логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Исламот се прошири од Исток кон Запад и познато е дека западното општество денес е преплавено од Муслимани. Го велам ова затоа што многумина од нас ја немаат осознаено суштината на проблемот и затоа во нашата мисла го имаме поврзано Муслиманството со Истокот.

Многу европски земји имаат огромни проблеми од влегувањето на Муслиманите. Секако, не се сите Муслимани агресивни, бидејќи постојат многу личности на Исламот и поради тоа постојат тивки и мирни Муслимани, како што постојат и агресивни Муслимани.

Би сакал да видиме неколку факти за процентите и за бројките на Муслиманите кои живеат во Америка, токму затоа што таму се создаде проблемот.

“Согласно со Американскиот Муслимански Совет, чие седиште е во Вашингтон, денес во САД функционираат над 1500 џамии од кои 100 и повеќе во Калифорнија каде живеат околу два милиони муслимани, и свое седиште имаат повеќе од 200 студентски сојузи. Според Муслиманскиот Совет, во целата земја постојат над 165 исламски училишта, 500 исламски организации и 100 исламски весници.

Според квантитетот, муслиманите сочинуваат 3,4% од вкупното население на Калифорнија, 4,7% од Њујорк, 3,6% од илиноис, 2,5% од индијана, 1,8% од Мичиген, 2,4% од Вирџинија, 0,7% од Тексас, 1,2% од Охајо и 1,4& од Мериленд.

Американските Муслимани тврдат дека ја откриле Америка 300 години пред да ја открие Христифор Колумбо! Се повикуваат на кинески ракопис од 1178 година кој тврди дека првите муслимани стигнале таа година во МУ - ЦАН - ПИ (Америка). Во 1981 година беше основана првата исламска библиотека во Плаин - Фиело - Индијана. Во 1982 година беше основана исламската заедница на Северна Америка. Во 1991 година имамот Сирај Њаххаз упати молтва во американското Собрание на Гувернерите! Тоа беше првиот муслиман на кој му било дозволено да го стори тоа. Над 5000 муслимани војници служат во американската војска, но до овој момент немаат ниту една џамија согласно со Стејт Департментот. Во 1991 година градот Кунџе во Тексас го избра првиот муслиман градоначалник Чарлс Билал. Во 1992 година имамот Њаритх Деен Мохаммед упати молитва во американскиот Сенат, за првпат во историјата.

Вкупниот број на муслиманите во САД денес е околу 8 милиони”.Денес Америкнаците го сфаќаат проблемот што постои, додека до скоро ги поддржуваа Муслиманите против Православието, како што тоа јасно го гледавме во нашава област, односно ги поддржуваа Муслиманите на Балканот и Турците.

Покрај тоа што Западните Христијани (Паписти и Протестанти) Го прифаќаат Христа како началник на нивната религија, а Муслиманите го прифаќаат Мухамед како нивни водач и тоа е основната разлика, сепак постојат многу елементи кои покажуваат дека Западните Христијани од страна на теологијата и на начинот на живот повеќе се сродни со Муслиманите отколку со Православните.

Ќе го сконцентрирам вниманието на пет конкретни точки во кои се гледа сродноста на Муслиманството со западното Христијанство и отклонувањето на двете од Православното Предание.


Првата точка е безличниот и личниот Бог.
Во учењето на Исламот станува збор за еден Бог кој нема син. Значи, се нагласува единственоста и непристапноста Божја. Во Омаровата џамија во Ерусалим напишана е заповедта: Верници, да знаете дека Алах нема син. Во Коранот честопати се вели: “Твојот Бог е еден и единствен. Не постои (друг) Бог освен него, милосрдниот и милостивиот”. Според тоа, Богот на Муслиманството не е Троичен, не се состои од три личности и затоа е несфатливо дека Бог е личност. Во Суфизмот, пак, се нагласува суштината Божја.

Во Западното Христијанство се забележува истиот феномен. Под влијание на ставовите на блажениот Августин западната Теологија смета дека во Бога претходи суштината, а потоа следат Личностите. Западните христијани не можат да го сфатат односот помеѓу личностите и суштината, па затоа и стигнаа до телогијата на Филиокве, која го расцепкува единството на Личностите на Светата Троица. Исто така, во западното Христијанство не можат да го сфатат поимот на личноста на човекот, кого го сфаќаат како индивидуа. Така, западните Христијански Конфесии повеќе се сродни со учењето на Муслиманството за Божјата суштина отколку со Православието кое верува во Личен Бог, во реални односи помеѓу Личностите на Светата Троица и во тоа дека Бог комуницира со светот преку Своите несоздадени енергии.


Втората точка е човекоцентричниот и мистифицирачкиот карактер.
Коранот се одликува со својот човекоцентризам и со својот реалистичен и општественополитички акцент. Затоа Мохамед проповеда против монашкиот живот. Повеќе се интересира за општествениот карактер на неговите следбеници. Меѓутоа, подоцна се развил Суфизмот кој се одликува со еден безличен мистицизам под влијание на неоплатонизмот, но и под влијание на еретичкото Христијанство.

Токму тој човекоцентричен карактер и безличниот мистицизам го среќаваме во западното Христијанство. Она што го забележуваме во западните општества е дека се темелат на човекот, а не на Богочовекот (како што тоа го докажа во своите списи незаборавниот отец Јустин Поповиќ), но и кога зборуваат за внатрешна духовност тие се движат во еден надличен апсолутен и мистифициран простор.

Напротив, во Православната Црква центар на нејзиното учење и на нејзиниот живот е Богочовекот Христос, а животот во Христа е заедница на човекот со Бога, употребувајќи го православниот терапевтски метод кој се состои од очистувањето, просветлувањето и обожувањето. Тоа ја сочинува трезвеноумната Теологија. Секако, знаеме дека едно е мистицизмот, а друго е трезвеноумната - мистична Теологија.


Третата точка е општествената и душевна благосостојба.
Кога зборуваме за благосостојба, овде мислиме на трудот на човекот да ги задоволува своите желби додека живее во овој свет и, секако, по својата смрт да влезе во еден простор каде ќе се задоволуваат сите сетила на човекот.

Таа благосостојба е видна во Коранот и во целото Муслиманско учење. Со многуженството, но и со други одредби, Муслиманот ја стекнува благосостојбата, но тоа задоволување на сетилата и на желбите ќе продолжи и по смртта. Познати се ставовите на Коранот за Рајот и, како што се верува, благосостојбата на Алаховите верници што ќе се случи во другиот живот е рефлексија и зголемување на она што можат да го уживаат уште од овој живот.

Западниот начин на живот во оваа точка личи на Муслиманстото, бидејќи се интересира за задоволувањето на сетилата и за стекнувањето на благосостојба. Се работи за една евдемонистичка цивилизација, и западниот Христијанин не поседувајќи го целото аскетско предание смета дека стекнувањето на материјални добра и задоволувањето се дар и благослов Божји.

Напротив, Православната Црква со аскетскиот начин на живот кој е поврзан со трудот да се ослободи човекот од себељубието и од задоволството со доживувањето на скрбта - болка, јасно се разликува од хедонистичкиот и евдемонистичкиот начин на живот како на западните така и на источните религиозни индивидуи.


Четвртата точка е учењето на Муслиманите за Коранот и учењето на западните Христијани за Светото Писмо.
Исламот е единствената религија во која откровението не е дадено од личност, туку со света книга. Се верува дека Коранот е испратен од Бога и во суштина тој е Божјото слово. Муслиманите го почитуваат Коранот како лично битие, а самиот Мохамед се наоѓа под сенката на неговото ветување. Коранот, според муслиманското предание, е вечен и несоздаден и постоел отсекогаш со Бога како вечно објавување на Божјата волја. Според тоа Коранот се поистоветува со откровението и од него зависи спасението. Мохамед е обичен носител на тоа откровение. Така се објаснува тоа што во Муслиманството се незамисливи свети тајни, ниту посредник помеѓу Бога и човекот.

Токму тие ставови многу нé потсетуваат на учењето на западните Христијани, воглавно на Протестантите, кои го сметаат Светото Писмо како откровение и само врз него се темелат, одрекувајќи ги Светите Тајни, светоотечкото учење, светителите, светите икони и целото дијахронично предание на Црквата.

Напротив, во Православната Црква веруваме дека Откровението им се дава на светителите кои имаат достигнато до обожување, и кои го опишуваат тоа откровение во нивните текстови. Исто така, веруваме дека центар на нашиот живот е личноста Христова и доаѓаме во општење со Него, учествувајќи во светите Тајни на Крштението, на Миропомазанието, на Божествената Евхаристија, секако, со соодветни претпоставки, односно со аскетската теологија која се состои во очистувањето, просветлувањето и обожувањето.

Петтата точка е таканаречениот теократски торталитаризам.
Исламот е еден теократски систем. Во Исламот не постои разлика помеѓу религија и држава. Мохамед не беше само пророк, туку и политички водач на неговата заедница. Коранот е и Устав на државата и, било религиозните, било политичките закони имаат религиозен карактер и произлегуваат од Божјите заповеди. Во овие рамки треба да се постави и учењето за војната која се смета за света. Земјите кои се наоѓаат надвор од Исламското владеење се нарекуваат “дом на војна” и се разликуваат од земјите кои се под Исламско владеење и кои се нарекуваат “дом на Исламот”.
Ова теократско сфаќање на општеството се среќава и кај Франките кои кога ја освоиле Европа го наметнале феудалниот систем, со усвојување на сфаќањето за светата војна. Не можеме да заборавиме дека и денес Ватикан е теократска држава во која се поистоветува религиозната со политичката власт и која ја благослови светата војна, т.е. Крстоносните војни заради “свети” цели. Но и Протестантските конфесии, како што е Калвинизмот, се вдахнати од такви теократски ставови. Познато е дека војните за кои се решаваат и кои ги водат западните Христијани имаат јасен “свет” карактер, како што тоа го гледаме во нашево време.


Поради тие причини сметам дека теологијата и духот на западното Христијанство повеќе се поврзани со муслиманската теологија отколку со теологијата на Православната Црква. Впрочем познато е дека како што постои муслимански фундаментализам, така можеме да забележиме дека постои и христијански фундаментализам, како што јасно се гледа кај христијанските конфесии на Запад.


Митрополит на Навпактос Јеротеј

Подготви: А.С

 

Посети:{moshits}

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5814
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6631
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6419
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5612
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

20/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (на масло)

Св. Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Св. маченик Калиопиј; Преп. Данило Перејаславски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная