логоFacebookTwitterYouTubeeMail

За мажите и жените (1)


По сè изгледа, за ништо не е пишувано толку многу колку за односите помеѓу мажите и жените. И во православниот светоглед, исто така. Би можело да се каже-особено во православниот светоглед.

Мене ми се чини дека во односите помеѓу православните мажи и жени има извесни нијанси кои не се сосема правилно разбрани, како од едната, така и од и другата страна. Поради тоа и се честите взаемни обвинувања (некои тоа го прават гласно, други пак, во сопствените мисли). Постојано во печатот сретнувам православни автори кои во извесен степен агресивно ја истакнуват машката доминанта. Да речеме вака: тоа е само делумно точно. Дајте заедно во Писмото да ја проследиме промислата Божја за мажите и жените.

И така, најнапред се сретнуваме со волјата Божја за мажите и жените во книгата Битие (см.: 1,26–29) каде што Бог му заповеда на човечкото семејство да се плоди и размножува и да господари над ѕверовите. Тука не може ниту да стане збор за некаква хиерархија. Тоа е поради тоа што на почетокот се зборува за создавањето на човекот како феномен, а дури потоа за поделбата на овој феномен. Или како што пишува јеромонахот Среафим (Роуз): „Во Божјата идеја за човекот, може да се каже – за човекот како граѓанин на Царството Небесно, – нема разлика помеѓу мажот и жената, но Бог, однапред знаејќи дека човекот е склон кон гревопад, ја устроил оваа разлика”.

Создавање

Ева е иста таква помошничка на Адам, како што Адам – е помошник на Ева. Помошник – во богоспознавање преку својот ближен.

Создавање

Во втората глава од книгата Битие поподробно дознаваме за создавањето на човекот: Адам бил создаден прв, Ева пак, втора – од реброто на Адам „како помошник, по подобие” на Адама (види: Бит. 2,20). Некои се наклонети да ја гледаат хиерархијата на следниот начин, дека Ева – е помошничка на Адама, и штом таа е помошничка, значи – Адам е главниот. Сепак, како правилно би се разбрало ова место, по неопходност се поставува прашањето: а во што било толку неопходно да му се помага на Адама? Секако, во Битието се работи и за тоа дека Адам бил должен да го обработува Едем хранејќи се од него (см.: Бит. 2,15), но наивно е да се претпостави дека Адам и Ева според замислата Божја биле задолжени да ја ораат земјата: „Што недостасувало во рајот?” – како што забележува светителот Јован Златоуст при толкувањето на овој фрагмент. Но ете, бил неопходен обработувач, но тогаш каде е плугот? А каде се пак останатите орудија за земјоделие? Божјото дело се состоело во тоа да се делува и да се храни со заповедите Божји, да се остане верен на заповедите… зошто доколку се вкуси (од забранетото дрво), тоа значи смрт, а доколку не се вкуси, тоа значи живот”.

Во оваа светлина станува појасно што означува зборот „помошник”. Како што говорат богословите, Адам нема видено во рајот – ниту еден човек. Во таа смисла, како би се усовршил, на Адама му недостасувало да се препознае во уште еден образ Божји, да излезе од себе си за да се спознае себе си, за да препознае исто такво создание Божјо. Од таа гледна точка Ева е иста таква помошничка на Адама, како што Адам – е помошникот на Ева. Помошник – во богоспознавање преку својот ближен.
Создавањето на Ева

Кога Господ ја доведува Ева при Адама, тој рекол: А човекот рече: „Еве сега коска од моите коски, и плот од мојата плот. Нека ѝ биде името жена, зашто е земена од мажот! Затоа ќе го остави човекот таткото свој мајката своја и ќе се прилепи кон жената своја; и обата ќе бидат едно тело” (Бит. 2,23–24). Создавањето на Ева од реброто на Адама, исто така, не укажува на подчинетата состојба на Ева (ова подолу ќе стане појасно), туку на еднаквоста на нивните природи. За Адам и Ева да бидат од една единствена плот – Господ не ја користи земјата за создавањето на Ева, како што било со сите животни и со Адама, туку дел од телото на Адама.

Трет пат ние стануваме сведоци на взаемниот однос на Бога со човечкото семејство откако се случил падот во грев. Последователно откако Адам и Ева ја префрлуваат вината за прегрешението еден на друг, Господ го изрекува својот праведен суд. Имено тука е потребно внимателно да се задлабочи во библискиот текст: „А на жената ѝ рече: Ќе ти ги умножам и преумножам маките кога си бремена; со болки ќе раѓаш деца, и ќе бидеш под власта на мажот твој, и тој ќе ти биде господар!” Па потоа му рече на Адама: „Бидејќи ја послуша жената и вкуси од дрвото, од кое ти забранив и реков – не јади од него – затоа земјата нека биде проклета заради тебе; со мака ќе се храниш од неа сè до крајот на својот живот; трње и троскот ќе ти раѓа; и ти ќе јадеш трева полска. Со пот од лицето свое ќе јадеш леб, сè дури не се вратиш во земјата, од која си земен; зашто си земја, и во земја ќе се вратиш!” (Бит. 3,16–19).

Да обрнеме внимание: Бог го обзнанува Својот приговор. Сето напишано во библиските стихови – е казна Божја. За жената тоа е казна – и маките на бременоста, и болката на раѓањето – понатаму логиката не ни дозволува да запреме – и приврзаност кон мажот, и власта на мажот над неа. Ова ново читање ни дозволува да се вратиме малку назад и да разбереме дека доколку власта на мажот над жената – е казна поради падот во грев, следствено – до падот во грев мажот не само што не господарел над жената, туку тие биле во целост рамноправни. За ова говори свети Јован Златоуст: „Небаре правдајќи се пред жената, човекољубивиот Бог говори: на почетокот Јас те создадов еднаква по чест (со мажот) и сакав, ти бивајќи по достоинство еднаква со него, да заедничариш во сè, и како на мажот, така и тебе ти доверив власт над сите твари; но бидејќи ти не ја искористи еднаквоста по чест како што доликува, заради тоа те потчинувам на мажот: и ќе станеш зависна од мажот, и тој со тебе ќе завладее.. ”
Изгонување од рајот

Како што не умееше да началствуваш, сега научи да бидеш потчинета за твое добро. Подобро ќе ти биде под неговото началство, и да бидеш од него издржувана, отколку, користејќи ја слободата и власта да избрзуваш со своите желби.

Понатаму, после изгонувањето на Адама и Ева од рајот го гледаме во сета старозаветна историја осуштествувањето на Божјиот суд: над жената господари мажот. Пред сè, тоа се согледува и во озаконетиот факт, да се има повеќе жени.

Всушност, и во Новиот Завет апостолот ги опоменува жените да им се покоруваат на мажите: „Па така и вие жените, бидете им покорни на своите мажи ” (1 Пт. 3,1). Но тука веќе има и друга забелешка, совршено незамислива за старозаветните односи: „Така и вие, мажите, живејте со своите жени разумно, и почитувајте ги како послабо суштество, и како сонаследници на благодатниот живот..” (1 Пт. 3,7). Жената веќе не се восприема така како порано, и љубовта на сопружниците се восприема духовно: „Вие мажите, сакајте ги жените свои, како што и Христос ја засака Црквата, и се предаде Себеси за Неа” (Еф. 5,25).

Сепак, гледаме од Евангелието дека и овие возвишени односи – не ја претставуваат таа граница која што ние сме должни да ја достигнеме, не некаков „план” Божји за човекот. Ние го спознаваме совршенството во зборовите на Христа, и тоа се однесува кон тајната на идниот век: „Зашто, кога ќе воскреснат од мртвите ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат, туку се како ангели на небесата” (Мк. 12,25). И апостолот вели: „Нема веќе ни Јудејци, ни елини, ни роб, ни слободен; нема машки пол, ни женски; зашто сите вие сте едно во Христа Исуса” (Гал. 3,28).

Нееднаквоста на мажите и жените – тоа е казна Божја, епитимија, а секоја епитимија има привремен карактер.

И така, гледаме дека еднаквоста на мажите и жените е нарушена поради падот во грев, нееднаквоста пак, се јавува во делот на односите во сиот паднат свет, и во него нема искрена, изворна, неповторлива љубов. Се работи за Божја казна, епитимија, а секоја епитимија има привремен карактер и се прекратува со разрешување од гревот. Во Царството Божје, местото каде се простени и разрешени гревовите, и каде сите пребиваат како Ангелите разликувајќи се само според благодатта и славата која светите ја здобиле поради своите подвизи, а најмалку поради полот, титулите или било што друго земно.

Исто така, на ум надоаѓаат примери од аскетската литература. Најверојатно сите се сеќаваат како расудува преподобниот ава Доротеј за стравот Божји. Според него, секој христијанин е должен да има страв Божји, почетникот и усовршениот го имаат во различно својство. Стравот Божји кај почетникот – е страв на роб кој се плаши од казнување. Стравот Божји кај средниот – е страв на наемник кој се плаши дека ќе ја загуби платата од својот труд. Стравот Божји кај усовршениот – е страв на син кој избегнува да го натажи својот родител. Во извесна смисла, и жената во Стариот Завет изразувала ропско послушание. Во Новиот Завет пак – веќе слободна и со можност да добие награда во вечноста. И во идниот век – да влезе во достоинството на ќерка, како што мажот – влегол во достоинството на синот, изразувајќи го на Отецот своето вистинско послушание.

Што да се заклучи од горенаведеното? Пред сè, опомена за мажите. Како свештеник, имав прилики да засведочам мажи кои послушанието го сметаат – за особеност на женската природа, и затоа послушништвото на својата втора половина се обидуваат да го наметнат само со зборови, а никогаш со дела. Сум видел и како нашиве „православни” брадички кои што поради своеволие своите прекрасни половини би можеле во заби да ги носат. Јасно е – дека за таквите веќе нема вразумување, – таквите просто треба да се исклучат од Причеста, сè додека не им дојде памет во глава. Моите зборови – се за пресметливите луѓе. Не треба да се врши притисок врз жените! Ним и така не им е лесно. Кој ќе биде повисоко во Царството Небесно – знае само Бог.

(продолжува)
Свештеник Сергеј Бегијан
Извор: Православие.ру.
Превод: Пантелеј Кондратјук
Рецензија: отец Горан Тасески

Извор: Агапи

 Создавање



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 716
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Наравоучение: православната психотерапија прави разлика меѓу искушенија што ни се случуваат затоа што душевно оздравуваме (очистување на срцето од страстите) или сме доволно здрави (просветлување на умот), од искушенија што...

Митрополит Струмички Наум: АНТИНОМИЧНОСТ (20.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: АНТИНОМИЧНОСТ (20.06.2020)

 Антиномично е и кога просторно и временски ограничениот човек станува благодатно секаде присутен, и во време и во простор. Антиномична е и ситуацијата кога обичен човек стекнува таква слобода пред...

« »