Свети Максим Исповедник - Поуки (06.05.2017)
Нашиот Господ Исус Христос говори: „Ако ме љубите, пазете ги Моите заповеди“ Јован 14, 15) и: „Оваа е Мојата заповед: да се љубите еден со друг, како што ве возљубив и Јас“ (Јован 15, 12). Затоа, оној што не го љуби ближниот, тој не ги извршува заповедите, а оној што не ги исполнува заповедите – не може да Го љуби ни Господа.


Се случува, тешејќи го своето дете, мајката да му рече: „Не се плаши, јас сум со тебе“. Ете така и нашиот Творец, милосрдниот и човекољубив Бог, Отецот на изобилието и на секоја утеха, ѝ се обраќа на верната душа, која се наоѓа во искушенија и маки: „Не плаши се, Јас Сум со тебе!“
Совршените христијани, кои се удостоиле да ја достигнат мерката на совршенствата и да Му станат блиски на Бога – на Небесниот Цар – секогаш се посветуваат себе си како дар на Христовиот крст. Како што за време на пророците помазанието било најпотребно, затоа што бивале повикувани и царевите и пророците, така и сега духовните луѓе, кои се помазувани со небесно помазание, стануваат христијани по благодатта,
Отците кажале, дека монасите не треба да се гневат, и не треба никого да навредуваат. Тие го рекле и ова: „Кој ја победил раздразнителноста тој ги победил демоните, а кој бива победуван од оваа страст, тој воопшто му е туѓ на монашкиот живот“. – А што треба да кажеме за себеси ние, кои не само што биваме победувани од раздразнителноста..
Благата што ќе ги добијат праведниците по воскресението на мртвите, се наоѓаат горе, но нивните заложби и зачетоци уште отсега дејствуваат духовно во срцата на верните, за да бидат убедени за она што ќе го добијат во иднина, за да го презреме сето што е сегашно и да Го возљубиме Бога толку да бидеме готови и да умреме за Него.
Една работа е да се биде воздржлив, а друга е да се биде чист, да се постигне спокојна состојба на целомудрена непорочност и девствена невиност. Ваквата добродетел им се припишува само на девствениците и на девственичките по душа и по тело, за какви се сметаа, на пример, во Новиот завет свети Јован Крстител и свети евангелист Јован Богослов, а во Стариот – светите пророци Илија, Јеремија и Даниил.
Пази се внимателно и пази се како од страшна смрт, од загуба на твојата душа и од вечните маки. Пази се да не ја презреш својата душа и да се предадеш на гордост и славољубие: да посакуваш слава и чест, или пофалби од луѓето или да мислиш за себе си дека си нешто, дека си направил некоја голема добродетел, дека си подобар од другите. Пази се од срамна похот и бори се против најмалата телесна сласт. Одбегнувај да се запознаваш со
Ние немаме ни почеток ни раѓање; ние сме им началници и родителки на сите страсти. Не малку нè напаѓа еден од нашите непријатели. Тоа е скрушеноста, која се раѓа од послушноста. Ние не можеме на никого да му се покоруваме; ние сме биле началници и на небото и таму не можевме да го поднесуваме покорувањето, па затоа отстапивме оттаму.
Таа цел е онаа, за која спомнав, и е од почетокот на светот скриеното таинство на христијанството, кое се јави во последните времиња (Кол. 1, 26). Неа ја подразбира Павле, кога зборува за Бога, дека Он сака сите луѓе да се спасат, и до познавање на вистината да дојдат (1. Тим. 2, 4). Зашто, познавањето на вистината не е нешто друго, освен самата благодат.
Не му доличи на христијанинот удобно да живее и световно да се радува. Исто така, не треба лицето да ти се помрачува, ниту да сметаш дека не постојат маки на Божјиот пат. Зашто, Неговиот пат отсекогаш и во сите поколенија се среќавал со крст и смрт. И зошто ти мислиш дека удобно можеш да го изминеш патот Божји?
4. Кога раната е уште нова и топла, таа лесно се лекува; застарените и занемарените рани тешко се лекуваат. Тогаш за нивното исцелување потребен е голем труд, сечење, измивање и горење. Многу рани во текот на времето стануваат неисцеливи, „но за Бога сè е можно‘ (Матеј 19, 26).
Бодилото на моите гревови не престанува да го прободува срцето мое; уште не се покајувам за злото што сум го направил. Товарот на моите гревови уште не ме притиска; не ја чувствувам нивната тежина. Уште не сум ја познал сета сила на огнот; да ја знам неа, би бегал да не бидам опфатен од неа. Глас слушам во ушите мои - дека кон мене одат и се приближуваат затоа што срцето мое уште не сум го исчистил.
Молитвата бива различна, зашто едно е да Му се молиме на Бога со нерасеана мисла, а сосем друго, да стоиме на молитва со нашето тело, а мислата да ни биде расеана. А, исто така, едно е да одбираме кога ќе молиме, односно откако ги завршиме разговорите и работите во врска со овој свет, а сосем друго да ја претпоставуваме молитвата над сè друго, над сите светски грижи, да постапуваме според зборовите на апостолот,
Ние мора да вежбаме со пост, бдеење, повлекување, и созерцување за Писмото, како активности кои се подредени на нашата главна цел, чистота на срцето – која е љубовта, и не смееме да ја нарушуваме оваа основна доблест за доброто на другите. Ако оваа доблест остане цела и неповредена во нас, ништо не може да ни наштети,
Многу се, знаците што ги направил нашиот Господ Исус Христос. Но ние треба да знаеме дека секој од овие знаци, освен своето буквално значење, има и друго – преносно значење. Тоа што слепите ќе прогледаат, значи: слеп е оној што ја полага својата надеж на овој свет; а ако, напуштајќи го, својот поглед го впери во надежта што ја очекува, тогаш тој навистина го презрел овој свет и прогледал.
Но, не беше онаа (светлина) едноставно чувствена, иако се појави на пророковото лице, бидејќи славата на светлината од лицето на Мојсеј, според свети Макариј, и сега светиите ја примаат во душата. Истата (светлина) овој (отец) ја нарекува „слава на Христа“ и смета дека е над чувствата иако е достапна за чувствата, земајќи го она апостолското, со мал додаток: „Сите ние со откриено лице славата на Бога, то ест неговата умна светлина, како во огледало ја гледаме, во истата икона преобразувајќи се од слава во слава,


























