логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Прашање од Благоја:

 Што се Тропари и каде може да се најдат линкови од нив?

Одговор:


Тропарот е кратка песна, строфа од неколку редови и има голема улога во црковното пеење. Некои мислат дека зборот тропарион доаѓа од тропеа, трофеи, победни знаци и, според нивното мислење, тропарот е песна во која се опева победата на светителот или на било каква идеја. Некои мислат дека пак името го добил од трепо, затоа што тропарот во однос на ирмосот се превртува (тетрапте). Но фактот дека постоеле писатели на тропари уште пред кондаците и ирмосите, сведочи дека тој збор е предеминутив на тропос (што означува музикален начин). Во него во кратки црти се опева животот на светителот и тој е еден од најзначајните делови од службата. А за некој посебен линкна тропари,  не сме информирани  дека постои.

Денес, на празникот на Св. Спасо Радовишки се пее топарот:

sv.SpasoRadoviski.jpg

 Тропар на Св. Спасо Радовишки

Глас осми:

Преку ревноста за верата си се откажал од себе,
и заради  вистината си поднел како бесплотен
потсмевање и камшикување и окови и затвор,
и си го добил венецот на животот, Спасо Блажен.
И сега моли Го Господа, Кој што те овенча,
за да ги спаси душите на оние што те чествуваат.

 

п.п/з.д.

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Јули 04, 2019

Рабиндранат Тагоре:„Погрешно го читаме светот и велиме дека нè залажува.“

Љубовта е еден од најзастапените и најуниверзалните мотиви во сите уметнички облици. Поезијата на Рабиндранат Тагоре, индиски книжевник, филозоф и драматург, е сплетена од стихови кои го докажуваат тоа.Творечкиот опус на овој книжевник го чинат 1000 поеми,…
Јули 02, 2019

Петтата сесија на Охридската школа на природното право

Првата сесија од овој настан ја отвори акад. Владо Камбовски, раководител на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ. Тој ја потенцираше значајноста на овој настан, кој, како што рече, се одржува на истото место каде е основана МАНУ во…

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Мај 18, 2019 Филм, Театар 218
Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков…

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Апр 08, 2019 Друго од култура 429
Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат…

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Мар 28, 2019 Друго од култура 574
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е…