логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Епископ  Велички Гаврил Светогорец

 

ЧУДО 17.
За прогонувањето на ѓаволите со името на света Богородица

ilijana.ivica6.jpg
Во некое село, наречено Вуне, имало еден поп по име Петар, кој бил зол и грешен човек и поради многубројните зли дела го обесиле пред неговмот дом. Трј имал една блудница по име Аглаида. Таа кога видела како го обесуваат нејзиниот љубовник, многу се уплашила, го оставила световниот живот, отишла во еден манастир и се замонашила. По неколку дена, кога седела во својата ќелија, станала и се исправила пред прозорецот за да погледне надвор и видела на полето при еден кладенец како стои еден ѓавол, кој личел на момче. Гаволот штом ја видел, се стрчал да ја фати. Таа се исплашила и паднала назад, па со главата удрила во ѕидот. Кога го виделе тоа сестрите, се собрале и ја кренале како мртва и ја ставиле на постела. По малку време, пак се јавил ѓаволот и и рекол: „Љубезна моја Аглаидо, какво зло ти направив та ме остави? Јас ти донесував се што сакаше, а ти ме остави. Врати се во светот и ќе ти дадам маж богат и се што ќе побараш. Немој овде да седиш, безумнице, да умреш безвреме, постејќи и измачувајќи се". Таа му рекла: „Да се иставиш одовде, ѓаволу, ти мразиш се што е Божјо. Јас веќе нема да го правам тоа што сакаш ти, но ќе плачам за првите свои гревови зашто сум те слушала како безумна".

Тоа го рекла и ѓаволот се изгубил. Но наскоро пак дошол и не ја оставал на мира. Тогаш монасите и рекле во ќелијата да има светена вода, па ѓаволот штом ќе дојде, да го попрска и да се прекрсти. Таа направила така и ѓаволот исчезнал, но по малку време пак дошол. Тогаш една од сестрите, која била повеќе духовна, и рекла кога ќе дојде ѓаволот, да го спомене името на пресвета Богородица и да чита: „Богородице Дево, радувај се...". Тоа кога го направила Аглаида, ѓаволот побегнал и веќе не дошол. Па така, Аглаида се прилепила кон Мајката Божја и живеела богоугодно, во покајание и исповедување додека не се претставила во Господа.



ЧУДО 18.
Чудо слично на претходното

Во еден женски манастир имало една монахиња, која живеела богоугодно и го измачувала телото со многу постење, малку спиење и слично. Лукавиот демон многупати ја лажел. И се јавувал како светол ангел, доаѓал секоја ноќ и говорел со неа. Еднаш, кога се исповедала, духовникот ја прашал дали живее монашки, а таа му одговорила: „Со помош на твоите молитви, живеам добро, чесен оче". Кога чул таков горделив одговор, духовникот многу се натажил, па и рекол: „Уште еднаш така да не си одговорила, па макар да си правела се најдобро". Монахињата рекла: „Да знаеш, оче, дека од небото слегува ангел, со кого разговарам, па затоа ти одговорив така". А духовникот на тоа и рекол: „Црниот и темен ангел има обичај да се преобразува во светол. Поради тоа, кога ќе дојде тој ангел да те посети, прочитај ја молитвата Богородице Дево, радувај се... и, ако е ангел, ќе остане додека ја дочиташ до крај, ако, пак, побегне, тој е ѓаволот, кој има цел да ти напакости и да ти донесе големо зло".

Таа ги послушала добрите совети на духовникот и кога и дошол ѓаволот во вид на ангел, таа почнала да чита: „Богородице Дево, радувај се..." и тој исчезнал како чад. Кога тоа го видела монахињата, се растреперила од страв и се разболела, така што по долго време одвај оздравела.

Секој да знае дека штом некому му дојде некое зло од ѓаволот, или од телесни или од световни искушенија, не треба да бара други лекарства, освен да се моли на Господа на нашиот Исус Христос и на света Богородица. Тие две имиња се најмоќно оружје на христијаните и секој е должен да ги има за да ги победува сите видливи и невидливи непријатели.

(Продолжува)

 

 

 Посети:{moshits}

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…
Ноември 12, 2019

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот, страстите и себичната волја) на Крстот и Гробот Христов за да можат да воскреснат со Него и „да одат во обновеноста на животот“ (Рим. 6, 4).Ова е дејството на покајанието…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 131
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 298
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Митрополит Струмички Наум - Последна надеж за спасение

Ное 04, 2019 Беседи 182
Uspenie.Bogorodica.jpg
Она нѐ научи Кој Е смислата на нашиот живот. Она нѐ научи Кој Е вистинска љубов. Она нѐ…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Следствено, грев е човек да биде острастен кон материјалните нешта, кон земните блага, кои се минливи и му се дадени на човека да му послужат за добро, а не тој...

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

 Бог Го покажа Своето човекољубие не со евтини слова, но со принесувањето на Својот Син. Христос се појави во светот, со низа конкретни дела на љубовта. Првото дело е наклонетоста...

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Посебно по воплотувањето Христово и Неговиот Домострој на нашето спасение, ѓаволот станува како играчка со која малите деца си играат (свети Атанасиј Велики) или како спаринг-партнер за оние што се...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата  поради Бог !

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата поради Бог !

Денес, драги мои пријатели, поученоста од животот на старозаветните праведници ме наведува со вас да зборувам за верата. Имено, нивната големина е одредена само со верата, точно живата и дејствителна...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:  „Епископот седи на место и во обличје Христово“

Викарен Епископ Јаков Стобиски: „Епископот седи на место и во обличје Христово“

 Епископот не станува Епископ поради некаква своја заслуга, туку исклучиво по благоволение Божјо, во послушание кон Светиот Архиерејски Синод, поради молитвите, и најважно од сѐ, заради потребите на Црквата. Затоа,...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

 Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

Грeвoт избeзумува, грeвoт oбeзглавува. Чoвeк пoтoнат вo грeвoви и вo пoрoци сличeн e на кoкoшка, чија глава e oтсeчeна, та умирајќи грчeвитo прeта и скoка ваму-таму. Цeлиoт нeзнабoжeчки свeт прeд...

« »