логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Bogorodica.Drzavnaja.jpg
(се празнува на 02/15 март)

На 15 март 2001 година во Москва бил осветен домашен храм на Руското дворско општество, посветен на иконата на Божјата Мајка „Державнаја“ (од „держава“, руски – златна топка со крст, еден од симболите на царската власт).
Потомците на дворскиот ред на Русија паднале молитвено пред „Державнаја“ Богородица со голема надеж дека знаците на врховна власт – скиптарот и златната топка со крст, коишто Пречистата ги држи во Своите раце – по Божја милост одново ќе бидат врачени на законскиот државен поглавар кога ќе го отфрлиме безбожништвото не само надворешно, туку и од нашето срце, кога ќе се покаеме, ќе се очистиме од осквернетост и кога духовно одново ќе се соединиме со онаа голема, преславна земја којашто нашите предци ја создавале, укрепувале, украсувале и заштитувале.
Иконата на Божјата Мајка „Державнаја“се јавила на православниот народ на 2 март по стар стил (15 март по нов стил) 1917 година – во денот во кој императорот Николај II го оставил престолот и отишол во селото Коломенское, блиску до Москва. Небесната Царица на оваа Нејзина икона е претставена како земна Царица Којашто седи на царски трон, облечена во царска багреница, со знаци на царска власт: круна, скиптар и златна топка со крст во рацете. Оттука произлегува и името на иконата.
Историјата на нејзиното откривање е едноставна и прекрасна. Таинствен глас на сон í кажал на селанката Евдокија Андрианова од селцето Перерв, коешто се наоѓа точно наспроти Коломенское, на спротивниот брег на реката Москва:
- Во селото Коломенское има голема црна икона. Треба да се земе и да се направи да биде црвена. И нека се молат пред неа.
И на Евдокија í се прикажал прекрасен бел храм, а во него – прекрасна икона на Пречистата.
Селанката отишла во Коломенское и во црквата „Вознесение Господово“, устрелена угоре над брегот на реката Москва, веднаш го препознала белиот храм од сонот. Откако го ислушал расказот на Евдокија, старешината на храмот - отецот Николај Лихачов í ги покажал сите стари икони од храмовиот иконостас, но среде нив не се наоѓала иконата за којашто соопштил ноќниот глас. По долго барање во подрумот, одвај пронашле една стара црна штица. Штом ја измиле, пред вчудовидените сведоци светнал светлиот образ на Богородица. Во нејзиниот скут бил Младенецот Кој благословува, на нејзините рамена – багреница, чиниш напоена со маченичка крв, на главата – круна, украсена со дијамантските солзи на руските новомаченици.
Чудесното јавување на оваа икона точно за време на трагичните денови во пролет, 1917 година, не може да се протолкува поинаку освен како специјална милост на Пречистата кон руската земја. Небесната Покровителка привремено ги зела во рацете симболите на власта над Русија, отпаднати од рацете на законскиот државен поглавар.

Тропар, глас 4

Ангелските ликови со стравопочит Ти служат, и сите Небесни Сили со гласови коишто не замолкнуваат Те ублажуваат, Богородице Дево, усрдно Те молиме, Владичице: Божествената благодат да почива на чесната Твоја "Державнаја" икона и светозарниот зрак од Твојата слава и Твоите чудеса да ги огрева сите, коишто со вера Ти се молат и викаат кон Бога Алилуја.

Bogorodica.Drzavnaja.jpg

Молитва

О, Застапнице за светот, Севоспевана Мајко! Како што паѓаме коленопреклоно со страв, вера и љубов пред Твојата "Державнаја" икона, усрдно Те молиме: не одвраќај го Твоето лице од оние коишто прибегнуваат кон Тебе. Измоли, милосрдна Мајко на Светлината, од Твојот Син и наш Бог, Преслаткиот Господ Исус Христос, да ја запази во мир нашата земја, да ја утврди нашата држава во спокој и да нî избави од меѓусебни расправии, да ја укрепи нашата Света Православна Црква и да ја запази од безверие, раскол и ереси. Бидејќи немаме друга помош, освен Тебе, Пречиста Дево; Ти си сесилна Застапница на христијаните пред Бога и го омекнуваш Неговиот справедлив гнев. Избави ги сите, коишто Ти се молат со вера, од гревовни паѓања, од подмолност на лошите луѓе, од глад, таги и болести. Подари ни дух на скрушеност, смирение на срцето, чистота на помислите, поправање на нашиот гревовен живот и прошка на нашите согрешенија, та сите, воспевајќи го со благодарност Твоето величие, да бидеме удостоени со Небесното Царство и таму заедно со сите светии да го прославиме пречесното и великолепно име на прославениот во Троица Бог, Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин.


Подготви: Марија Влаќеска



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1205
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1746
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1164
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на...

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Во денешното евангелско четиво (Марко 6, 14–29) ни се открива кои се главните човекови страсти и какви се нивните основни меѓусебни влијанија во нас самите. Страста е болна – до...

Постои ли вистински авторитет за младите?

Постои ли вистински авторитет за младите?

Мислам дека кризата на авторитетот, мили мои, денес е најголемиот проблем во нашево совремие. Погледнете што се случува насекаде околу нас. Сите авторитети се разрушени, сè е така нихилистички релативизирано....

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Како може животот покрај Христос за некој да биде извор на страдање и извор на тага? Како може на монахот животот во манастирот да му биде извор на страдање, извор...

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

Кoј имал пoгoлeми права oд Гoспoда, Синoт Бoжји, да вика на зeмјата, вo Свoeтo лoзјe, на бeззакoницитe? Кoј имал пoгoлeми права да ги наврeдува грeшницитe кoи Гo наврeдуваа Бoга и...

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

“Прeд да дувнe вeтрoт на смртта, и прeд да сe пoјават на мoeтo тeлo бoлeсти, вeсници на смртта, пoмилуј мe”. “Прeд да зајдe вeличeствeнoтo сoнцe на висoчината за мeнe, пoмилуј...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

На ничиј живот немаме право да носиме суд, ниту пак, такво нешто примивме во Црквата од апостолите и од учењето на Светите отци. И сржта на нашиот подвижнички живот –...

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Според светите отци на Црквата, едно вакво целовечерно стоење во молитва и во благодарност кон Бога, заменува цел четириесетдневен пост – се разбира, доколку човек се подвизува во будноста, трезвеноумието...

« »