логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Што конкретно пречи во современото општество на востановување на машкото начело? Мене ми се чини дека тоа пред сè е усмерувањето на хедонизам. Основното усмерување на потрошувачкото општество. Ако општеството има потреба од «идеален потрошувач», ако жедта за наслада е во главата на аголот, тогаш во склад со тоа, во човекот со бујни бои расцветува егоизмот, индивидуализмот и инфантилизмот.

„Пет минути“ пред склопувањето на сојуз, потпишаното не се разликува од обична свиткана хартија, но „пет минути подоцна“ ја има силата да ја определи судбината на стотици милиони.
„Пет минути“ пред инаугурацијата на Претседател, човекот е само еден обичен граѓанин без никаква моќ, но „пет минути подоцна“ ја има моќта да ја разреши Владата и да го распушти Парламентот.

Ние со ужас си помислуваме за војната, но многу често сосема спокојно се однесуваме кон оној страшен, бесчовечен мир, којшто ѝ претходи на бурата и крвопролитието. И секој од нас носи одговорност за сите оние страшни работи што се случуваат наоколу; никој да не вели: „Јас сум жртва, јас сум чист, јас само сум подложен на страданија, јас сум сломен од околностите…“ Христијанинот не може да биде сломен од ништо,

Зависта – е страшно зло, полно со лицемерие. Таа ја исполнува вселената со многубројни несреќи. Од оваа болест судовите се полни со обвинети. Од неа произлегува страста за слава и стекнување на моќ; од неа е властољубието и гордоста. Од тука започнуваат патиштата на разбојниците и грабачите

„Најпосле сфатив дека во мене постои голем источник на радост! Постои Христовата благодат, Неговата сила, присуство. Кога се причестувам и Го примам Христа во себе, кога се молам, се допирам до Него. Кога го призивам Неговото име, се обраќам кон Него. Кога ја барам Неговата благодат, Он ме покрива, ги испраќа Своите Ангели.

„Ви благодарам што сте тука. Бидете среќни, слободни, верувајте и останете вечно млади“.

„Чувството на среќа зависи од нас самите. Не станува збор за некаков среќен крај, туку за тоа како ние се однесуваме на патот кон него“.

“Татко ми често купуваше обични производи од сиромашните луѓе по високи цени,иако не му требаа во тој момент.Понекогаш дури и плаќаше повеќе за нив.Заради оваа негова навика го прашав зошто го прави тоа? Тогаш ми одговори:“Тоа е добротворност обвиткана со достоинство, дете мое.”

На сѐ ќе се потсетиме, за сѐ ремајндер ќе вклучиме, за сѐ ќе ни текне, ама за верата наша, за храмот наш, за нашиот православен живот, за нашето бивање и пребивање во Бога, ќе заборавиме… А сѐ ова обратно да биде, нема да биде проблем. Со чиста вера, со чисто срце, со силна вера, со права вера,

Оти, само на малкумината не им грижа ниту за здравје, ниту за среќа, туку да се соединат со Христа преку Причеста и да бидат едно со Него, со сите и со сѐ преку Него. Но, сепак милоста Негова е безмерна и сите ќе нѐ прими, но ќе им се открие само на оние кои Го бараат повеќе од јадење и пиење.

Окото на ФатимаВо околности на серуска* љубов кон сè што е окултно и паранормално, турските амајлии цврсто се вкоренети во Русија, која се покажа како благодатна почва за ваквите појави. Луѓето, изморени од долгогодишниот државен атеизам, започнаа да тежнеат кон верата. За жал, многумина ја достигнале единствено апстрактната „вера во душата“, која создава една каша од езотерични верувања

Да ви кажам и јас нешто деца. Што навистина да правите во една таква црква? Одите рано, наместо да спиете во недела, одите на места каде што мажите стојат од едната, а жените од другата страна, стојат исправени, зборуваат на јазик од кој ништо не разбирате, музиката е сосема различна од онаа на која сте навикнале, излегува некој брадосан човек, држи нешто од кое излегува чад. Е какви се тие работи, што да правите во црквата?

Сте помислиле ли дека темата за значењето или дефиницијата за семејството во текот на историјата никогаш не била предмет на интересирање, мотив за дискусија и анализа? И тоа од причина што до неодамна ниедна идеологија или тоталитарен режим го нема нападнато семејството како што тоа се случува денес.

Гревот значи прекршување на животните закони, воведување неурамнотеженост во животот со одобрение на умот. Ако гревот упорно продолжува, умот се раслабува и не е во состојба да ја задржи растечката неурамнотеженост, која го покорува нашиот животен простор со злокобното сениште на смртта . 

Не губејќи ни минута, отец Константин се упатил кон болното девојче. Исполнувајќи го својот свештенички долг, отец Константин се вратил, зачуден од она што го видел. Тој раскажал, како Даша, приклучена на апарати за вештачко дишење, воопшто не дише сама, не се мрда, притисокот 60/40, лежи како тревка – тенка, бела… А во тоа време Љуба ги молела за молитвена помош сите, кои можела да ги праша.

-Видов, тато! – одговори детето. – Јас сум единец, а тие деца имаат браќа и сестри. Ние пред куќата имаме базен, а тие имаат река во која пливаат и ловат риба. Ние имаме клима уред, а тие само ќе ги отворат прозорците и им доаѓа свежина од дрвјата пред куќата и од реката. Ние за птиците гледаме на телевизија, а кај нив вистински птици им слетуваат на прозорците.

Додека св. Арсениј носел облека во злато исткаена во царскиот двор, никој не го нарекувал Велики. Велики го нарекле тогаш кога безобѕирно целиот се предал во служба на Бога и се облекол во партали.

За да бидеме посилни, треба да помниме дека постојано нѐ очекуваат неочекувани разочарувања, маки кои не можеме да ги предвидиме, страданија, таги што како бура ќе ја снајдат нашата душа, но да сме свесни за неочекуваната радост што како на крилја ќе нѐ вознесе на небо… Страдањето ниско ја наведнува човековата глава, за да може човекот преку него да го познае претстојниот мир и да зајакне.

Кај нас, сепак, кога детето ни влезе во пубертет, почнуваме нови планови за негово покорување – детето сега треба да ми припаѓа уште повеќе, треба да видам што ќе прави со куќата што му ја изградив, како да го опколам со повеќе внимание, треба да го контролирам, да не би случајно да отиде далеку, да не земе некоја девојка која не ја одобрувам. Воопшто, родителите ...

Недела пред БогојавлениеПред јавувањето на Господа пред народот и Неговото совршување на домостројот на нашето спасение, св. Јован Претеча бил испратен за да ги подготви луѓето да Го прифатат. Подготовката се состоела во повик кон покајание. Оттогаш, покајанието станало пат кон нашиот Господ и Спасител, предворје на верата во Него. Самиот Спасител Својата проповед ја започнал со зборовите: „Покајте се и верувајте во Евангелието“.

Пред неколку години во мојот скит престојуваше еден човек, кој живеел спроти Православниот манастир, надвор од Лондон, познат по неговиот основач, Манастирот на Свети Јован Крстител во Есекс. Англичанецот живеел преку улица од манастирот. Но поради забуни од неговата Мајка Црква, тој сакал нешто подуховно, подлабоко…

Отишол во Индија, во Калкута. Студирал на тој колеџ четири години…

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 842
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…