логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Ново чудо на Св. Јован Руски

9 јуни 2015 лето Господово

Околу два часа Константин Полихрониу, висок државен службеник, со плач се молеше пред Светителот. Беше влезен во храмот по пижами, привлекувајќи им го вниманието на сите. Еден свештеник го повика и праша зошто толку долго плачеше и зошто не е облечен прописно.
„Простете, отче,“ одговори и продолжи, „многу ми помогна овој Светител, овој велик и чудотворен лекар кому му служите.

Повеќе од десет години не можев да застанам исправен како што ме гледате сега. Цела година боледував од тешко оштетување на нервниот систем и таа болест ме доведе до таков инвалидитет, што го изгубив работното место, па бев принуден да земам предвремена пензија. На крај бев примен во болница, бидејќи после втората година достигнав до 80% на парализа во долните екстремитети. Парализата, заедно со тешката психичка состојба, поради ненадејното запирање со активен живот ме доведоа до очај, скоро до смрт.

Утрово, во болница дојде да ме посети мојата сопруга и ме најде како спијам. Не ме разбуди, туку само седна на еден стол покрај мојот кревет. Набргу ја совлада сонот. И гледа во сонот, во соседната просторија лекарите се советуваат, а помеѓу нив еден непознат лекар, странец.

Жена ми му се приближила и му рекла: ‚Докторе, странец сте? Ве гледам првпат во болницава. Ве молам, во соседната соба е маж ми, повеќе од десет години е парализиран. Лекарите веќе ми ја кажаа вистината – го губам својот сопруг. Ја губам својата потпора. Мојот сопруг ќе почине. Дојдете да го видите, докторе, да го охрабрите, да ни кажете нешто и Вие‘.

‚Оди, госпоѓо, почекај и ќе го видам твојот сопруг‘.

‚Во ред, докторе, само кажете ми го Вашето име, за да Ве чекам...‘

‚Јован Русин‘ – ѝ одговорил.

Во тој миг таа скокна од нејзиниот стол. Забележа како се обидувам да станам сам, подигајќи се на лактите. ‚Жено, помогни ми,‘ ѝ велам, ‚некој ме држи под рацете и ме крева, помогни и ти...‘

Станав, стапнав на подот, и тогаш плачот на жена ми ги доведе околу нас лекарите и помошниот персонал.

Одговорниот лекар на одделот, верен Христијанин, се трогна од раскажувањето на жена ми и вели: ‚Господине Полихрониу, одете како што сте, не барајте да се преоблечете, брзајте, фатете такси од влезот во болницата и право во духовното лечилиште, во црквата на Свети Јован Руски, која е во зелената долина на Прокопиј во Евија, каде што се и неговите свети Мошти! Одете, заблагодарете се многу и вратете се овде за отпусниот лист, кој овојпат – навистина ретко – не го потпишува лекар, туку еден Светител!“

Sveti_Jovan_Ruski_3.jpg

Житие на Светиот праведен Јован Руски Исповедник

Извор. Бигорски манастир

 Чудото со преслекување на одеждите на св. Јован Руски

Моштите на св. Јован Руски


Светите мошти на праведниот Јован Руски биле пренесени во Неа Прокопи, Евија во октомври 1924 година од страна на грчките бегалци од Прокопи, Мала Азија. Во 1930 година започнала да се гради велелепна црква посветена токму на неговиот спомен, и била завршена во 1951 г. Тогаш светиот бил пренесен во неговата нова црква, каде што почива и денес.

Црквата на св. Јован е еден од попосетените поклонички центри во Грција. Верници од целиот свет [и од Македонија, н.з.] притекнуваат да се поклонат пред неговите мошти, повикувајќи ја неговата помош и благодарејќи му за многуте чуда што се случиле преку неговото застапништво.

Преслекување на одеждите

Свети Јован Руски самиот објавува кога сака да му се преслечат одеждите.А тогаш се отвора неговиот свет кивот, кој инаку не може да биде отворен.

Како се случува ова објавување? Светиот пристапува до некоја добра душа на сон (од различни делови од светот, без разлика дали се работи за Њујорк, Австралија или Солун), и ја повикува да дојдат до него и да го поздрават, им кажува дека тој е Јован од Русија, замолувајќи ги да појдат во неговата црква и да му кажат на свештеникот дека дошло време неговата туника да биде преслечена. Ова се има случено во 1937г., 1955г. и 1977г. кога ваквата порака дојде до мене.

Во 2005г. светителот уште еднаш побара неговите одејанија да бидат преслечени, за прв пат после 28 години. Во неговата црква служам 43 години како свештеник и 3 години претходно, како лаик. За овие 46 години сум видел илјадници и милиони верници како доаѓаат да се поклонат пред свети Јован.

Што би можел да посведочам? Што сум видел? Освен тоа што светителот самиот нè известува!

Еднаш му рекол на едно девојче: „Дојди и види ја мојата перница која е полна со солзи. Плачам за младината. Особено се молам на Бога за вас, младите, да ви помогне.“ Во 1977 г. го отворивме кивотот и видовме дека перницата е чиста, но покрај неговите очи беше мокра, имаше голема дамка од солзи.

Сите ние, и владиката и свештенството, имаме видено како главата на светиот се мрда. Потресно е!

Она што Самиот Бог го осветил, е облагодатено и прославено преку дарувањето на дарот на нетрулежност до Неговото Второ доаѓање.


Протопрезвитер Димитриј Атанасиу
Извор: http://agapi.mk/chudoto-so-preslekuvane-na-odezhdite-na-sv-jovan-ruski/




Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 496
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Духовниот живот не се состои од некакво израмнување на нашите сметки со Бога. Зашто, она што е содржина на нашата побожност, не треба да го извршуваме затоа што тоа така...

Митрополит Струмички Наум:  На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Митрополит Струмички Наум: На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Деца, разните страдања, при градењето на личносниот однос со Бог, нема да нѐ одминат; ако не поради недоволниот подвиг, тогаш секако поради нашата грешност и суета. Бог најубаво, наместо нас,...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

БEСEДА  за Oтeцoт и Синoт

БEСEДА за Oтeцoт и Синoт

 Физичкиoт свeт би бил сиoт вo тeмнина да нe e свeтлината oд Сoнцeтo. А духoвниoт и мoралниoт свeт, и сиoт чoвeчки живoт, би бил тeмнина, акo нe e свeтлината штo...

Фејсбук православие (07.03.2020)

Фејсбук православие (07.03.2020)

На пример, оној кој нема барем просветлување на умот не може јавно да се занимава со световни теми, а никако, пак, со сложени теолошки теми. Световни теми се: политика, туѓи...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

 Христос рекол: “Кога ќе пријде Синот Човечки во славата своја и сите свети ангели со него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, и ќе се соберат пред Него...

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

Така им рeкoл Сeзнајниoт Гoспoд на Eврeитe: “Виe судитe пo тeлo”, бидeјќи тиe фатилe вo прeљуба eдна жeна и сакалe да ја камeнуваат заради тeлeсниoт грeв. Нo Гoспoд ја сoглeдал...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

« »