логоFacebookTwitterYouTubeeMail



, на 26 јуни, со Вечерна богослужба во црквата на светите Константин и Елена во градот Синосас, започна заедничкото поклоничко патување низ светињите во Кападокија, предводено од Неговата Светост Цариградскиот Патријарх Вартоломеј. Гости на поглаварот на Цариградската Црква беа Патријархот Александриски и на цела Африка Теодор, Архиепископот Атински и на цела Грција Ероним и, со благослов на Патријархот Московски и на цела Русија Кирил, претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија, Митрополитот Волоколамски Иларион. Освен свештенството на Руската и Грчката Црква, во богослужбата зедоа учество и потомци на жителите на Кападокија од Грција, како и монаси и монахињи од грчките манастири.

На крајот на Вечерната богослужба Патријархот Вартоломеј им се обрати на присутните со беседа во која рече: „Дојдовме во земјата Кападокија, лулката на мноштво светители, кои блескаат како ѕвезди небесни. За жал, пред неколку децении, поради преселувањето на христијанското население, овдешните храмови се пусти.“ Неговата Светост со задоволство истакна дека турските власти сега ги издаваат потребните дозволи за извршување на богослужби во кападокисите светињи.

За историските духовни врски меѓу Цариградската и Александриската Црква зборуваше Патријархот Теодор, а потоа поклониците продолжија со обиколката на светите места.

Во недела, на 27 јуни, архиереите отслужија Света Литургија во храмот на светите великомаченици Теодор Тирон и Теодор Стратилат во Малакопи, на која пееја монасите од светогорскиот манастир Ксенофонт.

После светата служба, Митрополитот Иларион им се обрати на поглаварите на Црквите, свештенството, монаштвото и верниот народ со зборовите: „Од името на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил и од свое име, срдечно ве поздравувам сите вас кои се собравте во овој свет храм. За нас, членовите на Руската Православна Црква, Кападокија е света земја. Овде блеснаа великите Отци, столбови на Црквата и вселенски богослови – Василиј Велики, Григориј Богослов и Григориј Ниски. Тука, по пештерите и по бездните земни (Евр. 11, 38) се подвизуваа монаси и монахињи, тука е пролеана крв на маченици и исповедници.

Кападокија е многустрадална земја, за што сведочат нејзините храмови, некогаш величествени и прекрасни, а сега напуштени или срушени“.

„Се придружувам на повикот на Патријархот Вартоломеј“, рече понатаму Владиката Иларион. „Не заборавајте ја земјата на своите отци, помнете ги нив, пренесувајте ја љубовта кон нив на своите деца и внуци, и секогаш враќајте се тука.“

На собраниот народ се обрати и поглаварот на Грчката Црква, Архиепископот Иероним, а потоа Патријархот Вартоломеј отслужи помен за покој на душите на православните христијани кои некогаш живееле во Кападокија.

Наредниот ден, во понеделник на 28 јуни, после обиколката на повеќе светињи, меѓу кои и црквата на свети Јован Богослов од 9 век, црквата на великомаченик Димитриј и пештерските манастири во Кападокија, се заврши ова тридневно поклоничко патување.

 

Извор: МПЦ 

http://www.mpc.org.mk/svetaktuelno.asp?id=4414

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 726
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020 )

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

« »