логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Роден 600 години пред Христа, во селото Анатот, недалеку од Ерусалим. Почна да пророкува во својата петнаесетта година, во времето на царот Јосија. Им пророкуваше за покајание на царот и на неговите големци, на лажните пророци и на свештениците и во времето на овој цар Јосија едвај си ја спаси главата од убиствените раце на огорчените големци. На царот Јоаким му прорече дека неговиот погреб ќе биде како погреб на магаре, т. е. мртов ќе биде исфрлен надвор од Ерусалим и телото долго ќе му се влечка по земјата непогребано. Заради ова Еремија беше фрлен во затвор. Бидејќи во затворот не можеше да пишува, го повика Варух, којшто застана покрај неговото затворско прозорче, а Пророкот почна да му диктира. Кога му го прочитаа ова пророштво на царот, тој гневен ја фрли хартијата во оган. Промислата Божја го спаси Јеремија од затворот, а врз Јоаким се исполни зборот на пророкот. На царот Јехониј, пак, му прорече дека со целото семејство ќе биде одведен во Вавилон и дека ќе умре таму, коешто наскоро и се случи. Под царот Седекија Јеремија си стави јарем на вратот и така одеше по градот Ерусалим, пророкувајќи го со тоа падот на Ерусалим и ропството под јаремот на Вавилонците. На еврејските робови во Вавилон им пишуваше да не се надеваат дека ќе се вратат во Ерусалим, зашто ќе останат во Вавилон седумдесет години - така и беше. Во долината Тотеф, под Ерусалим, каде што Евреите им принесуваа на идолите деца како жртви, Јеремија зеде здрав лонец во рацете, го скрши пред народот, пророкувајќи ја брзата пропаст на Јудејското царство. Наскоро Вавилонците го зазедоа Ерусалим, го убија царот Седекија, го разорија и го ограбија градот, а огромен број Евреи беа заклани во долината Тотеф, на местото каде што пророкот го искрши оној лонец. Јеремија со левитите го зеде кивотот од храмот и го однесе на ридот Нават - каде што умре Мојсеј - и овде го скри во една пештера. Огнот од храмот, пак, го скри во еден длабок бунар. Некои Евреи го принудија да оди со нив во Египет, каде поживеа четири години, а потоа беше од своите сонародници убиен со камења. На Мисирците им прорече дека идолите ќе им бидат разбиени и дека Дева со Младенецот ќе дојде во Мисир. Постои предание дека самиот цар Александар Македонски го посетил гробот на пророкот Јеремија. По наредба од Александар телото на Јеремија е пренесено и со почести погребано во Александрија. (Мисирците речиси го обожавале пророкот Јеремија. Затоа и го погребале како крал. Го сметале за чудотворец и по смртта. Правот од неговиот гроб го земале како лек против каснување од змија. И ден денес мнозина христијани во молитва го повикуваат пророкот Еремија против змии).

Од житијата на пророците се гледа дека службата на пророкот се состои од тоа, да ги објавува пораките Божји, кои нему Бог непосредно му ги открива, да ја чува вистинската вера, да ги изобличува и да ги враќа заблудените на вистинскиот пат. Пророкот Јеремија, кој бил избран уште од мајчината утроба за таа служба, го правел токму тоа, почнувајќи уште во детска возраст со пророкување. Денес оваа служба е благодатно пренесена во Црквата, а им се дава на епископите, свештениците, монасите, кои имаат обврска пред Бога да ја објавуваат Божјата волја, и да го одвраќаат народот од погрешните патишта. Но најчесто тие, како некогаш пророкот Јеремија а и сите други пророци, се погрешно сфаќани од народот. Но неразбирањето не смее да нè поколеба во нашата света служба и мисија. Мораме да зборуваме и да проповедаме гласно, „од покривите“ како што се вели во Светото Евангелие, и да кажеме зошто ни се случуваат толку несреќи, сиромаштија, болести, смртни случаи, понижувања, закани од друговерни народи, закани од војни и поробување. Како и во времето на пророкот Јеремија, но и пред и по него, постојано како причина за сите овие наведени појави е токму нашето бегање и оддалечување од Бога и нашето застранување од вистинскиот пат. Бог, како наш вистински чедољубив родител на различни начини нè воспитува: некогаш со пофалби, некогаш со награди, некогаш со благи казни, но некогаш и со посилни казни – удари, особено тогаш кога упорно не го слушаме и живееме и правиме сè по свое, иако тоа е на наша штета. Затоа Бог, грижејќи се за нас, ги употребува сите воспитни мерки за да направи од нас вистински луѓе, народ свет, народ Божји, народ избран, народ црковен. Он прави сè со цел да нè привлече онаму каде што припаѓаме, во Неговите родителски прегратки, во мајчинските прегратки на нашата Света Православна Црква. Кога ни е арно, кога сме здрави и сè ни врво добро и благословено, вообичаено е да се успиеме во духовен сон, и да заборавиме на Оној Кој ни го дал сето тоа. Но, наспроти ова, пак, кога имаме маки, таги, болести, војни, непријателски напади, закани, сиромаштија, несреќи – е тогаш сите се будиме и отрезнуваме од духовната заспаност и започнуваме да Го бараме Бога. Истото ни се случува и нам денес во Македонија, во земјата која изобилува не само со природни убавини, туку и со многу свети цркви и манастири. Нашиот народ, во изминативе неколку децении се излага и плукна по Светата Црква, по клирот, му сврте грб на Бога, но и набрзо ги вкуси горчливите плодови на ова богоотпадништво. Еден современ светител вели дека Бог ги испраќа муслиманите во христијански земји, та како камшик да ги вразумат отпаднатите христијани и да ги вратат онаму каде што припаѓаат – во Светата Црква. Не смееме повеќе да се оправдуваме себеси секогаш и за сè, и да се гледаме исклучиво како невини жртви. Виновни сме самите за сето она што ни се случува, но исто така, од нас зависи и нашата иднина, и нашиот напредок. Не можеме да имаме здрава и силна држава ако постојано ги злословиме оние кои се на власт. Како ќе имаме здрава, силна и признаена Црква, кога самите ние не си ја признаваме, не ја цениме и не ја вреднуваме како што доликува? Со навреди, клевети и разни неосновани обвинувања ли ќе им помогнеме на епископите и свештениците да раководат и да ја градат Црквата – Телото Христово? Во ектениите кои се кажуваат на секое богослужение се молиме за власта, за локалниот епископ, за клирот, монаштвото, за сиот народ, за христољубивата војска итн. И токму тоа е начинот на кој можеме да помогнеме во изградувањето и напредокот на државата и Црквата – со молитви за оние кои ја раководат Црквата и државата, но и со нашиот личен труд и чесно работење. Само тогаш, кога ќе изградиме правилен однос кон световната и духовната власт, тогаш нашиот труд ќе биде од Бога благословен, а Црквата и државата ќе напредуваат.

Да ни даде Бог освестување и отрезнување, да си ги видиме нашите гревови и грешки, и да се покаеме за нашите гревови, поради кои и страдаме. Бог е милостив и грижлив родител, и ќе ни помогне да ја изградуваме Црквата и државата за доброто на сите нас.

Бог да ни даде мудрост и сила но и да ги благослови сите оние кои се трудат и чесно работат за доброто на Светата Црква и за напредок и стабилност на нашата држава. Амин.

 

†Митрополит Повардарски г. Агатангел

(Предговор на стрипот за пророкот Еремија  )

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 505
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Духовниот живот не се состои од некакво израмнување на нашите сметки со Бога. Зашто, она што е содржина на нашата побожност, не треба да го извршуваме затоа што тоа така...

Митрополит Струмички Наум:  На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Митрополит Струмички Наум: На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Деца, разните страдања, при градењето на личносниот однос со Бог, нема да нѐ одминат; ако не поради недоволниот подвиг, тогаш секако поради нашата грешност и суета. Бог најубаво, наместо нас,...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

БEСEДА  за Oтeцoт и Синoт

БEСEДА за Oтeцoт и Синoт

 Физичкиoт свeт би бил сиoт вo тeмнина да нe e свeтлината oд Сoнцeтo. А духoвниoт и мoралниoт свeт, и сиoт чoвeчки живoт, би бил тeмнина, акo нe e свeтлината штo...

Фејсбук православие (07.03.2020)

Фејсбук православие (07.03.2020)

На пример, оној кој нема барем просветлување на умот не може јавно да се занимава со световни теми, а никако, пак, со сложени теолошки теми. Световни теми се: политика, туѓи...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

 Христос рекол: “Кога ќе пријде Синот Човечки во славата своја и сите свети ангели со него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, и ќе се соберат пред Него...

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

Така им рeкoл Сeзнајниoт Гoспoд на Eврeитe: “Виe судитe пo тeлo”, бидeјќи тиe фатилe вo прeљуба eдна жeна и сакалe да ја камeнуваат заради тeлeсниoт грeв. Нo Гoспoд ја сoглeдал...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

« »