логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 Panorami2.jpg

СТАРЕЦОТ  САМПСОН - КАКО СТАРЕЦОТ ИСПОВЕДАШЕ
Како старецот исповедаше?
За време на исповедтта тој молитвено стоеше усредоточен на слушање на покајанието. Со својот дух го слушаше покајникот за да чуе како се кае: со омраза спрема гревот, или само набројувајќи ги гревовите.

Кога човекот стануваше скрушен заради своите гревови, старецот му помагаше да се кае. Го објаснуваше поводот заради кој дошло до гревот и за степенот на гревовниот престап. Објаснуваше како да се исцелува од тој грев, како да се одбегнува.
 И кај покајникот се јавуваше чувство на  омраза спрема гревот и солзите сами течеа. Дури после тоа преоѓал на следниот грев.
По тој редослед се одвивала исповедта.
 Кога покајникот ќе  ја завршеше исповедта , умееше да укаже и на гревовите кои што останаа неисповедани:
„А зошто ништо не зборуваш за тој грев?“
Или:
 „Од каков повод дојде до тој грев“? 
Или ќе запрашаше:
 „Зарем немаш ништо против тој човек“?
Зошто тој паѓа во малодушност?  Што го навреди“?
На крајот од исповедта старецот многу прашуваше:
 „Што би можело да те задржи на митарствата во случај на ненадејна смрт?
Што би те спречило за да ги поминеш митарствата?“
И дури после тоа ги разрешуваше гревовите.

Настапуваше олеснување. Сите тегоби исчезнуваа. Покајникот постануваше смирен, успокоен и слушаше што уште ќе му каже старецот.
Често  пати повторуваше:
Треба да се престане со зависта.
Читај, води белешки за зависта. За тоа ќе се бара одговор на Страшниот Суд. Ќе ни биде тешко да се спасиме, ако себе си тука не се принудуваме на молитва и не го исполнуваме она што го говори духовникот. Нека нема во нас вина спрема луѓето.
Да внимаваме со ништо да не го соблазниме човекот, зашто сме должни строго да внимаваме на себе, а особено на нашиот однос кон луѓето.

+++
Една жена после исповедта рекла: „Заминав од кај старецот. Не одев, туку летав!“

+++

Ако човекот само  би ги набројувал  гревовите,  а  во него не би имло  тага заради нив, старецот би  почнал на покајникот да  му ја објаснува тежината на гревот,  дека гревот е смрт, пред смрта.
 И постепено, човекот сфаќајки ја сопствената грешност пред Бога,  би почнал  да разбира  колку е секој грев, па и најмалиот  страшен, почнувајќи да плаче и да се скрушува заради своите гревови.

Со нечувствителните требало   особено  долго да се работи за  да достигнат  потполна трезвеност, а особено тешко било со оние кои сеуште биле во немир, кои се бореле и никако не можеле да се исповедаат како што  треба.

Старецот  за време на исповедта на таквите им говореше:
„Сфаќаш ли? Можеш ли тоа да го појмиш?
 Никаков контакт со демоните - мораш да се отргнеш и да прекинеш со тоа!
Ако не се трудиш да го отстраниш тој грев ќе се случи ова: излегуваш од телото (така се вика нашето бротче), околу тебе ѓаволи, те плашат, а ти потполно сам.  

Прекрасно е ако е  покрај тебе е твојот ангел чувар. Но, ако тој не се најде покрај тебе, што тогаш ќе биде со тебе?
Ќе те зграбат демоните и си пропаднал! Единствено од тоа треба да се плашиш!
Да не говориме за тоа како со твоето однесување го навредуваме самиот Господ и Неговата Пречиста Мајка“.

Кога ќе почувствуваше дека дека покајникот сфатил, се радуваше во духот. Просто ќе засветеше, лицето му блескаше, човек не можеше да го симне погледот од него туку чувствуваше особена блискост со него.
Човекот и против својата волја би исфрлил се од себе, без никакво снебивање, па колку и нечист да беше гревот.

Дедичко ја примаше исповедта и преку писма. Оние кои што живееја далеку од него и не беа во можност често да доаѓаат, ги испраќаа своите исповеди преку писма. Им ги разрешуваше гревовите и им даваше одговори, а на крајот од писмата даваше и многу препораки и упатства. За секој грев посебно објаснуваше од кои страсти изникнал.
Говореше:
„Изнесувајќи го гревот без болка во срцето, само со именување на стореното, нема да се стекнете со никакво обновување. Потребно е секогаш да се измива гревот со солзите на покајанието. А равнодушноста пак, на духовникот во текот на исповдувањето,  ја лади ревноста на покајникот.

Честото причестување при запуштена, нераскаена совест и формално механичко исчитување на молитвите, акатистите, правилата пред светата Причест, не придонесуваат за обновување.“
После исповедта покајникот на се гледаше на нов начин, со обновено чувство на срцето. Чувствуваше блискост спрема Бога, беше спремен на секое послушание, па дури ниту смртта не би му била страшна.

+++

После причестувањето дедичко сам ги читаше благодарствените молитви, по молитвословието и својата молитва:

„Со Твоето Пречисто Тело“.
Таа молитва гласи:

Со Твоето Пречисто Тело,
Со Твојата Пречиста Крв,
Исусе, Спасителу мој,
обнови ме целиот:
обнови го срцето мое, обнови ја душата моја,
обнови го телото мое, обнови го умот мој.

Одземи го од мене тешкото бреме на гревовите мои.
Исцели го срцето мое. Усмрти ги страстите мои.

Научи ме да се молам, научиме да се кајам.
Научиме да плачам  во вапај за Тебе.
Смири го срцето мое, смири го умот мој,
излечи ја гордоста моја.
Подари ми од сега да поставам добар почеток,
прими  го моето покајание, не  оставај  ме,
не отстапувај од мене.

Дарувај ми плач  заради гревовите мои,
не одстапувај од мене заради престапите и грвовите мои.
помилуј ме по големата милост Своја.
поштеди ме.
Не оттурнувај ме.
Дарувај ми незлобливост, дарувај ми кроткост


дарувај ми целомудреност, дарувај ми трпение,
дарувај ми послушност, дарувај ми молчење,
дарувај  ми непрестајно самоосудување
и стражарење над себе.
Подари ми пламена, огнена,
како камен цврста вера.

Дарувај ми да ми омрзне гревот, дарувај ми да го оставам гревот.

Приковај ме во стравот Твој, обвиткај ме со стравот Твој,
 дарувај ми да Те сакам со целото срце свое,
со сета своја мисла, со сиот свој ум и со сета своја сила да се  приљубам до Тебе,
и да живеам за Тебе, не за себе, не за гревот.

Стори со мене по милоста Твоја.
За во се, да биде волјата Твоја.
Амин.


Дарувај ми слух, да Те слушам,
дарувај ми да Те вкусам,
дарувај ми нозе за да Ти пријдам.
Дарувај ми срце, да Ти се плашам,
дарувај ми срце да Те сакам.

Одземи се мое од мене и дај ми да ја творам волјата Твоја.
Одземи се старо и дарувај ми ново,
уништи го моето камено срце и подари ми срце пламено
што Тебе Те љуби,
Тебе Те моли,
Тебе Ти плаче,
Тебе Ти се кае,
Тебе Ти воздивнува,
Тебе Ти се плаши, во Тебе живее, не во себе, не во гревот.

Дарувај ми срце кротко, смирено, целомудрено, чисто трпеливо, кое од гревовите се плаши, кое гревот го мрази.

Биди му на душата моја храна и пијалок.
Биди Источник на жедната душа моја.
Биди радост во тагата моја.
Биди избавување, од страстите мои.
Биди премудрост на безумието мое.
Биди смирение на гордоста моја.
Биди осветување на нечистотијата моја.
Биди окрепување на слабостите мои.
Биди сила на немоќта моја.

Верувам, помогни му на моето неверие!
Амин.

Оваа молитва Старецот Сампсон ја даваше да се чита после Светата Причест.
Тагуваше кога некој живее неприбрано и не се подготвуваше за редовна исповед, за светата Причест. Говореше:
„Се случуваше да бегаат од Причеста, се плашат!
Тоа е зараду укорот на совеста, од занемарената совест, од гревот на малодушноста!
Многу е страшна работа кога демоните ни командуваат и не отргнуваат од Светињите.
Тоа е демонска состојба.
Од тоа треба  страшно да се плашиме. Зашто успехот во  монашкото живеење зависи од честото причестување и исповедање.
Еднаш во три недели, може. Еднаш месечно - малку е. За пустиникот (схимникот) - еднаш неделно. Да се вика - анатема на гревот!“

Треба да се причестуваш како последен, со молитва на покајание. Кога ќе ги видиш Телото и Крвта Господови, што можеш да говориш?
Само едно: прости и исцели.
И кога ќе ги допреш краевите на нозете Господови, што можеш да кажеш?
Само - исцели ме, обвиткај ме во стравот  Твој, или - дарувај ми го стравот Твој.

После Светата Причест кога одиш на кај нафората, изговарај ја молитвата:
 Твоето свето Тело, Господи Исусе Христе, Боже наш, нека ми биде за живот вечен и Пречесната Крв Твоја за отпуштање на гревовите.
Оваа причест нека ми биде за радост, здравје и веселба; и на Твоето страшно второ доаѓање удостој ме мене грешниот да стојам од  десната страна на славата Твоја, со застапништвото на Пречистата Мајка Твоја и сите светии Твои.

После читањето на благодарните молитви потребно е во храмот уште да се прочита молитвата: „Со Твоето Пречисто Тело.“

Излегувајќи од Црквата засакај да ја изговараш Исусовата молитва.
Кога ќе дојдеш дома, повторно прочитај ги благодарствените молитви пред светите икони.
Ако прилегнеш, не ја соблекувај облеката, само покриј се со нешто, а кога ќе станеш продолжи да  ја изговараш Исусовата молитва. И после пет часа изеди нешто малку.
 Прави се, за целиот ден да го сочуваш чувството на благодарност кон Бога. Бегај од секој грев, суета, повод за гревот.
Занимавај се само со духовни дејности.
За себе  си да се сочуваш од гревот треба се да работиш пред лицето Божјо.

Преведе: М. Даниловска  - Мина



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 641
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

Митрополит Струмички Наум: Депресија и надеж од православен аспект (09.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Депресија и надеж од православен аспект (09.05.2020)

    Остатокот од времето поминато надвор од молитва, на оние кои немаат непрестајна умно-срдечна молитва, Црквата им го покрива со послушанието. Оние кои го чистат своето срце од страстите, го...

« »