логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Одговара: Бобан Митевски 

Boban.Mitevski.jpgСветата тајна Крштение е една од седумте свети тајни на Црквата, преку кои на човекот што верува и живее по верата, невидливо му се дава Божјата благодат. Тие се свети дела кои Црквата ги извршува преку дејствувањето на Светиот Дух. Кажано со дефиницијата на православната догматика, светите тајни се средства за нашето осветување. Преку светите тајни се продолжува Христовата спасоносна дејност и се остварува спасението на луѓето. Затоа, тие се неопходни за секој човек.
 Крштението е света тајна со која човекот се очистува од првородниот грев и од личните гревови, направени пред примањето на оваа света тајна, и „повторно“ се раѓа за нов духовен живот. Таа е услов за влегување во Црквата, односно станување нејзин член, зашто Ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во Царството Божјо (Јован 3, 5). Јовановото крштение било само образ на новозаветното крштение, тоа било крштение за покајание и не препородувало со благодатта на Светиот Дух: Јас ве крштевам за покајание, но Оној што иде по мене е посилен од мене… Он ќе ве крсти со Дух Свети и со оган (Мат. 3, 11). Потврдувајќи го ова свети, Јован Златоуст вели дека со крштение на Јордан, Христос само го исполнил јудејското крштение и ја отворил вратата за крштението на новозаветната Црква.
 Оваа тајна ја востановил Господ Исус Христос, давајќи им по Своето воскресение заповед на апостолите: Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот, и Синот и Светиот Дух… (Мат. 28, 19). На друго место во Светото Писмо, пак, се вели: Кој ќе поверува и ќе се крсти, ќе биде спасен, а кој не поверува, ќе биде осуден (Марко 16, 16). На денот на Педесетница, во својата проповед пред насобраниот народ, светиот апостол Петар рекол: Покајте се и секој од вас да се крсти во името на Исуса Христа за простување на гревовите; и ќе примите дар од Светиот Дух (Дела 2, 38). И на многу други места во Новиот завет ни се потврдува светата тајна крштение, и тоа: Дела 8, 38; 10, 47-48; 16, 15 и 33; 18, 8).
 Материја што се употребува за извршување на оваа света тајна е водата, и тоа обична, природна и чиста вода. Формулата што се изговара при крштевањето е: Се крштева работ Божји (името) во името на Отецот - амин, и Синот - амин и Светиот Дух - амин. Начинот на кој се извршува е со трикратно потопување во водата на оној што пристапил да ја прими оваа света тајна.
 Грчкиот збор за крштение - , значи потопување. Потопувањето ја претпоставува смртта, а излегувањето од водата го претпоставува воскресението за нов благодатен живот (Тит 3, 5), или со ова се означува погребувањето на стариот човек и воскреснувањето на новиот. Дека се крштева со потопување, сведочи и Светото Писмо кога го опишува крштението на Господ Исус Христос, па се вели: веднаш излезе од водата (Мат. 3, 16), што подразбира дека претходно влегол. На ист начин и апостолот Филип го крстил Етиопјанинот, слуга на етиопската царица: Слегнаа во водата обајцата, и Филип и Етиопјанинот, и го крсти. А потоа излегоа од водата, Духот Свети слегна над Етиопјанинот (Дела 8, 38-39). И ранохристијанските црковни списи ни го сведочат ова:
 Педесеттото апостолско правило, вели: Ако некој епископ или презвитер, во една тајна (крштение) не изврши три потопувања, туку едно потопување што се врши во спомен на смртта Господова, да биде расчинет. Зашто, Господ не рекол: Во мојата смрт да крстите, туку: Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот, и Синот и Светиот Дух (Мат. 28, 19).
 Во списот „Учење на 12 апостоли - Дидахи“ се вели: Крштевајте во вода што тече, во името на Отецот, Синот и Светиот Дух. Ако немаш таква вода, крштевај во друга вода; ако не можеш во ладна, крштевај во топла; Ако немаш ниту од едната, ниту од другата (тука се мисли во контекст на тоа ако нема доволно за потопување), тогаш трипати налеј вода на главата на оној што се крштева, во името на Отецот, Синот и Светиот Дух.
 Во одредени случаи, кога се работи за недостаток на вода (во Дидахи: Ако немаш ниту од едната, ниту од другата (вода), тогаш трипати налеј вода на главата на оној што се крштева, во името на Отецот, Синот и Светиот Дух), при тешка болест, во затвор (Во „Настолнаја книга“ се сведочи дека некој архиѓакон Лаврентиј ги крстил со полевање Роман воин и Луцил додека се наоѓале во затвор), или, пак, опасност од смрт, Црквата разрешува крштевање без потопување, односно, истото да се извршува со трократно полевање вода врз главата, но го признава само ако е изговорена полната формула за крштевање, т.е. кандидатот да биде крстен во името на Света Троица. Ваквото крштевање било наречено клиничко ( - постела), а крстените се нарекувале клиници. Дванаесеттиот канон од Неокесарискиот помесен собор, вели: Ако некој во болест бил просветлен (крстен), не може да биде произведен за презвитер; зашто неговата вера не е доброволна, туку од нужда; освен (во случаите, може) потоа, поради неговата ревност и неговата вера, и поради недостаток на луѓе (клирици). Самиот текст на канонот ни сведочи дека обичајот да не се примаат клиниците во клирот не е правило, туку само препорака. Да ги споредиме со овој канон следните: Ако има какво и да е сведоштво против верник за блуд, или прељуба, или какво и да е друго забрането дело, и ако тоа се докаже, таквиот да не се прима во клирот (Ап. правило 61). Оној што од незнабожечки живот (сега; само што) преминал (во Црквата) и се крстил, или, пак, само што се обратил од расипнички живот, не е праведно веднаш да биде произведен за епископ. Зашто не е праведно оној, што сè уште не покажал искуство, да стане учител на другите, освен ако тоа не се случи по Божја благодат (Ап. правило 80) итн. Јасно гледаме дека овие правила воопшто не го санкционираат т.е. не го посочуваат видот на крштевање како причина за стапување/нестапување во клирот.
 Проблемот со начинот на крштевање, дали да биде со потопување или со полевање на вода, според литургиската историја на Црквата, се јавува, главно, на Запад некаде во XIII век, а веќе во XIV век, полевањето станува вообичаена практика. Во Православната црква, под влијание на римокатоличката обредна практика, но пред с# поради губењето на ревноста кај православното свештенство, процес кој е производ на губењето на верата и надежта во Господа, и во Црквата од Исток се задомува ваквиот начин на крштевање. Се сретнува, во поголема или во помала мера, речиси во секоја од Православните цркви, од Москва до Атина, и од Софија до Тирана. Во некои од помесните Православни цркви, полевањето при крштението толку се распространило, што речиси го истиснало потопувањето и се наметнало како правилна форма на крштение. Главната причина која се наведува како изговор зошто се воведува и се дава предност на полевањето наспрема потопувањето е стравот од задушување на младенецот, зашто при потопувањето може да голтне вода. Но искуството на Православната црква не посведочило за таков случај. Од друга страна, пак, во некои книги, каде се даваат практични насоки во однос на свештеничката дејност, се наведува дури и начинот на кој да се фати детето, како да се затнат неговиот нос и неговата уста и како да се потопи во водата. А медицината докажува дека десетина секунди организмот (на мало дете) може да издржи без воздух (пред да почне да се задушува), што е повеќе од доволно да се направи трикратното потопување. Во делото „Настолнаја книга“ се наведуваат и други причини поради кои се губи формата со полевање: Ние мислиме дека приврзаноста кон полевањето се должи на навиката и на недоволната свест за важноста на канонското решение на Православната црква за крштението. Младите свештеници, стапувајќи на работа, се учат да ги примаат и надворешните форми на богослужение од своите татковци, од своите роднини и од другите искусни свештеници. Тие гледаат дека нивните отци, но и другите, според нивното мислење, искусни свештеници, го извршуваат крштението со полевање. Може да се каже и дека слушаат од своите раководители убедувања дека таа форма на кршение е полесна и побезопасна. Во такви услови, иако ги помнат училишните објаснувања за крштение со потопување, сепак ја претпочитаат, според нивното мислење, живата наспрема мртвата практика. …со време толку се навикнуваат на неа што ја сметаат за законска и таа станува образец и авторитет за другите млади свештеници.    
 Појавата на формата на полевање наспрема потопување при извршувањето на светата тајна крштение е напуштање на утврдениот ред на нештата од страна на светите отци. Но појавата на денешниот „псевдозилотизам“, според кој доколку некој не е крстен со потопување треба да се прекрсти е надвор од разумот. Ваквото размислување довело и до појава на т.н секта ГОХ, која свои приврзаници, покрај во Србија и Грција, има и во Македонија (повеќе во книгата Заблуда расколника тзв. старокалендарца од епископ Атанасије Јефтиќ). Светиот апостол Павле вели: Еден е Господ, една е верата, едно е крштевањето (Ефес 4, 5). Апостолските правила наведуваат: Ако епископ или презвитер одново го крсти оној што има вистинско крштевање, или ако не го крсти оној што од еретиците бил осквернет (со лажно крштение) да биде расчинет; зашто ги исмејува Крстот и смртта Господова… Свети Јован Дамаскин вели: Како што Господ еднаш умрел, така и ние треба еднаш да се крстиме. Сите кои еднаш биле крстени, па пак се крштеваат, повторно го распнуваат Господа… Педесеттото апостолско правило, и другите канони поврзани со ова, даваат осуда само за оној клирик што ќе изврши едно потопување и што нема правилно да ја изговори формулата, но не говорат за полевањето, кое, всушност, е трократно и се врши во името и славата на Света Троица. Сепак, ова не треба и не смее да биде оправдување, туку секој клирик, освен ако не постојат оправдани причини кои се идентификувани единствено од Црквата како такви, треба да го врши крштевањето со трикратно потопување.
 И да допуштиме дека станува збор за страв од тоа детето да не се задуши, па затоа се врши полевање, во случаите на крштевање на возрасни не смее да има отстапки и оправдувања, надвор од пропишаните, па крштението да не се врши со  со потопување. Надокрај, пак, во никој случај не смее да се допушти целосно римокатолицизирање на чинот, па дури и крштевањето на дете да се врши така што во купелот ќе се стави вода само колку да ги покрие нозете на детето или, пак, колку да може да се нацрпе, па свештеникот, држејќи го со едната рака детето врз купелот, со другата да го полева со вода. Напротив, доколку на свештеникот му е страв за животот на детето, што е израз, како што погоре споменавме, на недоволна ревност, но и вера во Бога, зашто оној што не верува доволно, истиот и не се надева на Божјата милост и во Неговото посредништво, тогаш треба да го наполни купелот толку колку што ќе биде доволно детето да се најде во вода некаде до усните, а потоа свештеникот ќе треба убаво да го налее трикратно врз главата, изговарајќи ја соодветната формула. Но, секако, најважно е да се запази утврдениот поредок на Црквата, она што е пропишано во светите канони.
 

                Одговара:Бобан Митевски 

Посети: {moshits}

Друго:

http://www.impantokratoros.gr/FA9AF77F.en.aspx

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1005
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 967
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Како духовник сум сведок колку многу бракови се распаѓаат, и тоа христијански бракови, на воцрковени сопружници. Христијанскиот брак, а со него и сето општество, се наоѓаат во застрашувачка ерозија и...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Ни покажа и нѐ поучи и како духовно да пораснеме и да ја достигнеме оваа Божествена љубов. Нѐ поучи дека, покрај лоши дела и зборови, срцето треба да го очистиме...

БEСEДА  за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

БEСEДА за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

Сo Христoвитe рани ниe сe излeкувавмe, така прoрeкува Бoжјиoт прoрoк и сeга ниe знаeмe дeка нeгoвoтo прoрoштвo e вистинскo. Сo Христoвoтo страдањe ниe сe спасивмe oд вeчнoтo страдањe; сo Нeгoвата...

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Токму тој конинуитет на овој христијански идентитет кој е спознаен и пренесен од Светите Отци во три степени според начинот на животот во Христа, очистување, просветлување и обожение се поврзува...

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

Митрополит Струмички Наум: За некои неодговорени прашања (29.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: За некои неодговорени прашања (29.08.2020)

Секое прашање си има и свое место, и свое време, и свој субјект за одговор. Или, не секое прашање се одговара кога било, каде било и кому било.Некои прашања прво...

Научи сe да ги пoчитуваш и да ги сакаш малитe и прoститe луѓe

Научи сe да ги пoчитуваш и да ги сакаш малитe и прoститe луѓe

Такви има најмнoгу на зeмјата, а има најмнoгу и вo Бoжјoтo царствo. Кај нив нeма гoрдeливoст, т.e. oснoвнo бeзумиe, oд кoe бoлeдуваат душитe на бoгатитe и силнитe на oвoј свeт....

Митрополит Струмички Наум: Јас сум и Вратата и добриот Пастир (22.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Јас сум и Вратата и добриот Пастир (22.08.2020)

Христовите зборови „Јас сум вратата“ имаат две значења. Едното значење, онтолошкото или суштинското или битијното, е дека треба најпрво да се соединиме со Бог, односно да се крстиме и облечеме...

« »