логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Снимени на магнетофонска лента
Во последните години  од земниот живот старецот Порфириј имаше обичај да излезе од манастирот каде што се опоравуваше и да отиде во еден осамен предел во Евија, од страната на Егејот, во придружба на двајца-тројца луѓе што го опслужуваа бидејќи беше слеп и немоќен. Таму обично остануваше два-три дена, ретко подолго. Затоа што се немаше каде да се преспие, најчесто ноќта ја минуваше во една осамена селска капела или во некој автомобил. На луѓето што беа со него често им зборуваше за духовниот во Христа живот, а тие, од ревност и љубов, забележаа некои од тие поуки на магнетофонска лента. На овие снимени разговори често  им недостасува почеток или крај, од причина што магнетофонот не им бил секогаш при рака. Едно од најубавите парчиња сочувани на овој начин манастирот го издаде на касета, со гласот на старецот. Овој текст преставува извадок од звучниот запис на магнетофонската лента. Разговорот што следи се случил во јули 1988 г.,  во три часот наутро, во селската капела на оној осамен предел.

   (.....)
  Старецот:  Насекаде е. Објаснете го тоа вие, јас не можам да го објаснам. Јас само ви кажувам дека каде и да помислиш на св. Антониј, еве, сега ние можеме да помислиме на него овде, други да мислат на него во Тиваида, некои во Египет, некои во Ерусалем, некои на Синај, а тој во овој час е и тука и онде, и таму, и на друго место. Што велите вие?
  Некој:  Насекаде е, зашто е во Божествената благодат.
  Старецот:  Да, во духовниот свет е. А ние, иако сме христијани, ништо не знаеме, деца, ништо...ништо не знаеме за Христа.
  Некој:  Тоа е вистина.
  Старецот:  А ние, кутрите, живееме и го читаме највистинитото слово и тоа е убаво. Велиме: Убаво рече тој отец, или убаво го кажа тоа оној отец. Како се викаше...? Така и така. Убаво, убаво, сето тоа е убаво. Ама ние, сепак, остануваме во нашата негрижа, во нашата небрежност и живееме без Христа. А Христос е нешто друго.Кога ќе му пријде  Христос на човекот, кога ќе дојде во нашата душа, кога ќе му пристапи Христос на човекот, кога ќе влезе во душата, таа станува поинаква. Живее насекаде, живее во звездите, живее во духовниот свет, живее во далечината на просторот, живее во вселената, живее...Му зборуваат по телефон од  Јужна Африка, од Индискиот Океан, а  тој зборува со нив и им кажува за нивната куќа, за нивните девојчиња, им зборува  за нивното семејство, додека е овде. Разбирате? Вие сега ќе помислите бидејќи ова ви го кажувам дека јас сум нешто. Не сум ништо. Но се обидувам. И од овие работи што ви ги кажувам, малку, сосема малку како да вкусувам. Се трудам.. И сакам..и љубам..Не се терам себеси да ги стекнам, а по благодат Божја многупати ги живеам сите овие работи без никому да кажам. Не ми е допуштено. Еве, тоа што ми е допуштено го кажувам, ама, не можам секогаш да кажам. Ете, животот без Христа не е живот. Поминува, завршува. Ако не го гледаш Христа во сите твои дела и мисли, ти живееш без Христа. Како го кажавме тоа, знаете?
  Има една песна:
Со  Христа несекаде
Страв никаде
  ....Ја имате чуено? Ја пеат децата, не се сеќавам понатаму. Навистина, на овој начин треба да Го гледаме Христос. Тој ни е пријател. Тој ни е брат. Тој е се што е добро и убаво. Тој е се, а сепак пријател ни е и не повикува: “Ве имав како пријатели, бе, разбирате ли? Вие сте Моите  браќа. Бе, јас не сум..Јас не го држам пеколот во раката..Не ве плашам...Ве љубам. Сакам да му се радувате на животот заедно со Мене. Разбирате?” Така е со Христа. Нема тага, нема меланхолија, нема вознемиреност. Човек ниту ги мисли ниту пак се измачува со најразличните помисли и притисоци што одвреме навреме го повредуваат во животот, Христос е нов живот. Како да го кажам тоа? Христос е се, Тој е радост, Тој е живот, Тој е светлина, вистинска светлина што прави човекот да се радува, да лета, да гледа се, да ги гледа сите, да страда за сите, да сака сите да бидат со него, сите да бидат покрај Христа. Кога некој ќе најде некое богатство, или што било друго, не сака за тоа никому да каже.Христијанинот, пак, кога ќе Го најде Христос, кога ќе Го познае Христа, кога Христос ќе се всели во неговата душичка, кога ќе Го почувствува, посакува да повика, да го каже тоа насекаде, сака да зборува за Христа!-Што е Христос?, возљубете Го Христос! И ништо не претпочитувајте пред Неговата љубов! Христос е Се. Тој е извор на животот, крајниот копнеж, Тој е се. Секоја убавина е во Него. А далеку од Христа: тага, меланхолија, нервоза, грижа, сеќавање на раните во животот. И скитаме навам-натаму, а сепак никаде да застанеме. Но кога ќе го најдеме Христа, па каде и да е тоа, нека биде и пештера, седнуваме таму и се плашиме да не Го загубиме. Прочитајте, па видете. Подвижниците што Го познаа Христа не сакаа да заминат од  пештерата, дури ни да излезат надвор за да земат воздух, а  сакаа да бидат таму  што каде чувствуваа дека Христос е со нив. Христос е се. Христос е изворот на животот, на радоста. Се. Како го разбираш ти тоа, Нико?
  Некој:  Тоа што го кажавте , старче, се златни зборови. Тоа е вистината. Така е како што кажавте  Вие.
  Старецот:   Да. Само ние сме повикани и да живееме на тој начин, кога веќе велиме дека сме христијани, дека сме Христови. Сфаќате? Кога во моментот на слабост – за што и да се работи – ќе Го здогледаме Христа, веднаш го менуваме мислењето и сакаме да бидеме со Христа. Христос е нашиот пријател. Христос е нашиот брат. Тој ни зборува: “Вие сте Мои пријатели. Не сакам да Ме гледате поинаку . Не сакам да Ме гледате како Бог. Како Слово Божјо, како Ипостас на Света Троица. Сакам да Ме гледате како свој, како пријател ваш, да ме прегрнете, да ме почувствувате во вашата душа, МЕНЕ, пријателот ваш, вистинскиот Извор на животот”. Тоа е, значи, вистината. А сега, рековме, постои сатаната, постои пеколот, постои смртта . Сево ова постои, навистина постои. Тоа е другата страна. Тоа е злото, тоа е темнината, сето тоа и припаѓа  на темнината. Човекот, Христов, пак, треба да Го возљуби Христа, а кога ќе Го возљуби Христа, тој се ослободува од ѓаволот, од пеколот, од смртта. Сега ќе ми речеш: си стасал  ли ти дотаму? Не сум стасал, ама го барам тоа, го сакам тоа. И во молкот мој и секој миг се обидувам да живеам на овој начин. Не живеам. Ама, еве, се обидувам. Всушност, како да ти кажам, како да ви кажам? Не сум отишол на одредено место, односно еднаш отидов. Го видов. Сега не сум таму, но се сеќавам на него, копнеам по него, го посакувам. Еве и сега, овој момент, утре, задутре, секој момент, тоа ми доаѓа и го посакувам, посакувам да одам таму, го барам. Сега не сум таму.  Не знам како да ви  ги објаснам овие работи. Ги разбирате ли?
  Некој:  Ммм...
Старецот:  Ееех..
Некој:  Да, старче.
Старецот:   Да, но јас живеам во тој подвиг. Кажете ми дека сум глупав. Кажете ми – старче, овие работи не се зборуваат; оној што се обидува не зборува за тоа, туку ја повику благодатта Божја да му помогне. Е, да, ама кога  некој ќе полуди, тогаш зборува. Постои лудост...
(се моли): Господи...Хм, ви реков...
(го менува тонот) Kаде отиде?
Некој:  Излезе надвор...
Старецот:   Што отиде да земеш таму?
Зашто го запиша ова? Ова се глупости.
Некој:   Не се глупости. Ако се ова глупости, што е вистинито? Јас мислам старче...
Старецот:   Е, сега,  штом ви го зборувам ова, не сум со сите. Глупав сум што ви го зборувам ова.
Некој:   Старче, деведест  од сто од христијаните или не сме христијани или само се чудиме и се восхитуваме – убаво го  рече  тоа св. Ефрем Сирин, св. Исаак Сирин, добро кажа св. ...св. Јован Лествичник . И остануваме на тоа. Ништо понатаму. Нема подвиг..., затоа и не проголтаа нервозата, вознемиреноста и грижата.
Старецот:   Е, да. Но, прашуваш како? Како да бидам таму додека сум овде? Проблемот е дури да дојде Христос, да заживее во тебе, а тогаш си насекаде. Со Христа. Тешкотијата е во тоа што Го немаме Христа.
Некој:   Да.
Старецот:  А за овие работи...направете подвиг и тогаш (некои зборови не се многу разбирливи) ќе можеме да ги почувствуваме,  живејте во нив и направете да се остварат. Пријател, брат! Како ли само го кажува тоа! И тоа колку! Каква длабочина се крие во тоа! Голема длабочина! Со  други зборови, треба одважност. Христос не го сака стравот. Не сака страв.
Некој:   Да.
Старецот:   Ех! Апостолите – колку нежно! – не ги присилуваше ,ги остави сами...се до крајот, кутрите! Се исплашија, се заклучија, си велеа, леле, што ни се случува? Но кога дојде Духот, ги направи совршени. Благодатта ги восоврши, нели?
Некој:  Така е, старче.

Подготви: Стојанка Тежак 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 641
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

Митрополит Струмички Наум: Депресија и надеж од православен аспект (09.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Депресија и надеж од православен аспект (09.05.2020)

    Остатокот од времето поминато надвор од молитва, на оние кои немаат непрестајна умно-срдечна молитва, Црквата им го покрива со послушанието. Оние кои го чистат своето срце од страстите, го...

« »