логоFacebookTwitterYouTubeeMail

o.tadej2.jpgБог се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат
               (Јк. 4;6)

Отец Пајсиј обично велеше:

Кога трпеливо ги поднесуваме нашите проблеми и се обраќаме на Бога за помош, забележуваме дека Тој ни го дава најдоброто можно решение. За жал, во нашето време луѓето се многу нетрпеливи. Ние не покажуваме ни најмала склоност кон трпението. Но, Христос не уверува дека само трпеливите ќе го наследат Царството Божјо: тие што го слушаат словото и го чуваат во добро и чисто срце, и донесуваат плод во трпение (Лк. 8; 15)... А кој ќе издржи до крај, тој ќе биде спасен (Мт. 24; 13) и Со трпение, спасувајте ги душите свои (Лк. 21; 19)“.

„Бог понекогаш допушта роднините или соработниците да ни создаваат неволји за да го искушува нашето трпение и смирение. Но, ние се противиме и одбиваме да бидеме исцелени, наместо да бидеме благодарни поради приликите кои ни ги дава Бог. Тоа е исто како да одбиваме да му платиме на лекарот кој ни дава инјекција кога сме болни.“

„Бог не сака, ние, Неговите деца, да бидеме вознемирувани. Тој ни дава искушенија и неволји зашто сака да бидеме совршени. Искушенијата ќе престанат да постојат во нашите животи кога ќе достигнеме ниво на совршенство“.

„Ние, христијаните треба да ја прифатиме жалоста, а не да се обидуваме да се ослободиме од неа. Жалоста е неопходна како начин кој ќе не однесе до совршенството“.

„Кога луѓето се неправедни кон нас, мораме да се радуваме на тоа, зашто ќе не заштити Божјата правда, која е помоќна од човечката. Ние, пак, или ќе бараме човечка правда или стрпливо ќе ја очекуваме Божјата правда. Но, мораме да бидеме внимателни и ние да не постапиме неправедно, зашто тоа би било нечесно од наша страна и би укажало на недостаток на љубов кон ближниот“.

„Кога некој ќе постапи нечесно кон нас, многу повеќе ќе ни користи довербата во Божјата правда отколку побуна против неправдата која ни е направена. Од тоа нема да имаме корист само ние, туку подоцна од тоа ќе имаат корист и нашите деца. Но, се случува нешто сосем спротивно ако луѓето не проколнуваат и ако клетвата е праведна“.

„Кога Бог ќе види дека сме надмени и горди, Тој допушта во нашиот живот да се појават искушенија. Тој ќе ги отстрани тогаш кога ќе види дека сме се смириле“.

***

Кога дојдов во манастир, често се прашував: „Дали како искушеник треба да се смирам и да имам послушание само кон старецот или и кон сите останати монаси?“

Еден ден, додека разговарав со старец Пајсиј за таа тема, тој ми рече:

„Мислам дека дури и животните се подобри од нас, така што и пред нив се смирувам и им сум послушен. Утрово, кога се разденуваше, бев уморен зашто се молев цела вечер. Освен тоа бев исцрпен и од болеста, така што одлучив да се одморам. Набрзо, потоа, слушнав мачка која мјаукаше како да и треба нешто. Навистина сакав да се одморам, но се смирив и постапив спротивно на својата волја. И бев послушен на мачката и одговорив на нејзиниот повик. Отидов да ѝ ја отворам вратата. Почна да врне и ја пуштив внатре да не ја наврне. Што мислиш сега? Дали требаше да му бидам послушен на тоа животно? Јас мислам дека требаше.“


„Старче, дали послушноста треба да ја практикуваме со внимание или со целосна доверба, без никакви прашања?“
Ми одговори:

„Откако доброволно ќе се потчинеме на добар духовен отец кој има смирение, тогаш треба да му бидеме послушни без никакви прашања. Ќе ти кажам еден пример, за да можеш да разбереш на кој начин Бог дејствува во нашите животи. Претпостави, игуменот да ти рече да одиш во Ивиронскиот манастир и оттаму со чамец да појдеш до Лаврата за да завршиш некои работи. Ти ќе му одговориш согласно на твојата логика: ’Отец, зарем не мислите дека духовно повеќе ќе ми користи да одам пешки низ планината, со оглед на тоа дека ќе бидам сам? Чамецот обично е полн со луѓе и можеби ќе бидам вклучен во бескорисни разговори кои духовно ќе ми наштетат?’ Игуменот можеби ќе ти рече да постапиш како сакаш, зашто нема да сака да те вознемирува. Но, ти треба да сфатиш дека постапуваш според својата волја и дека не му беше послушен. Поради тоа, Бог може да допушти да ти се случи некоја несреќа додека одиш низ планината, на пример, да те касне змија, да паднеш и да си ја повредиш ногата или да се изгубиш. Така ќе научиш да бидеш послушен и да престанеш себично да се грижиш за своето добро, наместо Него да му допуштиш тоа да го прави. Од друга страна, доколку не ја изразиш сопствената волја и го послушаш својот игумен така што ќе појдеш со чамец до Лаврата, Бог ќе те чува и средбата со другите луѓе нема да ти наштети. Ние мораме да имаме безусловна доверба во нашиот духовен отец. Ако го испитуваме и истражуваме со својата логика она што тој ни го кажува, мораме да знаеме дека во тој случај не сме послушни кон својот духовник туку на сопственото мислење и расудување. Мораме секогаш да имаме на ум дека Божјата благодат ја привлекуваат простодушните луѓе, кои смирено му веруваат на својот духовник, а не на своите мисли.


Целта на целосното и доверливото послушание на монахот кон неговиот старец е совршено очистување на умот и апсолутно потчинување на човековата волја на Божествената благодат. Кога монахот ќе се здобие со тој дар, целта послушание е исполнета, зашто за таквите нема закон (Гал. 5; 23).“

***

Отец Пајсиј велеше дека духовното делување на христијанинот мора да биде насочено кон здобивање на смирение:

„Бог безгранично го сака човекот. Нему многу добро му се познати проблемите на секој од нас и сака да ни помогне и пред да Го замолиме за тоа. Бидејќи е семоќен, нема тешкотија која Бог не може да ја надмине, освен една. Тешкотија со која Бог се соочува, и јас тоа го повторувам, е само една, т.е. Тој ’не може’ да ни помогне ако нашата душа не е смирена. Бог ’тагува’ зашто го гледа Своето создание како пати, а ’не може’ да му понуди каква било помош. Ако нешто и понуди, тоа (на човекот) ќе му наштети, зашто неговиот ум не е смирен.

Што и да му се случи на човекот, единствено зависи од неговото смирение. На пример, ние гледаме како човек се бори и на крајот ќе го потчини некоја негова страст. Бог допушта да се случи тоа само со една причина, односно затоа што неговата душа е полна со суетни мисли и гордост. Човекот можеби ја мрази таа страст и напорно се труди да се ослободи од неа. Но, тој ништо нема да постигне зашто не му помага Бог, и нема да му помогне се додека не се здобие со смирение. Иако човек ја мрази таа страст, тој е потчинет на својата гордост, а тоа е страст која не води во сите други страсти. ’Гордоста е причина за сите страсти’, вели свети Јован Лествичник.

Човекот сака духовно да напредува и го моли Бога да му подари љубов, молитва, послушание и сите други добродетели. Мораме да знаеме дека без разлика колку се трудиме, Бог нема да ни го подари тоа за што Го молиме, се додека не се здобиеме со смирение. Ако смирението е наша единствена цел, Бог се друго ќе ни даде ’бесплатно’.

Бог сака од нас само едно нешто, а тоа е смирение. Тој не сака ништо друго освен да се смириме, зашто така навистина ќе не направи причесници на Својата Божествена благодат која ни е дарувана на Светото крштение. Иако тогаш Бога сè уште не сме го сакале, иако не се подвизувавме да ја здобиеме Неговата благодат, Тој ни ја подари поради Својата бескрајна добрина. Тој од нас бара само да се смириме и да одговориме со благодарност и почитување пред Неговата љубов. Така Божествената благодат која живее во нас ќе биде покрената и ќе дејствува на соодветен начин. Таа ќе направи да го сакаме и да го познаеме Бога. Таа за нас ќе направи сè, ако се здобиеме со смирение и и допуштиме да дејствува. Единствена пречка за дејствувањето на Божјата благодат е нашата гордост и недостаток на смирение.

Во 5. поглавје од своите Посланија свети апостол Петар ни помага јасно да ја видиме својата грешка и ни кажува што треба да направиме: Исто така и вие, помладите, покорувајте им се на презвитерите; а сите, пак, покорувајте се еден на друг и здобијте се со понизност, бидејќи „Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат“. Понизете се под крепката рака Божја, за да ве воздигне кога ќе дојде времето (1, Петр. 5; 5-6).
Доколку се насочиме единствено на својот подвиг, здобивање на смирение, од Бога сè ќе ни биде дарувано како благослов. Кога, пак се грижиме за сè друго, освен за смирението, тогаш нема да се здобиеме со ништо добро. А и да успееме во тоа, нема да успееме да го задржиме подолг период. Неопходно ни е само едно нешто: смиреност на срцето која во нас ќе го всели Царството на Божјата благодат“.

Подготви: Жаклина Јовановска


(од книгата Солзи за светот,
старец Тихон ,старец Пајсиј, старец Порфириј)

 посети:{moshits}

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1552
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 990
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на...

БEСEДА прoтив злoрадoста

БEСEДА прoтив злoрадoста

Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм...

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и...

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во...

« »