во манастриот и сите заедно започнале горешто да се молат пред иконата «Пресвета Богородица Герондиса». После неколку дни старецот насоне чул глас, кој му велел: «Отче, уште пред залезот на сонцето направи така, сите садови за зејтин да се измиени, бидејќи ќе се погрижам овие денови да донесам зејтин за да ги наполните».Отец Ефтимиј се разбудил и возбуден побрзал да отиде кај својот помошник, за да му порача да ги измие сите садови за зејтин. «Но, отче откаде ќе најдеме толку многу зејтин во сегашнава наша положба?»,- запрашал со недоумица монахот. Но, старeцот настојувал да се направи она што му го кажал, и заедно со него  почнал да ги мие садовите.

    Еднаш, еден монах бил повикан од игуменот на манастирот, кој му наредил да оди во Кареја, и да донесе оттаму некои пари, од кои манастирот многу имал потреба. Монахот знаел, дека треба да се врати колку што може побрзо, уште пред залезот на сонцето, за да не биде исплашен од напади на крадци. Тој го уверил игуменот, дека е подготвен да ја исполни успешно задачата и дека постојано ќе се моли на Божјата Мајка да не му се случи нешто лошо. Но, така се погодиле нештата, што монахот се задоцнил и на враќање веќе било стемнето. Растојанието до манастирот било доста големо, и криело опасности. Тогаш монахот од срце се помолил на Пресвета Богородица да го заштитити.    

    Веднаш до него се појавила жена, облечена како монахиња, која го прашала зошто е тажен. То се зачудил, но, ѝ одговорил, дека е многу загрижен, бидејќи не го послушал игуменот и не се вратил навреме, уште пред да се стемни и сега имало  можност да ги загуби манастирските пари. Тогаш  монахињата го допрела за раката и тој одеднаш се нашол блиску до манастирот, покрај кладенецот, во кои според едно предание разбојници ја фрлиле иконата «Пресвета Богородица Герондиса», за да можат да приграбат повеќе злато и сребро, а потоа кога братството се востановило, монасите ја пронашле неизменета. Монахот им раскажал на браќата во манастирот за чудото, кое што Мајката Божја го извршила со него. Сите монаси слегнале во храмот и упатиле благодарствени молитви кон Пресветата Дева Марија, бидејќи се погрижила за нивниот манастир.
Иконата во Бугарија

    Копија на чудотоворната светогорска икона "Пресвета Богородица-Геронтиса"(Старица) постои во Митрополитскиот храм „Свето Успение Богородчно“ во градот Варна.
 
Ден на почитување

4 април

 

За Преминпортал:

Маја Белева

Лето Господово 2018

 

Друго:



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 323
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 789
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 1026
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…