логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Г.Јосиф: Ние сме еден народ, немаме еден народ за во црква, а друг за во политика

„Тензичноста и поделеноста не се ниту во годините, ниту во општеството и политиката, туку во нашето срце, во нашата глава, во нашата мисла.“ Вака Митрополитот Тетовско-гостиварски, г. Јосиф гледа на општествено-политичката состојба во Македонија, за која вели дека таа не е комплицирана, туку ние сме комплицирани, поточно комплицирани се нашите страсти.

-Кога причината за проблемот ќе ја побараме внатре во нас, а не во некој однадвор, тогаш сме на вистинскиот пат да се поправиме односно да се преумиме, да се покаеме. Ова е благодатен лек кој Црквата Божја смирено ни го препорачува во сите вакви искушенија во изминативе два милениума.

Можеби сега е моментот во овие денови, од страдалната седмица, пред најголемиот христијански празник, Христовото воскресение – Велигден, кога во богослужбениот живот на Црквата Христова е најдраматично, најтензично, најкомплицирано, најнеизвесно бидејќи Господ Исус Христос овие денови страда заради нас и нашите гревови, слабости, страсти но, сите нив Господ Христос ќе ги распне и умртви на Велики Петок, за да ги погреба на Велика Сабота, та во Недела сите заедно да воскреснеме со Христос како нова и обновена твар и да ставиме нов почеток на нашиот живот, вели Митрополитот Јосиф во интервју за Прес24.

Отец Јосиф е член на Синодот на МПЦ и е дел од помладата генерација Архиереи. На забелешките дека на Црквата, на МПЦ и е потребен поголем ангажман во социјалниот аспект во општеството, одговара дека примарната цел на Црквата е му служи на народот, а Литургијата е центар на тој крвоток.

 - Тоа не значи дека не треба да се ангажираме во таа социјална и хумана дејност, но, самиот по себе тој ангажман нема смисла, тука тоа треба да биде како рефлексија на нашата жива вера во дела и како плод на тој светотаински живот во Црквата.

Ако нешто изостанува од јавноста, тоа не значи дека и навистина го нема. Вклучувајќи се во вакви социјални и хумани моменти, целта не ни е јавно да се покажеме, туку поучени од евангелието, „она што дава десницата, да не знае левицата“, и од истото не очекуваме никаква награда, ниту земна, па дури ни небесна, туку тоа го правиме само заради од љубов кон Христа Бога, Кој и самиот ни заповеда: „...ако ова го направите на еден од овие Мои најмали браќа, исто како и на Мене да сте ми го направиле...“, вели отец Јософ во интервјуто за Прес24.

Митрополитот во Велигденското интервју за Прес24, зборува и за развојот на МПЦ, Тетовско-гостиварската епархија со која управува, релациите меѓу владиците во Синодот на МПЦ-ОА.

 

ПРЕС24: Овој Велигден го славивме во можеби една од најтензичните години на политички план. Општествено-политичката поделеност е толку голема што и во празничните денови таа е присутна. Синодот на МПЦ неодамна испрати еден апел, претходно тоа го сторија и монасите на МПЦ. Но некако овие апели како за завршуваат во празно. Дали во македонската политика исчезна секој атом на човечност и секое ниво на меѓусебна почит?

ОТЕЦ ЈОСИФ: Ништо страшно и ништо ново. Иако тоа можеби на прва ќе ни звучи апатично, но, никако не значи дека не треба да подзастанеме и сериозно да размислиме и да видиме „што направивме“. Овој апатичен, бестрастен пристап можеби е вистинскиот начин со кој треба да пристапиме кон ова искушение, за да не нѐ понесе таа стихија и да нѐ избезуми и распамети.

Тензичноста и поделеноста не се ниту во годините, ниту во општеството и политиката, туку во нашето срце, во нашата глава, во нашата мисла. Тоа се категории кои ние луѓето ги користиме како средства во овој свет и век, а тоа што срцето ни е заробено од нашите страсти е вистински проблем за сите нас. Лично сметам дека тука како народ и како држава треба да покажеме доблест за решавање и надминување на проблемите.

ПРЕС24: Што може Црквата да направи во вакви комплицирани ситуации?

ОТЕЦ ЈОСИФ: Уште еднаш ќе повторам. Не е комплицирана ситуацијата, туку ние сме комплицирани, поточно комплицирани се нашите страсти. Кога причината за проблемот ќе ја побараме внатре во нас, а не во некој однадвор, тогаш сме на вистинскиот пат да се поправиме односно да се преумиме, да се покаеме. Ова е благодатен лек кој Црквата Божја смирено ни го препорачува во сите вакви искушенија во изминативе два милениума.

Можеби сега е моментот во овие денови, од страдалната седмица, пред најголемиот христијански празник, Христовото воскресение – Велигден, кога во богослужбениот живот на Црквата Христова е најдраматично, најтензично, најкомплицирано, најнеизвесно бидејќи Господ Исус Христос овие денови страда заради нас и нашите гревови, слабости, страсти но, сите нив Господ Христос ќе ги распне и умртви на Велики Петок, за да ги погреба на Велика Сабота, та во Недела сите заедно да воскреснеме со Христос како нова и обновена твар и да ставиме нов почеток на нашиот живот.

ПРЕС24: Обично велат на народ во тешки моменти најблиску му е Црквата. Зошто е тоа така?

ОТЕЦ ЈОСИФ: Христос е глава на Црквата, а народот е телото на Црквата. Во евхаристиска смисла народот е телото Христово. Од тука е таа синергичност на народот со Црквата. Помеѓу овие два поима, народ и Црква, нема разлика и меѓу нив може да стои само знак на еднаквост =.

Ние сме еден народ, народ божји, царско свештенство. Ние немаме еден народ за во Црква, а друг за во политика.

ПРЕС24: Речиси три години сте Архиереј на МПЦ кој раководи со Тетовско-гостиварската Митрополија. Во Црквата велат обично овој временски период е мал, краток... Но кога денеска од позиција на Владика гледате на состојбите на функционирањето на Црквата, колку сте задоволни со темпото со која таа се развива.

ОТЕЦ ЈОСИФ: Да Му благодариме на Господа, за сѐ. Достојно и праведно е... Црквата е дар на светиот Дух и само Тој може да раководи со Неа. Ние во Црквата ги мериме нештата со безмерната мера Христова. Мера која нема крај, која почнува сега и тука, а продира во есхатонот, во вечноста. Христос во Своето евангелие ни остави аманет да бидеме совршени како што е совршен Нашиот Бог. „Зашто секое добро давање и секој совршен дар е одозгора, што слегува од Тебе, Отецот на светлините...“

Нашите молитви се да дадеме добар одговор на праведниот Христов суд, и тогаш ќе дознаеме, дали правилно сме управувале со Словото на Вистината, со богомдаруваната епархија и богомдаруваното стадо на верниот народ.

ПРЕС24: Ве прашувам во контекст на улогата, присуството на Црквата, владиците, свештениците, монасите во јавноста. Честопати дел од клирот на МПЦ вели ние сме секогаш тука, во Црква на литургија. Но сепак ова современо општество бара многу повеќе од само литургија. Многу православни цркви вложуваат многу во социјалните, хуманите моменти. Може ли МПЦ многу подиректно да им помогне на верниците, но на оние на кои им е потребна помош, а не секогаш се декларираат и како верници?

ОТЕЦ ЈОСИФ: Блазе му на оној народ, кој има јунак, да се моли за него. Како Црква и како свештенство не треба да го заборавиме нашиот примарен повик и благослов од Бога, а тоа е светотаински да му служиме на овој народ. Литургијата како центар и крвоток на православниот христијански црковен живот е повеќе од потребна во овие моменти за сите луѓе.

Тоа не значи дека не треба да се ангажираме во таа социјална и хумана дејност, но, самиот по себе тој ангажман нема смисла, тука тоа треба да биде како рефлексија на нашата жива вера во дела и како плод на тој светотаински живот во Црквата.

Ако нешто изостанува од јавноста, тоа не значи дека и навистина го нема. Вклучувајќи се во вакви социјални и хумани моменти, целта не ни е јавно да се покажеме, туку поучени од евангелието, „она што дава десницата, да не знае левицата“, и од истото не очекуваме никаква награда, ниту земна, па дури ни небесна, туку тоа го правиме само заради од љубов кон Христа Бога, Кој и самиот ни заповеда: „...ако ова го направите на еден од овие Мои најмали браќа, исто како и на Мене да сте ми го направиле...“

ПРЕС24: Не знам колку Вие ќе се согласите, но јас мислам дека е можна промена во перцепцијата кон Црквата. Одличен пример е монаштвото. Пред  околу 20 години, кога почнуваа да заживуваат манастирите со монаси, знаете како тоа се доживуваше. Денеска сликата е апсолутно поинаква. Денес најчистиот црковен лик верниците го препознаваат токму во монашкото росо. Ако можеа манастирите, Вие монасите да ја смените таа слика, зошто сега Вие владиците да не го направите истото, барем онаа помлада генерација?

ОТЕЦ ЈОСИФ: Промена во перцепцијата кон Црквата е секогаш можна, тоа е и наш императив. Ние пред лицето Божјо се идентификуваме како Црква Божја и во тој контекст растеме соборно, сите заедно.

Точно е дека монаштвото во Црквата има голема движечка сила (spiritus movens), но, да не заборавиме дека наш вистински критериум е Богочовекот Христос и дека тие радости за кои самите спомнавте се дар од Светиот Дух.

Денес во нашата Црква има повторно причини за кои треба исто така да се радуваме, со тоа што пред 20-на години тоа го гледавме отворено, за да се поучиме во верата, а денес тоа е малку подзаскриено, бидејќи сме на испит дали сме пораснале како народ божји и да видиме дали сме синови божји или наемници.

ПРЕС24: Се чувствува ли во Синодот таа поделба на помлади и постари, во смисла на креативност, идејност, амбициозност?

ОТЕЦ ЈОСИФ: Делењето и поделбите не се благословени од Црквата. Во Црквата битисуваме заедно, соборно и слободно. Со тоа покажуваме дека Црквата ствара оригинали, а не плагијати.

Како САС на МПЦ-ОА, Господ да нѐ чува од такви искушенија. Поделба нема по ниту еден основ. Таму сме заради верата, која нѐ зближува, а не нѐ разделува. Тоа не значи дека сите имаме исти ставови, но сепак тоа се наши ставови, за кои дискутираме, но одлуките секогаш се донесуваат во едномислие.

Младоста е секогаш по динамична од староста, барем во оние физички способности. Но, секогаш се добредојден мудроста, искуството и трпението на постарите браќа, кои по години можеби се постари, но по дух млади. Само на ваков начин надополнувајќи се во взаемнодејствие ќе покажеме зрели плодови, од кои ќе вкусите вие верниците.

ПРЕС24: Вие сте владика во една мултиетничка и мултиконфесионална средина. Колку сте задоволни од меѓуверската соработка во Вашата епархија?

ОТЕЦ ЈОСИФ: Факт е дека во овие два града, Тетово и Гостивар, во кои што сум надлежен митрополит, таа мултиетничка и мултиконфесионална застапеност е најизразена. Затоа оваа епархија е лидер во однос на оваа застапеност, а тоа го покажува и фактот дека меѓуверската соработка во Нашата епархија и на високо ниво, со меѓусебни контакти и средби со претставниците на Исламската верска заедница.

ПРЕС24: Како се движи развојот на тетовско-гостиварската епархија, Ве прашувам со оглед на тоа дека станува збор за нова епархија?

ОТЕЦ ЈОСИФ: Предходно веќе нешто спомнавме. Тетовско-гостиварската епархија е интегрален дел од МПЦ-ОА, а во еклисиолошка смисла и интегрален дел од Едната Света Соборна и Апостолска Црква и како што расте целата Црква, исто така, со Божја помош, расте и Тетовско-гостиварската епархија.

ПРЕС24: Иако официјално нема никакви информации дека нешто се случува, сепак прашањето за МПЦ – СПЦ е вообичаено за сите владици во МПЦ. Можно ли е придвижување на процесот по Велигден, има ли некои неформални најави за такво нешто.

ОТЕЦ ЈОСИФ: Тоа е наша болка, но истовремено и подвиг на сите нас. Ние секогаш сме отворени за дијалог и истиот го бараме. Во тој однос, како што сте информирани сите, направивме и конкретен потег, односно формиравме и преговарачка комисија за овие, натсушно потребни, преговори.

Нашите молитви и надеж се дека ќе наидеме на добра волја и искреност и од другата страна, но, без изјави на омаловажување и навредување како народ и Црква.
 

Извор: http://press24.mk/gjosif-nie-sme-eden-narod-nemame-eden-narod-za-vo-crkva-drug-za-vo-politika

Преземено од: Тетовско- гостиварска епархија



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1313
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1859
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1237
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

„Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги...

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

Затoа, всушнoст, и Синoт сe oвoплoтил за сo Сeбe да им oбјави на луѓeтo и за Сeбe си, и за Oтeцoт и за Свeтиoт Дух, eднoсушнoтo Бoжeствo, трoичнo пo ипoстас....

БEСEДА  за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

БEСEДА за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

Јас сум вoскрeсeниeтo и живoтoт (Јн. 11:25). Oвиe свeти збoрoви ги изрeкoл Гoспoд Исус Христoс. Oн нe самo штo ги кажал, туку и сo дeлo ги дoкажал. Вoскрeснувајќи ја ќeрката...

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Голема е и длабока мистиката што овој четворокрак симбол ја содржи во себе; тој таинствено бил предобразуван низ целата епоха на Стариот Завет, како претсказание за Распетието на Синот Божји...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

 За едни, среќа е власта, за други-богатството, за трети-славата, јавното признание, за некого семејството, за некого работата.... Многу луѓе можат да кажат разни карактеристики за среќата. Но ниту една нема...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на...

« »