логоFacebookTwitterYouTubeeMail


dete.veronauka.jpg

„НЕГОВОТО ВИСОЧЕСТВО КОМПЈУТЕРОТ"

Многу луѓе, верници, посебно од постарата генерација, кон популарниот и кон се поприсутниот компјутер имаат однос што може да се нарече суеверен ужас: едни ја сметаат таа „паметна машина" за нешто како антихристово оружје, други тврдат дека во него „лежи демонот" и дека просторијата во која е сместен компјутерот - е обесчестена. Дури и исклучен компјутер им се чини заканувачки. Тие се одлучни противници на било каква негова примена, посебно за потребите на Црквата...
Ама компјутерот е - само машина, предмет, дело на човечките раце. И како од секој предмет, од него може да се направи идол - тоа тој, всушност, и претставува за некои програмери, хакери и за оние кои го направиле средиште на својот живот. Исто така, како и сите други творби на техничкиот прогрес, компјутерот сам по себе не е ни лош ни добар. Тој може да постане добар или лош според човечката волја, зависно од тоа: како и за што ќе го користиме тој компликуван изум.
Размислувајќи на таа тема, свештеникот Сергиј Марук, автор на една статија за компјутерите во списанието „Православен збор" правилно забележува дека и со многу прости и полезни алатки како што е лопатата, може да се убие човек.
Очигледно, во нашево време, не е можно да се заобиколи користењето на компјутерот како инструмент, практично во сите сфери на општествениот живот. Од тоа не може да се побегне. Времето се движи напред и денес веќе, библиотеките во целиот свет преминуваат на компјутери наместо на каталози. Инаку, би потонале во море од книги, картички и хартии. И книгите за печатење и за издавање се подготвуваат со помош на компјутерот - инаку, работата околу издавањето би била неколкупати побавна...
Сепак, би сакале, децата да се држат подалеку од тие „паметни машини". Нивното штетно влијание врз човечкото здравје е вон секаков сомнеж. Никакви заштитни екрани не можат потполно да го спречат погубното зрачење. Не случајно во целиот свет се утврдени временски ограничувања за работа крај компјутерот. Медицинските работници знаат дека на сите „копјутерџии" многу им е изменато нивото на леукоцити во крвта - што значи, имаат оштетена функција на организмот, прометена им е отпорноста на болести.
Еден московски лекар, со 25-годишната работа, направил низа експерименти, со помош на здравствено-дијагностичкиот систем „спрема Фоловата метода" за да дознае како околните предмети влијаат врз физичката состојба на човекот. Иако бил убеден материјалист, тој дошол до неверојатни сознанија: востановил дека водата што се осветува на богослужение и светиот елеј (маслото), ја нормализираат работата на заболените органи. Кога долготрајно се „комуницира" со компјутерот, многу се намалува имунитетот, правејќи го организмот незаштитен - посебно во однос на онколошките болести и други „болести на современоста". Синот на тој лекар, адолесцент, пасиониран со компјутерските игри, откако при експериментирањето се уверил во тоа, се одрекол од „игрите со смртта."
Покрај штетата за телесното здравје, компјутерот може да и нанесе штета и на човечката душа, посебно на детската.
Добро е ако детето расте во православно црковно семејство, ако неговата душа е заштитена со закрилата на црковниот живот, со светите тајни на Црквата, со мајчината молитва и со христијанската грижа... А ако не е? Како што вели старата изрека: „Добриот воденички камен самиот се ќе сомеле, лошиот ќе се сомеле и себе".
Ако на една душа играта со компјутерот не и носи поголема штета, за друга, пак, таа може да стане не голема, ами смртоносна доза од отров.

ОПАСНОСТА СЕ ЗАКАНУВА ОД КОМПЈУТЕРСКИТЕ „ИГРИ"

Компјутерот не е само помошен инструмент во разните човечки дејности - на него може и да се играат многу детски игри: „крвче - нула", „поморска борба", „каубојци и индијанци" или слични на нив. Можно е, како што е востановено, да се „префрлат" во „мозокот" на компјутерот и да се „играат" без трчање, без брзање, без хартија и без пенкало, т.е. без никаков физички напор, само со притискање на копчињата и со следење на резултатот од играта на екранот. Овде не ти се потребни другари: твој другар - партнерот е машината, т.е. компјутерот: ти играш - преку него, го играш него и со него.
Пред дветри години многу ученици не се раздвојувале од малите плочести кутивчиња - електронските играчки: „тетрисите", „пентиксите" или „гејм-бојот". Влегувајаќи во автобус или во трамвај, сигурно меѓу патниците сте можеле да видите дете, кое седи или стои и кое е вдлабочено во играта до таа мерка што ништо друго околу себе не забележува. Крајот на сеансата на играта - победата или загубата - уште не е значаен и играчката нема да се собере во торбата.
Играта продолжува, повторно и повторно, бидејќи играчот, вон секој сомнеж, бил зафатен со страст. Велат дека поедини деца, по пат на непрестајни тренинзи, во домот, во училиштето, на патот, постигнувале такво искуство во таа игра, што повеќе не ни ја губеле борбата со машината.
Игрите за големиот домашен компјутер се уште попредзвикувачки. Честопати обидите на родителите да ги оттргнат синот или ќерката од игрите, завршуваат со страшни скандали, хистерии, испади - таква е моќта на привлечноста на компјутерските хазардерски игри. Да се одвлече вниманието на детето од телевизорот, пак, е полесно: каков и да е страшен или неубав филм, тој има свој крај. А хазардната игра може да трае бесконечно: откако ќе изгубиш, сакаш да добиеш, а ако добиеш, сакаш да го потврдиш својот успех. За разлика од едноставните џепни игри, „вистинските" игри се многу различни. Притоа, како што велат специјалистите, секој втор месец во годината нивните програми се обновуваат (и можат да се обновуваат бесконечно), додека цената останува иста затоа што старите игри забележително поевтинуваат.
И како тогаш да не играш!?
Камплицираните електронски игри, посебно направени по принцип на „лов" или „борба", толку страсно ги заробуваат умовите и душите на адолесцентите што тие забораваат се во светот.
Познатиот научник и православен публицист В. Тростников, во статијата „Монструми за малите", компјутерските игри ги споредил со „детска дрога": во стара Русија неразумните селанки во устите на своите децадоенчиња, ставале крпчиња со афион: детето, откако ќе се нацица наркотик, си лежи мирно, а мајката тогаш можела да се позанимава со домаќинството. Сега медицината знае точно дека тоа можело да се одрази на иднината на детето. „Ама уште полошо врз детето, пишува В. Тростников, ќе се одразат електронските монструми („игрите") што го подбуцнуваат на грешни помисли и го вовлекуваат во темнина на електронска бездна".

 (Продолжува)

Korica.Detetovosvetotnatv.jpg

Прот. Александар Дубњин - ДЕТЕТО ВО СВЕТОТО НА ТЕЛЕВИЗИЈАТА И НА КОМПЈУТЕРИТЕ

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство
Господин Тимотеј
Православен Митрополит Дебарско - Кичевски и Плаошко – Струшки

Друго:

 

 


 


 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 714
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Евроски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Евроски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Наравоучение: православната психотерапија прави разлика меѓу искушенија што ни се случуваат затоа што душевно оздравуваме (очистување на срцето од страстите) или сме доволно здрави (просветлување на умот), од искушенија што...

Митрополит Струмички Наум: АНТИНОМИЧНОСТ (20.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: АНТИНОМИЧНОСТ (20.06.2020)

 Антиномично е и кога просторно и временски ограничениот човек станува благодатно секаде присутен, и во време и во простор. Антиномична е и ситуацијата кога обичен човек стекнува таква слобода пред...

« »