логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Епископ  Велички Гаврил Светогорец

Bogorodica.refleksi.jpgЧУДО 4.
За чудото што станало во една црква на пресвета Богородица, наречена „Иеорија"

За време на православните цареви Михаил и света Теодора, во Цариград имало некој судија по име Антониј, кој во својот двор имал црква посветена на пресвета Богородица, во месноста именувана „Иеорија". Во тоа време имало цареви што не ги почитувале светите икони и кога ја ограбиле оваа црква, како и другите цркви, ги исфрлиле од неа сите свети икони, а оставиле само еден крст што го заковале на ѕидот.

Подоцна, кога пак завладеало православно христијанство, истиот човек одново ја украсил својата црква со свети икони и со други украси и направил бања при црквата. Додека бил жив тој човек, ја чувал и ја украсувал црквата, а особено бањата што покажувала лековито дејство на оние што се миеле со чиста и цврста вера. Но кога умрел Антониј, бањата запустела и многу од мермерните плочи се разнесле, немајќи кој да се грижи за неа. Црквата му била доверена на еден свештеник да ја чува. Гледајќи ги многубројните чуда што ги правела света Богородица, тој со големо стравопочитување служел во неа. Исто така, многумина од луѓето ја почитувале таа црква и му помагале на свештеникот во се.

По малку време, кога царот Роман во својот дворец почнал да прави бања и барал убав мермер, му рекле дека во црковната бања има добар мермер. Царот заповедал да ја растурат таа бања и материјалот да го донесат за неговата. Меѓутоа, пресвета Богородица, која ја чувала својата црква, не одобрила да се растури нејзиниот дом, па му се јавила на мајсторот Нестор и му рекла: „Внимавај, да не извадиш ниеден камен од мојата црква Иеорија, оти страшно ќе те накажам". Мајсторот, кога го чул тоа, му кажал на царот. А тој, бидејќи вистински православен христијанин, се согласил дека не треба да ја разгневува света Богородица, но решил уште повеќе да го украси нејзиниот храм и бањата. Царот останал на својот збор: ја направил бањата и донесол повеќе вода. Потоа, откако се измиле царевите Роман, Христофор и Константин, тие издале царски повелби со златни царски печати, потпишани своерачно од нив, да се дава секоја година одредена помош за одржување и украсување на црквата.

Бидејќи света Богородица направила таму многубројни чуда, нема да е излишно, ако споменеме макар едно од нив.
Имено, некоја богата и видна жена тешко се разболела. Снагата и отекла. Толку непријатна миризба се ширела од неа што не можело да се трпи. Таа сиот свој имот го потрошила по лекари, но не можеле да и помогнат. Тогаш се сетила дека света Богородица прави чуда во црквата „Иеорија", па отишла таму. Седела повеќе денови, но не оздравела зашто Бог сака да имаме многу трпение и затоа не ни помага веднаш. Кога видела жената дека не може да оздрави, отишла во Влахернската црква и таму паднала на земја, се молела со солзи и говорела: „Помилуј ме, Мајко Божја! Немам помош од други, а само тебе те имам за помошничка и при тебе идам".

Така молејќи се од срце, во деветтиот ден видела една многу светла жена, која и рекла: „Што ти е, жено, та викаш и не престануваш да ми додеваш?!" А таа рекла: „Знам, Владичице моја, знам дека поради моите гревови се измачувам. Но, знам и тоа дека поради нас грешните се роди од тебе Синот Божји и стана совршен човек, па заради тоа јас бедната доаѓам при тебе ти да ме помилуваш и да ме излекуваш". На тоа светата Владичица и одговорила: „Оди во мојата црква Иеорија и таму ќе се излекуваш". Кога се разбудила болната жена, Му благодарила на Бога и отишла повторно во црквата „Иеорија". Таму и се молела на пресвета Богородица да и дарува здравје, како што и ветила.

Откако задремала малку, Ја видела пак света Богородица со еден смиреномудар и убав маж, на кого му рекла: „Раскини ја папката на таа болна жена!" Тој удрил со стапот по нејзиното срце, од што жената се разбудила и познала дека тоа е од Бога. Тогаш од нејзината утроба истекло многу смрдлив гној. Поради тоа многу Му благодарела на Бога и на Небесната Царица, на Нејзината помошничка, на која ние треба да и се молиме за да не помилува и да не удостои за небесното блаженство. Амин.

ЧУДО 5.
За слепиот, на кого му се отвориле очите од чудотворната вода на пресвета Богородица

Во Цариград имало еден војник, по име Лав, кој бил милостив и добродетелен и за неговата добрина Бог го удостоил да стане цар.
Еднаш кога случајно минувал низ една шумичка близу Цариград, нашол еден слеп човек, кој, од многу одење по врелото сонце, се истоштил и ожеднал за вода. Кога Лав го видел во таква состојба, многу се сожалил, го фатил за рака и тргнале низ шумичката да бараат вода. Меѓутоа, откако пооделе малку, слепиот, крајно истоштен, паднал и не можел да стане поради жед. Тогаш Лав го оставил и одел по шумичката да бара вода, но, бидејќи не можел да најде, многу се натажил, плашејќи се да не умре слепиот за вода.

Во таа тажна состојба, Лав чул глас кој му велел: „Не вознемирувај се, Лаве, близу до тебе има вода. Напој го слепиот од неа, а потоа измиј му ги очите и ќе ја познаеш мојата сила. Воедно да знаеш дека ти ќе станеш цар, но тогаш да не ме заборавиш, туку овде да ми направиш црква за да седам во неа. И тие што бараат помош, нека доаѓаат во црквата за да најдат телесно здравје и душевно спасение".

Кога го чул тоа Лав, многу се израдувал затоа што барал едно, а нашол друго, многу повеќе. Потоа, откако направил неколку чекори, нашол вода во еден кладенец. Кога се напил од неа, сетил голема радост и сила во себе. Налеал од водата, па го напоил и слепиот и му ги измил очите како што му рекла света Богородица; во тој час слепиот прогледал и го фалел Бога.

По кусо време, Лав бил избран за цар. Направил црква во чест на света Богородица на местото каде што ја нашол чудотворната вода и ја нарекол „Животворен источник". Од оваа вода не само тој слеп што се излекувал, туку станувале многубројни чуда, а и денес стануваат. И тоа не само христијаните, туку и мнозина неверници нашле лек од неа. Таа вода не само што лекува болести, но и мртви воскреснува, како што ќе видиме во следните чуда.

ЧУДО 6.
За премудриот цар Лав

Жената на премудриот Лав, која се викала Теофана, била праведна, правела многубројни добри дела. Кога била уште жива царот паднал во тешка болест, од која многу се измачувал и бил дури пред смрт. Сите градски лекари се собрале, но не можеле да му помогнат. Најпосле рекле дека ќе умре и нарачале да го приготват за смрт. Блажената царица кога видела дека ниеден лекар не може да го излекува, побарала помош од небесниот Лекар.

Таа се затворила во својата соба, паднала пред иконата на пресвета Богородица и се молела, со солзи и со чиста вера, да се продолжи животот на нејзиниот маж додека порасне нивниот син Константин за да не остане царството без управител и да пропадне.

Молејќи се Теофана на Небесната Царица, чула глас од небото, кој и говорел: „Не жали, Теофано, денес ќе дојде лековита билка од која ќе оздраве твојот маж". Кога го чула ова царицата, многу се израдувала и веднаш отишла при болниот, кого го нашла на умирање, а лекарите решиле да го секцираат. Штом дошла таа, им рекла: „Оставете го, сега ќе дојде друг лекар што ќе го излекува".

По малку време, откако веќе мислеле дека царот умрел, виделе една монахиња, по име Агапија, како иде со брзање. Таа седела во црквата при чудотворната вода, од која донесла и и рекла на царицата: „Кога отидов утринава да ја метам црквата Богородична, чув како некој ме вика и ми рече: „Агапие, земи вода од мојот кладенец и веднаш однеси му на царот да се напие за да оздравее, оти за него се моли царицата со солзи ".
Тогаш царицата ја зела водата, му ставила од неа во устата на болниот и тој веднаш се освестил и станал од постелата сосема здрав. На тоа ненадејно чудо сите се восхитувале. Тогаш царот од голема радост наредил да се устрои торжествен празник во чест на големата милост што ја покажала кон него пресвета Богородица; на Неа за пофалба и слава од сите нас. Амин.


ЧУДО 7.
За еден човек што оживеал од чудотворната вода, наречена „Балаклија"

Некој богат човек, кој имал цврста вера и страв Божји, тргнал од Солун да оди кај водата спомената во чудото бр. 6, преку која света Богородица правела големи чуда. Тој многу сакал да пие од таа вода за да му се освети душата.

И така, земајќи со себе многу пари, за да може да троши и да дава на сиромаси, влегол во коработ и тргнал на поклонение. По пат тој се разболел толку што бил пред умирање. Кога видел дека ќе умре, му рекол на еден од бродарите: „Чувствувам дека не сум достоен да се поклонам на таа Богородична црква, ниту да пијам од светата вода, бидејќи моите гревови не ми допуштаат жив таму да отидам. Но, те заколнувам во името на пресвета Богородица да не ме фрлиш во морето, туку да ме ставиш во еден ковчег и да ме погребеш кај таа света црква; уверен сум дека света Богородица за тоа ќе те награди. Од моја страна јас ти давам сто жолтици, а другите да ги ставиш во црквата за спасение на мојата душа". Откако тоа го рекол, умрел.

По три дена, коработ стигнал во Цариград. Го изнесле умрениот и повикале свештеници да го опеат според христијанскиот обред. Откако го опеале, свештеникот го отворил ковчегот и видел дека не мириса како други умрени. Потоа го посипале крстовидно со земја, говорејќи:

„Господна земја..."1 За тоа време еден од бродарите залеал вода од Животворниот извор и кога дошол кај умрениот, рекол: „О сиромав човече! Колку многу си сакал да пиеш од оваа света вода и не си се удостоил, барем сега да те попрскам со неа" - и ја истурил водата врз него. И ете, славно чудо на Божјата Мајка! Мртвиот веднаш оживеал, седнал во ковчегот и почнал да го слави Бога идаи благодари на пресвета Богородица. Сите што биле таму се восхитиле од тоа чудо, а посебно бродарите, кои виделе како умрел и во четвртиот ден воскреснал, слично на четиридневниот Лазар.
Човекот што воскреснал од таа вода и бил многу благодарен на пресвета Богородица и останал таму да служи до крајот на својот живот, примајќи монашки чин и правејќи многу добрини. Мнозина го прашувале што видел на оној свет, но тој не им одговорал ништо, туку само велел: „Трудете се, браќа, да се спасите".


Потоа тој поживеал уште дваесетина години богоугодно и добродетелно додека не се упокоил во Господа.


1. „Господова е земјата, и она што ја исполнува, вселената и сите што живеат на неа" - Последната молитва што ја кажува свештеникот кога покојникот се положува во земјата.
 

ЧУДО 8.
За свети Роман Слаткопевец, кој пишувал кондаци

Свети Роман бил родум од градот Одеса. Го оставил родниот град, па отишол во Цариград и се настанил во еден манастир што се викал „Кора". Имал обичај честопати да оди во Влахернската црква на пресвета Богородица и стоел по цели ноќи на молитва, бидејќи бил премногу добродетелен и богобојажлив човек. Најмногу одел на големите празници, кога што останувал по цела ноќ и Му се молел на Бога. За тоа се удостоил да прими голем дар од пресвета Богородица.

Еднаш кога бил на Рождеството Христово во Влахернската црква, каде што, според навиката, стоел цела ноќ на бдение, од многу труд задремал и Ја видел Света Богородица како држи во раката една книга и му рекла: „Отвори ја устата и голтни го овој дар што ти го давам". Тој ја отворил устата и ја проголтал книгата. Утрината, кога отишол пак во црквата, се качил на амвонот и почнал да го пее со многу силен и сладок глас кондакот: „Дјева днес Пресуштественаго раждает..."2 Пеел така слатко и умилно што сите дознале дека тоа е дар од Бога. Потоа Роман напишал многу кондаци за Господските празници и за други светии.

Со таков дар се удостоил чудниот Роман, кој порано бил многу тап за учење. Оттогаш му се просветил разумот од дарбата што ја примил од пресвета Богородица. Со нејзината благодат и ние да се удостоиме да примиме вечно блаженство. Амин.


2. „Дева денес Го раѓа Оној што постоел од секогаш и земјата на Недостапниот пештера Му принесува. Ангелите со пастирите Го прославуваат, а мудреците со ѕвездите патуваат, зашто заради нас се роди Дете младо, Превечниот Бог" - кондак на Божик.
ЧУДО 9.
За свети Григориј Чудотворец, архиепископ Неокесариски
На 17 ноември црквата го празнува споменот на свети Григориј Чудотворец. Тој прво живеел во гората (манастир), каде што во пост и молитви го поминувал времето. Потоа, поради благочестивиот и подвижнички живот бил избран за владика. Кога стапил на архиепископскиот престол, многу се трудел и со ревност ја поучувал својата паства. Во неговото житие пишува дека правел многу чуда.
Тој свет маж имал обичај секоја ноќ да се моли во својот дом. Еднаш кога се молел, собата му засветела со чудна Божја светлина и видел една многу убава жена, придружена со еден миловиден старец. Свети Григориј многу се зачудил и мислел дали не е тоа Небесната царица; но не можел да ја познае додека не чул глас како му зборува: „Јоване евангелисту! Ти што си многу возљубен од Мојот Син и Владика, и кој си наречен Богослов, покажи ја чисто и вистинито тајната на вистинската вера на овој верен пастир за да ги разбере правилно сите богословски вистини, за да не го победуваат неверниците". Кога го чул тоа свети Григориј, разбрал дека старецот бил свети Јован Богослов и дека дошле при него да го упатат во тајните на православната христијанска вера за да им проповеда на луѓето, зашто во тоа време имало многу еретици кои им правеле големи пакости на христијаните, одвраќајќи ги сосила од православната вера. Тогаш тој свет и голем чудотворец напишал за таинството на Светата Троица како го научиле свети Јован и света Богородица. Во неговото житие се вели дека не само тој дар што го примил од света Богородица, но од Неа примил сила да прави и други славни чуда, од кои многу се восхитувале оние што ги виделе или чуле за нив.
Кој сака да знае поопширно за тие негови чуда, нека го прочита неговото житие, од кое ќе има голема корист. Овде споменавме само едно од нив, за осведочување колку дарови примаат од Бога оние што чисто и правилно го исполнуваат Божјиот закон и кои Ја почитуваат иисе молат на пресвета Богородица. Амин.

 

(Продолжува)

Друго:

 

 

Посети: {moshits}

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1216
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1761
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1173
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на...

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Во денешното евангелско четиво (Марко 6, 14–29) ни се открива кои се главните човекови страсти и какви се нивните основни меѓусебни влијанија во нас самите. Страста е болна – до...

Постои ли вистински авторитет за младите?

Постои ли вистински авторитет за младите?

Мислам дека кризата на авторитетот, мили мои, денес е најголемиот проблем во нашево совремие. Погледнете што се случува насекаде околу нас. Сите авторитети се разрушени, сè е така нихилистички релативизирано....

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Како може животот покрај Христос за некој да биде извор на страдање и извор на тага? Како може на монахот животот во манастирот да му биде извор на страдање, извор...

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

Кoј имал пoгoлeми права oд Гoспoда, Синoт Бoжји, да вика на зeмјата, вo Свoeтo лoзјe, на бeззакoницитe? Кoј имал пoгoлeми права да ги наврeдува грeшницитe кoи Гo наврeдуваа Бoга и...

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

“Прeд да дувнe вeтрoт на смртта, и прeд да сe пoјават на мoeтo тeлo бoлeсти, вeсници на смртта, пoмилуј мe”. “Прeд да зајдe вeличeствeнoтo сoнцe на висoчината за мeнe, пoмилуј...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

На ничиј живот немаме право да носиме суд, ниту пак, такво нешто примивме во Црквата од апостолите и од учењето на Светите отци. И сржта на нашиот подвижнички живот –...

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Според светите отци на Црквата, едно вакво целовечерно стоење во молитва и во благодарност кон Бога, заменува цел четириесетдневен пост – се разбира, доколку човек се подвизува во будноста, трезвеноумието...

« »