логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Равенскиот инцидент е инсцениран со цел Московската Патријаршија да се постави на свршен чин пред новиот модел на црковно устројство


 

Конфликтот помеѓу Московската и Цариградската патријаршија кој се појави во текот на последното заседание на Мешаната православно-католичка богословска комисија, продолжува да се развива, без оглед на тоа што од моментот на октомвриската средба на членовите на Комсијата во Равена помина повеќе од еден месец. 

Делегацијата на Московската патријаршија го напушти едното од првите заседанија на Комисијата, несогласувајќи се со учеството во неа на претставниците на т.н. „Естонска апостолска Црква“, која во 1996 година e основана од Цариградската патријаршија на канонска територија на Руската Црква. На крајот, учесниците на заседанието во отсуство на преставниците на Руската Црква го прифатија заклучниот документ, со кој се дефинира нивното заедничко гледиште на природата на власта во Универзалната Црква. Изјавите кои следеа од страна на Московската Патријаршија за тоа како без потпис на најголемaтa Помеснa Црквa равенскиот документ не може да се смета за легитимен, членовите на Комисијата ги отфрлија, како православните така и католичките.

Предводникот на делегацијата на Московската патријаршија во Равена, претставник на Руската Православна Црква во меѓународните организации, Епископот бечки и австриски Иларион, во интервјуто за „Интерфакс-религија“ ја даде својата оцена, како за спорните точки на равенскиот документ, така и за целиот тек на полемиката која се разви околу тоа во последниов месец.

 Владико, овие денови италијанскиот весник „Република“ го објави деталниот коментар на „тајното“, по нејзините зборови, заклучно октомвриско заседание на Мешаната православно-католичка комисија во Равена. Во написот се тврди дека 46-те точки можат да станат „патна карта“ за надминување на православно-католичките проблеми. Како би ги прокоментирале вие основните тези на документот, со оглед на тоа дека потписот на Москоавската патријаршија на него сѐуште го нема?

 Равенскиот документ не е „таен“. Во крајна линија, јас го добив од Секретаријатот на Мешаната комисија за православно-католички дијалог пред три недели и, со оглед дека ознаката „ембарго“ на него ја немаше, го вклучив во 130 број на електронскиот часопис „Europaica“, на кој се претплатени повеќе од 7000 корисници. Со текстот можете да се запознаете на сајтот на бриселското претставништво на Руската Православна Црква. 

            Документот е посветен на „еклисиолошките и канонските последици на светотаинската природа на Црквата“. Еден од неговите делови се однесува и на поимот „соборност“. Како што е познато, соборноста е термин кој го вовеле руските философи – славјанофили во 19 век. Овој поим имал клучно значење во еклисиологијата на Алексеј Хомјаков. На јазикот на славјанофилите терминот „соборност“ нема јурисдикциско значење, и не се однесува толку на црковната управа, колку на Црквата како таква, на нејзиниот внатрешен карактер.

            Еве како поимањето на Хомјаков за соборноста го толкува Николај Берѓаев: „За него (А. Хомјаков – „ИФ“) субјектот на Црквата бил црковниот народ. Соборноста на црковниот народ била слободното единство во љубовта. Соборноста на Црквата, основната идеја на целото славјанофилство, во која славјанофилите ја гледале суштината на Православието, не ги содржи во себе формалните и рационалните карактеристики, во соборноста нема ништо јурисдикциско, ништо што потсеќа на државна власт, ништо надворешно и принудно... Соборност – тоа е жив организам, и во него живее црковниот народ. На Вселенските собори најизразено се покажал соборниот дух на Црквата. Но и авторитетот на Вселенските собори не е надворешен, не е формален, не е изразито рационален, не се преведува на правен јазик. Вселенските авторитети се авторитети само благодарение на тоа што во нив се открива вистината за живиот соборен организам на Црквата. Црквата не е авторитет, Црквата е живот на христијаниот во Христа, во Телото Христово, живот слободен, благодатен“.

            Денес зборот „соборност“ се користи како термин кој укажува на соборната структура на Црквата, нејзиното соборно управување. Всушност, во таков контекст за „соборноста“ говори равенскиот документ. Во исто време за авторите на документот соборноста се изразува пред сѐ во соборот на епископите. И поимот „соборност“ во црковното управување е нераздвоен од поимот „власт“ (англискиот термин „authority“ во документот се толкува како синоним за грчкиот збор „exousia“ – власт). Вклопувањето на соборноста и власта се разгледува на три нивоа на постоењето на Црквата – на локално, регионално и универзално.

            На ниво на локалната Црква, т.е. епархија, власта му припаѓа на „епископот, кој е легитимно ракоположен во апостолско преемство, кој поучува во верата добиена од апостолите, кој е во општење со другите епископи и нивните Цркви“ (точка 18. од равенскиот документ). На регионално, т.е. меѓуепархиско ниво, власта му припаѓа на соборот на епископите. Всушност, на тој принцип е заснована идејата за патријаршија или митрополија: координацијата на дејствувањето на епископите на поедини епархии ги спроведува првиот меѓу нив – патријархот или митрополитот.

            И сѐ додека равенскиот документ говори за локално и регионално ниво, сериозни проблеми и нема. Тие се појавуваат кога ќе почне да се говори за соборноста и власта на „универзално“ ниво, т.е. на ниво на Универзалната Црква. Во дадениот случај, не се мисли на Православната или Католичката црква во онаа состојба во која тие денес постојат, туку повеќе на некоја теоретска Црква, изградена на моделот на Црквата од времето на Вселенските собори.

            Како се оставрувала и како би требало да се остварува соборноста во таквата Црква? Кому му припаѓа првенството на ниво на Универзалната Црква? Кога одговара на овие прашања, документот наведува цел низ на сомнителни аргументи и тврдења незасновани на историската вистина.

 

            Каква позиција, во тој случај, по однос на равенскиот документ треба да заземе Руската Православна Црква?

             Јас мислам дека равенскиот документ би морало детално да го проучат експерти по канонско право, еклисиологија и црковна историја. Таква група е и формирана во рамките на Богословската комисија на Руската Православна Црква. Мислам дека, всушност, Богословската комисија би требало да даде официјална оцена на равенскиот документ, која потоа би била потврдена од Светиот Синод. Јас сега можам да дадам само некои коментари и назнаки.

            Пред сѐ, во 39. параграф од документот се тврди дека после расколот меѓу Истокот и Западот во 1054 г. кој го „оневозможи свикувањето на Вселенските собори во вистинско значење на тие зборови“, двете Цркви продолжија да свикуваат собори во кризни ситуации. „На тие собори присуствуваа епископи на помесните Цркви кои се наоѓаа во општење со Римскиот престол, или иако сфатено на поинаков начин, со Цариградскиот престол“.

            Овие зборови јас ги оспорив уште во Белград 2006 година, нарекувајќи ги противречни на еклисиолошкото подразбирање на помесните Православни Цркви. Зар ние православните христијасни сме тоа што сме, само благодарение на фактите дека се наоѓаме во општење со Цариград? А што е со општењето со Ерусалим, Александрија, Антиохија и другите Цркви? Поради што – врз основа на кој канон – тоа е помалку важно од општењето со Цариград?

            А ако некоја црковно-политичка причина го прекине општењето на некоја помесна Православна Црква со Цариградскиот престол, дали таа престанува да биде Православна Црква? Во 19 век Грчката Црква 30 години се наоѓала надвор од општење со Цариград, а Бугарската во 19 век и 20 век – цели 70 години. Руската Црква била надвор од општење со Цариград во 1996 година во текот на цели 4 месеци. Што тогаш – во текот на овие периоди Грчката, Бугарската и Руската Црква не биле Православни Цркви? Ајде, дајте нека покажат барем еден единствен канон на древната Црква кој го потврдува таквото мислење.

            Сепак, сите канони на древната Црква, конкретно 28. правило на Халкидонскиот собор (451 г.), му укажуваат на Цариградскиот патријарх второ, а не прво место. Тоа правило зборува за тоа како, бидејќи Цариград е – нов Рим – „градот на царевите и сиклитите“, и на епископот на Цариград треба да му се укаже иста чест како и на епископот на древниот Рим. Мотивацијата, како што се гледа, е од чисто политичка природа. Но, зар овде се говори ли за било какво првенство на јурисдикција, за универзална власт?

            Понатаму, во 41. параграф на документот се тврди како епископот на Рим во древната Црква го заземал првото место меѓу патријарсите. Во 42. параграф се прави внимателен обид да се дефинира улогата на Римскиот епископ на Вселенските собори: „Соборноста на универзално ниво, остварена во вселенските собори, подразбира активна улога на Римскиот епископ, како прв меѓу Епископите од главните катедри, во консензусот на собраните Епископи. Иако Римскиот епископ не ги свикувал вселенските собори од првите векови и никогаш лично не ги возглавувал, тој сепак бил вклучен најдиректно во процесот на донесување одлука од страна на соборите.“ И каква е сега таа активна ангажираност на епископите на Рим во работата на Вселенските собори? Католиците сметаат дека одлуките на соборот стапувале во сила дури откако ќе биле потврдени од епископите на Рим. Православните така не мислат.

            Равенскиот документ во параграфот 45. признава: „Улогата на Римскиот епископ во заедничарењето на сите Цркви мора да биде разгледана потемелно“. И го поставува прашањето: „која е специфичната улога на епископот „на првата катедра“ во еклисиологија на заедничарењето?“

Всушност, тоа прашање треба да послужи како појдовна точка за следните етапи на дијалогот, кога на дневен ред ќе биде поставено прашањето за првенството во Универзалната Црква. И овде ние, како што изгледа, ќе се најдеме во замка. Католиците ќе настојуваат да формулираат таков еклисиолошки модел на Универзалната Црква, според кој улогата на „првиот епископ“ би била опишана максимално приближно на онаа која во сегашната Католичка црква го има Римскиот папа. Од своја страна, Цариградската патријаршија ќе се стреми кон тоа уште од сега на „првиот“ (меѓу Православните) да му бидат додадени правата, кои Цариградската патријаршија денес не ги има, но кои, очигледно, би сакала да ги има.

 

Но, на Цариградската патријаршија всушност ѝ припаѓа одреден степен на првенство во однос на другите помесни Цркви?

 

Ние навистина го почитуваме Цариградскиот патријарх како „прв меѓу еднаквите“ во семејството на поглаварите на Православните Цркви. Дури, историски гледано, Цариградската патријаршија била Црква-Макја на многу помесни Православни Цркви, вклучувајќи ја и Руската Црква.

Но една работа е историјата, а друга еклисиологијата. Ние на Цариградскиот патријарх му го признаваме првенството по чест, но не и првенството на власт: тој нема директна јурисдикција над поглаварите и епископите на другите помесни Цркви, туку само зазема прво место во низата на поглаварите, кога тие се собираат на заедничко служење.

Во последно време митрополитот Јован (Зизиулас), копретседател на Мешаната комисија од православна страна, почна да го застапува гледиштето, по кое поимот „првенство по чест“ им противречи на црковните канони: по негово мислење, каноните признаваат само еден примат – приматот на реална власт. А всушност со тој примат тој би сакал да го обезбеди Цариградскиот патријарх. И форматот на Мешаната православно-католичка комисија подобро од било што одговара на разработката на таквиот, начелно нов модел на црковно устројство. Бидејќи во Католичката црква таквиот модел de facto постои, зошто тогаш не би го репродуцира и кај нас? Но, таму таквиот модел се формирал како резултат на многувековниот историски развој, а кај нас, во православната традиција, таков модел никогаш не постоел.

Дури ние, низ сите овие векови, во полемика со католиците, всушност, таквиот модел го оспорувавме, истакнувајќи дека единствена вистинска Глава на Вселенската Црква е Самиот Христос. Он, од наша точка на гледиште, не може да има земен заменик, викар.

Мислам дека всушност со оваа проблематика комисијата и ќе се сретне при следната етапа на разговори.

 

Дали Московската патријаршија има намера во настанатите околности и понатаму да зема учество во работата на Мешаната комисија? 

Посети: {moshits}



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5814
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6632
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6419
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5613
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

20/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (на масло)

Св. Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Св. маченик Калиопиј; Преп. Данило Перејаславски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христови Апостоли Иродион, Агав, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј8 април / 21 април 2024

Тропар на св.Христови Апостоли Иродион, Агав, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј8 април / 21 април 2024

 Вие кои верата во Бога Единиот на вселенатаја проповедавте, Апостоли со мноштво венци закитени,маченици, пророци, проповедници и учителиИродионе, Агаве и...

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная