логоFacebookTwitterYouTubeeMail

stefan.osvet2.jpg

 

† Стефан
Архиепископ Охридски и Македонски

 

 stefan.osvet1.jpgДа Му благодариме на Бога, по молитвите на Пресвета Богородица, што ни го дарува овој ден за радост, за радост на благочестиви христијани во Скопје и Македонија, за радост на сите богољубиви луѓе, за радост на земјата и небото и на целата Божја Црква.
Храмот е дом Господен и претставува „парче небо на земјата!” Негова основна цел е да им Го доближува Бога на луѓето, како и тоа нив, луѓето, меѓусебно да ги зближува. А, градењето на сакрални објекти, на храмови и манастири, значи градење на вечност и вградување во неа.
Со денешниов чин на осветувањето, конечно, се исполнија желбите на многу побожни скопјани, кои посакуваа да се возобнови некогашниот катедрален храм, храмот кој со децении бил духовен столб и место за духовна поткрепа на многу скопски и македонски генерации. - Опожарен и разграбен, разурнат и потиснат од многу планови и желби на времето, со децении овој свет храм лежеше под своите урнатини и под тежината на нашата негрижа.


stefan.osvet3.jpgЌе потсетам: неговата градба била оштетена од пожар при крајот на Втората светска војна како и од катастрофалниот земјотрес што го зафати Скопје во 1963 година. Но, овој храм најмногу настрадал од несовесното и безбожно однесување на оние кои го изгореа повеќе од пожарот и од оние кои на него удрија посилно и од земјотресот. Околу овој храм присутна е невидена противречност: истиот бил подигнат во време на Османлиите, во време кога со Скопје и со Македонија владееле друговерни, а бил урнат во солидарно Скопје и во слободна Македонија! Но, и овде се потврди тоа дека, и ако успееме да ја урнеме материјалната градба, останува светоста на храмот, останува духовниот пламен, од кои, кога ќе дојде време - ќе воскресне и ќе се возобнови тој храм. И, еве, се исполни времето и дочекавме пак да го слушнеме гласот на богородичните камбани во Скопје, дочекавме да ја видиме возобновена древната величествена духовна тврдина наспроти Скопското Кале и дочекавме да вкусиме од недотечливиот духовен источник покрај Вардар...
Овој прекрасен храм, посветен на Раѓањето на Пресвета Богородица, бил место во кој духовно се родиле, духовно прогледале и духовно израснале многу скопски генерации. Бил вистинско духовно пристаниште во многу невремиња и немирни години, во, можеби, најтешкиот период во историјата на Скопје и Македонија. Овој храм бил сведок и за многу радости, но запамтил и многу премрежја и црнила. Но, еве, дојде <бел ден” и за него, дојде ден за радост на неговите некогашни ктитори, градители и украсители. Затоа, на овој воскресенски ден за храмот, да си спомнеме за Хаџи Трајко - најголемиот дарител, за тајфата на мајсторот Андреја Дамјанов, за неуморниот Дичо Зограф и за сите коишто на свој начин се вградиле во градбата на првиот храм. Да си спомнеме и за сите кои се крстиле, венчале и погребале, за сите што се молеле и поклониле во некогашниот храм, за сите коишто овде Го сретнале и примиле Бога. Но, како христијани, да се помолиме и за оние коишто злотвореле, го урнале или сакале нешто друго да изградат на ова место, да се помолиме и ним Господ да им прости, а особено на оние што спроведувале туѓи наредби и желби. Исто така, на овој ден сакам да си спомнеме и за многу, особено повозрасни побожни скопјани, коишто со тажни воздишки, честопати прашуваа - <кога повторно ќе се изгради Пресвета Богоро¬дица - желба ни е да го доживееме нејзиното возобновување...”


stefan.osvet4.jpgИ, еве, даде Господ - дочекавме да ја видиме и да ја имаме возобновена црквата на Мајката Божја во сета нејзина духовна убавина и големина. А за тоа треба да му благодариме на благочестивото семејство на г. Трифун Костовски, со чии средства е целосно возобновен храмот со камбанаријата, внатрешното и надворешното уредување. С# што е направено досега е со средства на семејството Костовски. Исто така, сакам да им заблагодариме на сите што помогнаа - на членовите на Одборот за обнова на храмот, на архитектите за проектот, а особено за стручната помош на покојниот Тодор Паскали, на Скопскиот Завод-Музеј, како и на членовите на МАНУ - на претходниот претседател академикот Цветан Грозданов и на академикот Крум Томовски, кои секогаш имаа време кога во парашање беа стручните совети околу изградбата на овој храм. Сакам да им заблагодариме на градителите, на каменоресците на овој прекрасен иконостас и на сите коишто учествуваа во неговото возобновување.
Ви благодарам и Вам - браќа архиереи и сослужители, Вам Ваши Екселенции, и на сите вас, возљубени во Господа, што дојдовте да се радуваме на овој ден за радост на Скопје и на сета Македонска православна црква.
Нека ни е честито осветувањето и нека биде веч ен овој храм!
Амин! На многу години!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

stefan.osvet6.jpg

stefan.osvet7.jpg

Посети:{moshits}



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1115
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1672
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1107
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА за Христoвoтo мирoтвoрствo

БEСEДА за Христoвoтo мирoтвoрствo

Да, и пoкрај тoа штo сè уштe има вoјни. Глeдај, вoјнитe пoмeѓу христијанскитe нарoди нe сe истo штo и вoјнитe пoмeѓу нeзнабoжцитe. Нeзнабoжцитe вoјувалe сo гoрдoст, христијанитe вoјуваат сo срам....

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Мојсеј влегол во тој облак и му било дозволено да разговара со Бога како пријател со пријател; му било дозволено да види како Бог поминува покрај него, сè уште без...

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

„Според православната црковна антропологија на Светите Отци, суштината на умот се наоѓа во срцето како духовен центар на човекот, а енергијата на умот преку  сетилата се расејува по светот. Насочувањето...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Ние можеме да се молиме за здравје и за сè друго што нам ни се чини дека е добро да бараме, но не смееме да очекуваме дека ако одиш во...

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Сите сме жртви на суетата, помалку или повеќе. Забораваме дека гревот што го „препознаваме“ кај нашиот ближен, според Светите Отци, постои и во нас или е најчесто само наша проекција....

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН  и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Просто, сме станале верна копија на старозаветните Црква, храм и свештенство – во нивната изобличеност, со слични рестриктивни правила кон обичниот верник (сепак носител на царското свештенство) и со ист...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Оваа состојба на демоноопседнатост не е некаков мит или обична приказна, или пак, средство за заплашување. Не, таа е реалност и постои. Колку и да се обидуваат некои да ја...

« »