логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Во секој случај, ако ја сфатиме минливоста на сите тие нешта, односно ако погледнеш на сѐ спокојно и си речеш: „Па, добро, колку години ќе живеам? Треба да направам нешто!“ Дури и ако не испадне сѐ онака како што сакаме, можеме да бидеме среќни и со тоа малку. Проблемите се нешто незначително во споредба со она што нѐ очекува после смртта, а исто така и среќата е незначителна ако ја гледаме во контекст на она што се случува после смртта.

rsz_apple-adam-and-eve-graphic-painted

„Пет минути“ пред благословот на свештеникот, на Светата Трпеза имаме „леб“ и „вино“, но „пет минути подоцна“ пред нас се Божественото Тело и Крв на нашиот Господ!
„Пет минути“ пред хиротонијата на епископ, „избраниот“ е сè уште презвитер и не може да ракополага клирици, но „пет минути подоцна“ откако ќе биде хиротонисан на Божествената Литургија, тој ќе може да ракополага презвитери и ѓакони.

Викторијанска естетика

Дури потоа, откако ќе ја побараме, долго време можеби ќе ви изгледа дека не ја добивате таа помош или ја добивате многу малку. Не паѓајте со духот; секој пат кога ќе паднете, барајте прошка, соземете се и направете нов обид. Многу често Бог на почетокот не ја дава самата добродетел, туку сили за нови обиди.

d181d182d0b0d180d0b5d186-d0bfd0b0d0b8d181d0b8d0b9-d0b8-d0b4d0b5d182d0b8
За чувствителниот човек е подобро самиот да загине – за да го заштити својот ближен, отколку да покаже негрижа и кукавичлук, па целиот живот да го мачи грижа на совеста. Еднаш, за време на граѓанската војна, во некоја воена операција бунтовниците нѐ одвоија од селото. Војниците фрлаа коцка за кој да оди во селото да земе некои работи што ни беа потребни. Тогаш им реков: „Јас ќе одам“.

 Злото, омразата како и добрината, нежноста и љубовта доаѓаат од родителите. Какви ќе бидат децата зависи од родителите коишто живеејќи заедно, се љубат еден со друг, или обратно, постојано се препираат. Односот помеѓу сопружниците детето го чувствува уште во утробата на мајката и го впива во себе. Погрешно е да се мисли дека детето седејќи на подот со своите играчки не разбира дека во моментот неговите родители се расправаат.

p.andreas-konanos

Затоа постојано служиме света Литургија, затоа постојано читаме, затоа се молиме постојано, затоа за време на светата Литургија свештениците велат: “пак и пак…“, повторно и повторно. Зошто? Бидејќи сум човек. Како што велат некои – убаво  ги зборуваш овие работи и додека зборуваш, сè е во ред, но кога ќе завршиш, започнува пак истото – ги заборавив твоите зборови. Повторно чекам да те слушнам и потоа пак заборавам.

Човекот е подложен на промени.Злите помисли понекогаш потекнуваат од искушувачот,а понекогаш човек сам од себе има зли помисли.Значи дека искушувачот често предизвикува ситуации во кои,луѓето кои се наклонети кон тоа,произведуваат лоши помисли.Еден архимандрит,кога прв пат дојде во колибата,не стигнав да го примам.

Се сеќавам, еднаш го видов во неговата инвалидска количка на улица. Паѓаше силен дожд. Тој си беше направил привиден мантил од кесите за отпадоци. Му довикнав: „Волтер, ајде внатре! Врне!“ А тој ми одговори: „Бог ме потсетува дека оваа недела не се капев“. И се насмевна. Замислете се вие во оваа ситуација. Сигурно би се прашувале зошто Бог ова ми го прави. А Волтер Му благодареше на Бога за дождот.

gerodas_paisios91

Види, вознемиреноста за себе – е маловерие, а грижата за другите – е сострадание. Вистинското сострадување за човечката болка е пропратено со молитва, а по него следува божествена утеха. Затоа, моли се колку што можеш, а потоа предај сè во рацете Божји и успокој се. Зарем Бог помалку се грижи за Своето создание од тебе? Зошто ти да се грижиш?

Жива православна парорија

Ако сите ние чекаме или бараме реална, чудотворна светост, за околу нејзините нозе да си го најдеме мирот и смисолот на животот, ризикуваме да умреме во состојба на неспокојство и бесмисленост. Животот во нашево време се гради не околу столбови на светоста, туку околу живи парохии во кои средиште е Евхаристијата. Надвор од нејзините граници делува меѓусебна помош и братски односи, кои никнуваат врз темелот на заедничка вера и молитва.

Нужно е да ги разбереме децата дома-домашната црква. Кога децата не се такви, какви што ние сакаме да бидат. Разбери си го малку детето, затоа што е различно, зашто син ти сака да учи едно, а ти нешто друго? Зашто ќерка ти сака да се омажи за еден, а ти сакаш некој друг и за тоа мислиш 6 години? И после се чудиш зашто детето го прави тоа што не го сакаш?

Не знам дали сте мислеле на тоа, што грешката на блудниот син не била во тоа, што го напуштил домот, туку што ја повредил душата на татко си, затоа што не  е ништо толку чудно младиот човек да започне да води самостоен живот. Да не е порнормално да  биде со татко си, додека умре?Да не е тоа природно? Не. Но, треба да го направи тоа, запазувајќи добри односи со татко си, да каже благодарам за тоа, што ми го даде, добив ресурси да го водам мојот живот. 

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес. Нашиот живот би требало да биде среќен, спокоен, радосен и да живееме долги години. Зашто да не? Христос ни го подарил животот, за да живееме во овој свет, да му се насладуваме, да ги видиме Неговите дарови и да ги примиме евхаристиски, т. е. со благодарност, а...

Самиот чин на прекрстување, односно изобразување на Крстот е еден вид на прозба, молба за благослов Божји. Го следиме овој редослед, за да го одразиме давањето благослов од страна на свештеникот. Самиот свештеник, кога благословува, тоа го прави од лево надесно. Оттука, самите верници, за да го одразат свештеничкиот благослов, кој е благослов на Црквата, односно на Христа, истото го прават оддесно налево.

Вистинско чудо е тоа што светот до денес не летнал во воздух. Нека Бог со Својата десница ги заштити луѓето – зашто целиот свет зависи од двајца-тројца луѓе. Судбината на светот е во рацете на неколкумина брливи. Како што вели поговорката: „Коњот коњ удрил, а цркнала кокошката!“ Токму така! Кога ќе завојуваат големите држави, неправда трпат малите сиромашни држави;

rsz_greek-orthodox-wedding

Една од најдеструктивните страни на нашето современие, според моето мислење, е сѐ поголемиот губиток кај луѓето на христијанското сознание на својата персоналност и персоналноста на нашите взаемни односи. Отпаѓајќи од верата во воскресението, осудувајќи се себеси на смрт, подобно на смртта на животните, човештвото се дави во бездната на очајанието.

cloud-confusion

Но, се разбира, кај свештеникот доаѓаат не само оние кои за првпат го пречекоруваат црковниот праг, не само оние кои успеале тешко да паднат и се заплеткале во мрежите на лукавиот. Доаѓаат секако и луѓе, кои одат постојано во црква, кои живеат црковен живот, и кои, би требало, веќе и самите да наоѓаат одговори на многуте прашања кои ги вознемируваат. Но често, за жал, не наоѓаат и затоа го прашуваат пастирот, духовникот. На пример, го прашуваат многу често, пак и пак:


ПОСТОИ само една револуција која јас ќе ја прифатам и ќе ја благословам: револуција на која ќе ѝ  се израдувам.
Тоа е револуцијата  на свеста. Притоа, не било која револуција, туку евангелската.
Евангелската револуција на свеста.
Што  значи тоа?

Голем дел од нив тврдат дека на сон им се прикажало да изградат црква на одредено место да откријат некоја света вода и така затскривајќи се свесно или несвесно зад религијата тие ги мамат луѓето да побараат од нив помош за својата мака, а се разбира, услугите ги наплатуваат.

Ако децата постојано ги фалиш, па уште и без расудување, нив тогаш ги искушува противникот ѓавол. Тој во нив го покренува млинот на егоизмот, а тие, од најраното детство навикнати на пофалби од родителите и учителите, напредуваат, можеби, во писменоста и знаењето, но какво фајде од тоа?
 Во животот ќе влезат како егоисти, а не како христијани. Егоистите никогаш не можат да бидат христијани...

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 823
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…