логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Одговара: отец Горан Тасески



Прашање од В. :

Благодарам што постоите, јас редовно ве пратам но се наоѓам во безизлезна ситуација, син ми загина во собракајка во градот под чудни околнисти ништо не не известија само рекоа така се случило а таа ноќ беше со негови другари три коли и со него еден другар, еве помина долго време немаше алкохол во крвта кај него редовно доаѓаат девојчиња другари и ден денес и ми прават и дома друштво но тие деца што беа таа ноќ со него веќе не се појавија се кријат од мене, знам дека неможам ништо да сменам но сакам да ја знам вистината а и кога собрав сили да ги прашам не ми одговорија. Тагата и болот се мои и после ова јас се правам знам дека грешам но одам на црква,  секој ден на гробот на мојот син,  тоа е за мене свето место и другчие незнам како да се однесувам се молам постам но пак знам дека грешам оти Господ рекол дека треба да простуваме а јас неможам да им простам не им посакувам ништо лошо но кога ми рече веднаш после тоа кога се случи (те молам прости ми) неколку пати јас ништо не одговорив само која сум јас да простувам и казнувам, животот од рај ми се претвори во пекол го имав највредното нешто мојот син кој за сите години овде на земјата ниту еднаш не ме увреди и не ми нанесе бол ми покажа само што е љубов што е сакање и туркам така механички дури немам сили да си го погалам другиот син што ми е до мене а сака да се приближи мислам рацете ми се кочат кога го галам знам дека сум грешна но едно незнам дали ќе се смили Господ над мене и ќе ми дозволи пак да си бидам со моето чедо. Простете и сама незнам зошто го правам ова но помолете се за мене и за моето чедо што веке не е со мене јас само тоа се молам да му е убаво во светот каде што е сега.

 

Одговор:
 


 Господ да ви дарува мир утесение добра волја и да ве чува во добро здравје . Вашата болка е навистина неизмерно голема , но очајот и безволноста кои сега ве потиснале  неја само ја зголемуваат и ве притискаат за да ја загубите присебноста да ви го заматат умот и со тоа да ве оддалечат од Бога , а преку Него ние постоиме преку Него ние се избавивне од гревот и смртта, преку Него се задобивне со живот вечен, та смртта повеќе нема сила да го држи човекот,  таа преку Воскресението Христово стана врата преку која се населуваме за живот вечен во
Царството Небесно.
Затоа дружете се  со нашиот Спасител Исуса Христа со Пресвета владичиа Богородица  / која ја знае потполно вашата болка / и сите светии преку молитвата  за да го оттргнете од вас каменот на тагата и очајот, преку добродетелноста бидете помошница  на вашиот син да се настани во Царството Небесно, а преку љубовта и простувањето кон вашите ближни трудете се да си направите пат со помошта Божја и на сите светии за да во свое време кога Бог ќе благоволи и вие да се настаните во Царството Небесно  и таму да се радувате заедно со вашиот син  со вашите ближни вечно неизменливо непрестано. Амин!

Христос Воскресна - затоа ние христијаните повеќе не жалиме за упокоените како оние кои не веруваат во Христа и со тоа немаат надеж.../ спореди послание до Сол. 413-./   се задобивне со живот вечен, та смртта повеќе нема сила да го држи човекот,  таа преку Воскресението Христово стана врата преку која се населуваме заживот вечен во Царството Небесно.



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 240
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 699
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

И да доживееш некаков неуспех, тоа ќе биде - „конструктивен неуспех", од кој учиш како да успееш.Клучно за секој успех е да се издржи кризата што се сретнува на патот....

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Лошо, добро; сладост, болка; радост, тага; заљубеност, омраза; успех, пад - постојани промени. Битно е - исправени да продолжиме кон целта.Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај.Сите што...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Светото Предание на Црквата е израз на најавтентичниот нејзин живот и секогаш има длабока смисла, и секогаш без исклучок ја изразува и треба да ја изразува Црквата, бидејќи се раѓа...

БEСEДА  за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

Сè штo ќe ви рeчe, направeтe! Какo да сакала да кажe: Oн знаe сè, Oн мoжe сè, Oн вe љуби ситe, затoа нe сe свртувајтe ни таму ни ваму, туку...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Божик е празник на богочовечка радост. Предвечниот Бог, од преголема љубов кон човекот станува еден од нас и ја преминува непреодната бездна помеѓу созданието и Создателот. Бог станува човек, и...

БEСEДА  за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

БEСEДА за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

Излeгoв oд oтeцoт, кадe штo имав сè, и дoјдoв на свeтoт, кoј нe мoжeшe ништo да ми дадe. Вo пeштeрата сe рoдил Гoспoд за да пoкажe дeка цeлиoт свeт e...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

БEСEДА  за Давид (02.01.2020)

БEСEДА за Давид (02.01.2020)

Царoт Давид му згрeшил на Бoга, сe пoкајал и Бoг му oпрoстил. Гoлeм бил грeвoт на царoт, нo уштe пoгoлeмo билo пoкајаниeтo. Му бил винoвeн на Бoга за два тeшки...

« »