логоFacebookTwitterYouTubeeMail

   

o.tadej2.jpg

Оче архимандрите, кажете ни што Ве поттикна да се одлучите за монашкиот живот и како помина времето од денот кога стапивте во манастир до денес?

    Во младите години од својот живот, кога имав петнаесет-шеснаесет  години, силно се имав преладено. Добив запаление на белодробна кошулка и на белите дробови па морав да заминам на болничко лечење. После три и пол месеци лечење во болницата мојата состојба не беше подобра.


    o.tadej5.jpg Јас од секогаш бев вегетаријанец, воопшто не можев да јадам мрсна, пржена храна, дури ни млеко ни јајца, па поради тоа белодробната болест  за мене беше многу тешка.Се состана и конзилиум на лекари, за да ја испитаат мојата болест. После советувањето одлучија да ме стават на посебен вид терапија – примање на пнеумоторакса. Тоа е напумпување на белодробното крило со кислород помешан со разни лекови. Од тие кои го примаа тој вид на терапија дознав дека е многу тешка, дека ни тие што се физички поотпорни не можеле да ја поднесат. Па им реков на лекарите: ако имате некое друго средство, добро, а ако не, јас не се согласувам на терапија. Тие ми се налутија: "Ти нас ќе не учиш како да те лечиме! Утре да дојдеш на антитуберкулозното одделение да ја примиш првата терапија! "


     Па добро, си мислев во себе, тешко дека утре ќе ме видите. Прашувам: колку долго ке живеам јас без тие ваши лекарства? Една докторка ми вели: "Ако сакаш да се покориш на нашиот совет, можеби ќе оздравиш, а ако не, најдолго ти останува пет години живот ". Значи, си мислам, не сте сигурни во моето оздравување од терапијата. Се помирив со својата состојба и тогаш одлучив тие пет години да му послужам на Бога. Меѓутоа, се појави нов проблем. Моите родители не сакаа да се согласат со мојата одлука.


     Мојата внатрешна одлука не ми даваше мир па така и против родителската воља отидов во манастирот Горњак. Таму стигнав во вечерните часови, токму кога старешината излегуваше од црквата после вечерната служба. Тој ме прими и во разговорот со него му ја соопштив мојата одлука да се посветам на службата кон Бога и му објаснив како го замислувам монашкиот живот. Со нас беше и еден монах, Русин. Не се сеќавам веќе што му изнакажав на старешината, дури другиот ден, пред службата, гледам дека оној монахот носи просфора, вино и вода во црквата. Влезе тој во црквата, јас веднаш по него. Тој го однесе виното, водата и просфората во олтарот, а јас останав да ја целивам иконата. Кога се врати од олтарот, ми рече: "Јас синоќа слушав што разговараше со старешината и како ти го замислуваш монаштвото.Така како што ти го замислуваш никаде во нашите манастири нема да можеш да го најдеш. Таква устроеност постои само кај Русите во манастирот Миљково. Таму се собраа Русите кои побегнаа од манастирот Ваалам во Финска".


      Кога во 1924. година манастирот Ваалам припадна на Финска, која беше под Цариградската патријаршија, мораше да го прими новиот календар. Оние монаси кои не сакаа да го прифатат новиот календар биле протерани, а кога сами се организирале бараа да ги прими некоја друга патријаршија. Поднеле молба до Српската црква, која ги примила и ги распоредила по манастирите. Така руските монаси дошле и во манастирот Миљково, и тука го вовеле правилото по кое живееле во манастирот Валаам.


       "Ти треба таму да одиш", ми вели мене монахот, "единствено таму ќе го најдеш тоа што душата ти го бара". Ќе ме примат ли, прашувам. "Ќе те примат ". Така отидов во манастирот Миљково.


    Кај манастирската капија затекнав еден искушеник и го запрашав: тука ли е старешината? "Тука е". Ќе ме одведеш ли до кај него? И ме однесе позади кошот. Тука гледам, старешината ја препојасал мантијата, си ги собул обувките и гази на блато помешано со плева. Ме погледна и ми вели: "А, ти сакаш да бидеш монах!". Сакам, му велам.( Беше со свет живот архимандритот Амвросиј!) "Па добро", вели, "еве јас ја спремам бањата за браќата". Бањата е затворена просторија со лежиште за казан покрај кој се наоѓаат камени плочи. Под казанот и плочата гори оган. Кога водата ќе зоврие и камените плочи ќе се вжештат, тогаш еден монах зема вода од казанот и со неа ги полева вжештените камени плочи. Така целата просторија ќе се наполни со пареа.  Јас тешко ја поднесував пареата бидејки бев со белите дробови. Морав да клекнам на подот, каде што немаше пареа.


    "Одведи го братот малку да се поткрепи и дај му ќелија малку да се одмори, бидејки вечер ќе има бдение, а тој не е навикнат на нашите долги служби", рече о.архимандрит Амвросиј и искушеникот ме однесе во ќелијата да се одморам. Вечерта почна бдението, почнува во 6 и трае до 11 часот. Секој ден служеа Света Литургија и полно правило. Кога дојде понеделник, о. Архимандритот ме викна и ме праша: "Ти се допаѓа нашиот живот? Ќе останеш ли кај нас?". Ми се допаѓа! "Па добро, ќе останеш ли? " Ќе останам! "Се договорив со о. Павле" – о.Павле беше Босанец, постар човек, веќе околу 70 години, тој на млади години отишол во Америка и таму долго живеел, се вратил и дошол во манастирот Горњак, каде што и се замонашил – "тој го чиува лозјето. Кај лозјето има една зграда, таму тој спие; ти ќе одиш да го чуваш лозјето, а о. Павле ќе се симне во манастирот да помогне на браќата, бидејќи тој е искусен монах". И така јас останав во манастирот Миљково...

(Извадок)

„Мир и Радост во Светиот Дух“ -
 Старец Тадеј  Витовнички

Подготви : Сузана Стефановска 

Мислениот хаос кај нас и во нашата држава доаѓа од нашите мисли

О.Тадеј: „Мислев дека сите монаси, свештеници и епископи имаат бесплатна благодат...“

 

Посети:{moshits}
  



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1552
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 990
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на...

БEСEДА прoтив злoрадoста

БEСEДА прoтив злoрадoста

Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм...

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и...

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во...

« »