логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Oче архимандрите, би Ве замолил да кажете неколку зборови за Вашиот духовен  живот, за искушенијата кои Ве напаѓаа, за тоа како ги совладувавте?  

o.tadej5.jpg

       Кога бев поставен за старешина во манстирот Покајница, тешко ја примив таа должност. Се плашев од опасностите и искушенијата кои ми ги приредуваа жителите околу манастирот. Тогаш Господ ми се јави и ме прекори. Јас одеднаш се најдов пред Него. Гледам: Господ на Себе има епитрахил, омофор преку рамената и преку омофорот уште еден епитрахил. Јас стојам пред Него и Он вели: " Зошто војуваш кога немаш послушност! Каде и да беше поставен за старешина, им здосади со молбите да те разрешат. Тоа не смееш веќе да го правиш. Знај дека секое дадено послушание треба да се изврши со многу љубов, ревносно и предадено, не обрнувајќи внимание на зависта и на злобноста која кружи и напаѓа". Тогаш три пати ме прекрсти од глава до петици, го зема епитрахилот, и го стави на мене: "Тоа е крстот кој мора да го носиш".
        Секогаш ми беше тешка старешинската должост бидејки морав своите мисли да ги врзувам за грижите околу материјалните работи, за браќата, луѓето... Тука секогаш ја губев онаа бесплатна благодат која ја здобив кога бев искушеник. Тоа создаваше нови проблеми во мојот духовен живот и го нарушуваше моето телесно здравје. Белите дробови ми оздравеа, но се појави нова болест, нервите ми попуштија. Многу време ми требаше додека да се навикнам да се опуштам. Лекарите ми даваа антидепресивни лекови, но тие ништо не ми помагаа. Ме советуваа да се опуштам, да бидам самиот на себеси лекар. И Господ погледна на мојата невоља, ми ја испрати Својата сила и јас успевав се повеќе да се опуштам. Но, и денес кога премногу ќе дозволам материјалните и другите животни грижи да надвладеат, тешко доаѓам до опуштеност, до потполна предаденост на вољата Божја, и тука настанува изворот на мојата напнатост и нервоза.Да ја немав како искушеник здобиено бесплатната благодат, старешинската должност не би ми била толку тешка. Кога ќе ме оковаат овдесветските проблеми, го губам мирот, нервозата и немирот се вселуваат во мене. Станувам напнат и нервозен.
        Еднаш го молев владиката да ме испрати на парохија, си мислев: можеби ќе ми биде таму полесно, можеби таму ќе го најдам својот мир. И владиката ми ја даде парохијата Влашки дол. Но испрати го ти каде што сакаш нервниот болен, никаде нема да му биде добро. Таму во парохијата ми беше уште полошо. Имам преосетлива природа и многу ме погодуваа невољите и проблемите на парохијаните, како и нивните гревови. За кратко време мојата состојба уште повеќе се влоши, срцето почна да ми чука како на зајак. Цела ноќ и цел ден не можев да се опуштам па одлучив да одам во манастир, да не умрам во парохијата. Дојдов во Витовница, тука еден мој ученик ме исповеда и ми даде ќелија да се одморам. Кога се разбудив наслушнував дали срцето уште работи така забрзано. Ништо не слушам, фала му на Бога, се смири. Тогаш во умот слушам зборови: "Така треба да се опушташ. Не ги земај премногу на себе  грижите од овој свет, туку чувај го својот мир и живеј со Бога. Нека оди како што оди".
 
    Во манастирот Миљково сте ги доживеале најубавите моменти во својот духовен живот. Кажете ни нешто за старешината на тој манастир, о.архимандрит Амвросиј?
    О.архимандрит Амвросиј беше човек со свет живот. За време на револуцијата бил прострелен во градите и му пострадало белодробното крило. Никогаш тоа не го залечи, а раната предизвика туберкулоза и тој како млад човек се упокои. Беше ученик на познатите старци на Оптинската пустина, а посебно имаше љубов кон Амвросиј Оптински, кој што го потстижил во монашки чин. Од него избиваше посебна љубов, неверојатна и непоматена. Тој од старците од Оптинската пустина го зел тоа што е најдобро: љубовта. Во својот живот ја внесе таа сеопфатна љубов. Беше просто неверојатен, го пленеше секој  со кого што ќе разговараше, или само ако му беше во друштво. Никогаш ниту на еден монах или послушник му се немаше разлутено, ниту пак имаше изречено барем еден прекорен збор. Трпеше многу, но се простуваше. Сите грижи и проблеми ги положуваше пред Господ и на Него единствено се надеваше. Се трудеше таа особина да им ја пренесе со својот пример на браќата, и многумина од него научија како да ја негуваат таа сеопфатна и безстрасна љубов во секојдневноит живот. Јас и самиот ја почувствував таа неoпислива  негова љубов која  тој ја поседуваше и која ја пренесе на тие браќа кои сакаа да ја наследат.
   Кога дојдов во манастирот Миљково, првото послушание ми беше да го чувам лозјето. И како што бев склон кон спиењето, задремав, а крадците дојдоа и го искрадоа грозјето. Кога се разбудив, гледам дека го нема грозјето. Се уплашив и со страв очекував економот да дојде на лозјето. Дојде економот, виде се и- ниту збор да ми рече. Ништо! Грозјето од лозјето искрадено, а тој ни збор. Утредента повторно дојде и ми рече: "Томушка"- така ме викаа како искушеник -"бачушка благослови да ти дадам ново послушание. Ќе ги чуваш овците и козите на ливадата околу Морава". И така јас станав чувар на овци. Но повторно ја оплескав.
     Ми дадоа да учам читање на часослов додека ги чувам овците, а јас читајќи часослов пак задремав. Кога се разбудив, погледав каде се овците, а тоа остана само една стара коза. Сите други некаде отишле. Брзо станав да ги побарам каде се. Кога, тие, отишле на нивата, ја пробиле оградата на едно место, влегле и го изеле целиот грав на домаќинот. А козата, кога виде дека јас трчам кај овците, и таа потрча по мене и за малку целосно ќе ја срушеше оградата. Виде после домаќинот што му направиле овците и козите и, нормално, отиде во манастирот да се пожали на о.архимандрит.
      Тој му рече на економот да ја подмири штетата на домаќинот и со тоа се се заврши. Мене барем некој да ми речеше нешто, ама баш никој! Утредента повторно дојде економот и вели: "Бачушка благослови ново послушание за тебе. Сега ќе ги чуваш кравите на друга ливада".
   Меѓутоа, приказната се повтори. Имавме шест крави, а меѓу нив една беше постара  која сакаше да се поткрадне и да направи штета. Додека ги чував кравите, внимателно ги броев за да не ја повторам истата грешка. Понесов со себе и часослов, и го читав од време на време. И така, додека читав, таа старата крава успеа да се искраде и да отиде во бавчата која беше недалеку од ливадата. Читајки така јас одвреме на време  фрлав поглед на кравите и мислев дека сите се на број. Еднаш случајно внимателно ги пребројав и гледам дека ја нема таа старата крава. Се потресов и потрчав да ја побарам. Кога погледнав по бавчите, таа веќе беше во третата и целата зелка ја изгризала и ја изгазила. Домаќинот повторно се жалеше, и повторно дојде економот. Новото послушание ми беше во трпезарија и во црква.
        Тоа е само еден дел од искушенијата кои о.архимандрит Амвросиј ги покриваше со својата неизмерна љубов. Имаше тука и многу полоши и поболни, но о. архимандрит секогаш одговараше само со својата љубов. Еден монах кој што некогаш бил губернатор, окружен началник – а тоа во Русија било голема личност – сакаше многу да пие. Знаеше да го напушти манастирот и да отиде на село, и по една недела да го нема. Мораше старешината да го побара и да го врати. Пие и само пие, а о.архимандрит да му каже барем еден збор за тоа што го прави – ништо. Се покрива со љубовта како ништо да не било.  Се гледаше дека трпи и страда за се, но никому ниту еден збор да рече. Доаѓаше во црква на богослуженијата секогаш прв и ќе застанеше покрај игуменскиот стол. Се гледаше дека просто е искршен од грижи, но никому ништо да му каже, се положуваше на Господ. Никогаш никого немаше казнето. Никому дури ни лоша мисла му немаше упатено, ни прекорлив поглед, ниту било што. Секого го љубеше таков каков што е и се молеше на Бога Тој да го просветли. Со својот пример на живеење најмногу поучуваше и настојуваше секого преку тој пример да го доведе на патот на спасението. Навистина, исклучителна душа беше о.архимандрит Амвросиј, полн  со љубов и умиление. Штета што болеста прарано го однесе од овој свет.
         
          Оче архимандрите, кај Вас во манастирот Витовница доаѓа многу народ кој бара утеха. Ве молам да ни кажете како и кога тоа започна? .............

 (продолжува)

„Мир и Радост во Светиот Дух“ -
 Старец Тадеј  Витовнички

Подготви : Сузана Стефановска 

Мислениот хаос кај нас и во нашата држава доаѓа од нашите мисли

О.Тадеј: „Мислев дека сите монаси, свештеници и епископи имаат бесплатна благодат...“

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1552
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 990
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на...

БEСEДА прoтив злoрадoста

БEСEДА прoтив злoрадoста

Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм...

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и...

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во...

« »