логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 Korica.Detetovosvetotnatv.jpg

ВОСПИТУВАЊЕ НА УБАВИ НАВИКИ

Кога еден ученик со драга волја со согласи да проба алкохол и цигари, зошто другиот без жалење одбива? Кои се тие девојчиња во чие присуство пријателите и пријателките не започнуваат вулгарни разговори? Зошто во веселото друштво на децата секогаш ќе се најде барем едно, кое гледа на часовникот за да стаса дома навреме?
Очигледно, тоа се деца кои имаат добро семејно воспитување. Тоа се деца кои знаат да го избегнуваат злото, нешто заради страв од родителската казна, нешто благодарејќи на навиката на послушност кон родителите, навиката за разликување на доброто и злото, како и воздржаноста. Свесното и совесното однесување во склад со доброто воспитување е, вон сомнеж, најпожелниот начин на однесување на детето. За тоа е потребен огромен родителски труд и грижа.
Во делата на светите Отци има сликовита споредба: „Навиките стекнати во детството, се слични на букви, што се врежани во кората на младо дрво - заедно со него тие растат, се зголемуваат, станувајќи дел од самото дрво".
Многу е напишано за ползата од добрите навики. „Навиката е втора природа" - се вели во една христијанска поговорка. Постои и друга мудра изрека: „Безделничењето е мајка на сите пороци". Голема добрина е ако детето, од раното детство, е навикнато да не го поминува времето во безделничење. Од безделничењето потекнува навиката со часови да се седи пред телевизорот, како и страсната обземеност со хазардните компјутерски игри, склоноста кон фантазирањето, лажењето итн.
Затоа е добро, ако родителите најдат начин, децата кога се слободни од учење, да ги ангажираат со нешто што е полезно и интересно. На пример, со рачна работа.
Ние тој збор го ползуваме во поширока смисла, што е прифатено и во делата на светите Отци. Рачната работа е физичка работа што човекот е во состојба да ја извршува и којашто има полезна цел за душата. Целта се состои, прво, во ослободувањето од безделничење, за чија штетност веќе говоревме. Занимавањето со едноставна и еднолична рачна работа (тоа можело да биде и плетење на кошеви, врвки или бројаници, како и одржување на бавча) им помагала на древните подвижници да си го средат својот ум - да не му дозволат да се расејува преку помислите и да престојуваат во непрестајна молитва.
Во текот на 1950 година во еден православен манастир се подвизувал монах кој во слободното време, преостанато од основно послушание, се занимавал со тоа што го шиел и повторно го распарувал чаршавот... И тој бил вистински подвижншс и молитвеник. За нас, обичните луѓе, неговата работа може да ни се чини бесмислен начин на поминување на времето, а кај некои дури ќе предизвика и ироничен потсмев. Со тој пример, кој по малку е шокантен за нас, јасно се гледа дека кај рачната работа не е најважен надворешниот резултат.
Рачната работа не е „професија“ (со тој поим ние обично го поврзуваме доаѓањето до насушниот леб), затоа што таа има подруга цел, и тоа не телесна, туку душевна полза. Кај рачната работа не е толку важен надворешниот, колку што е важен внатрешниот резултат. Тоа го кажуваме затоа што малите деца, заштитувајќи ги од погубното и од деструктивното безделничење, треба да ги навикнуваме токму на рачна работа.
Многу работи во домот, родителите не им ги доверуваат на децата токму затоа што размислуваат исклучиво за надворешниот резултат. „Подобро е тоа да го направам сама!“ - понекогаш со воздишка ќе рече мајката, собирајќи ги по својот малечок, расфрланите играчки или не давајќи и на ќеркичката да ги измие садовите. Навистина, и полесно е, и поефикасно е мајката да сработи сама се, ама за детето неспоредливо покорисно е токму спротивното.
Природно, вистинската цел на рачната работа треба да им биде позната само на родителите - децата треба да бидат убедени токму дека нивниот труд му е потребен на семејството, дека се тие вистински помошници на своите родители.
Како што покажува искуството на многу семејства, малите деца со драга волја и помагаат на мајката во кујната, посебно во подготвување на храната, а најмногу, ако се подготвува и се меси нешто посебно, вкусно, празнично. Од тестото, како што е познато, децата не е можно да се одделат. Девојчињата можат да се учат и со женски рачни работи: везење, шиење (во почетокот за куклата), а подоцна и плетење. На машкото може да му се доверат некои столарски и други работи, поправки во домот или во двориштето.
Желбата да им се помогне на возрасните е многу драгоцена, па треба на сите начини да се поттикнува кај децата. Не грижи се ако кифличките што ги обликувала ќерката првиот пат се лоши и невешто направени, или, ако клинецот не е закован од синот онака како тоа би го направил таткото; тоа не е причина родителите да ги одбиваат децата, говорејќи: „Подобро е ние самите тоа да го направиме!“
Во поедини семејства, мајките, заедно со децата, одгледуваат (дури и во градски услови) декоративни, или, дури и растенија што се јадат. Оние кои имаат среќна можност во лето да го одведат детето надвор од градот (во викендичка, на село), издвојуваат за него една своја леа во градината, самостојно обработувајќи ја земјата да се научи со почит и со одговорност да се однесува кон светот кој го создал Бог.
Многу е важно секое дете во семејството да има своја постојана обврска - послушание, како што се нарекува тоа во манастирот. Обврска може да биде детето да ги собира своите играчки, а подоцна, кога тоа малку ќе порасне, да го мести својот кревет, уште подоцна - да ја брише прашината по станот, да го полева цвеќето, навреме да купува леб за семејството итн. Секако, обврските не треба да бидат толку многу, тоа да не е во состојба да излезе накрај со нив, подобро е и една, но таа да се спроведува со внимание и со одговорност.
Во семејства каде што има многу деца, на постарите деца може да им биде доверена одговорна обврска да се грижат за помалите. И пак - подобро е тоа да не бидат „поедини задачи“, туку постојано, обврзно послушание: или секојдневна прошетка со помалото братче и сестричката, или занимавање со некоја рачна работа секоја вечер... На постарите деца, на пример, може да им биде доверено секојдневно да ги земаат помалите деца од градинка или (ако помладите деца се веќе ученици) да ги проверуваат дали тие добро се подготвиле за утрешната настава итн.
Во некои православни семејства, на децата, целосно им е доверена грижата за домашните миленици - било да се работи за рибичките или за мачката, или за кучето. Се случува адолесцен¬тот да избегнува напразно поминување на времето по училиште и брза дома затоа што таму го чека кучето, кое никој, освен тој, нема да го изведе на прошетка. Природно, кон домашните миленици не треба сите членови на семејството да се однесуваат како кон играчки, кои, играјќи се со нив, човекот може да ги отфрли како непотребни, туку како кон Божји созданија што ни се доверени нам на одгледување.

(Продолжува)

Korica.Detetovosvetotnatv.jpg

Прот. Александар Дубњин - ДЕТЕТО ВО СВЕТОТО НА ТЕЛЕВИЗИЈАТА И НА КОМПЈУТЕРИТЕ

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство
Господин Тимотеј
Православен Митрополит Дебарско - Кичевски и Плаошко – Струшки

Издавач: Издавачка установа „Канео“- Охрид, 2004

Друго:

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 720
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Наравоучение: православната психотерапија прави разлика меѓу искушенија што ни се случуваат затоа што душевно оздравуваме (очистување на срцето од страстите) или сме доволно здрави (просветлување на умот), од искушенија што...

« »