логоFacebookTwitterYouTubeeMail

МАКЕДОНЦИТЕ ОД ТАМПА БЕЈ РЕГИОНОТ  НА ФЛОРИДА

Македонците од Тампа Беј регионот  на Флорида  во Август 1999 година  го одржаa оснивачкиот состанок на кој решително ја искажаa својата  желба и потреба за свој македонски православен божји храм.  Веднаш потоа Светиот Архиерејски Синод на МПЦ ја прифати и ја благослови нивната одлука за формирање на Македонска православна црква под патронот на Св. Јован Крстител.

Горди на себе, горди на својата македонска нација и поттикнати од делата на своите татковци, дедовци и прадедовци, кои граделе Божји Македонски храмови како во Македонија така и низ светот, во Април 2006 година, го купија скромниот објект на МПЦ Св. Јован Крстител во  Њу Порт Ричи, Флорида. Веднаш потоа го прилагодија  да функционира според правилата и традицијата на Македонска православна црква, а Митрополитот на Американско-Канадската  Македонска Православна Епархија, Неговото Високопреосвештенство Г. Методиј го освети. Од тогаш па се до денес овај македонски православен црковен и национален храм МПЦ Св. Јован Крстител, преставува главно собиралиште на сите македонци од регионот на Тампа Беј во Флорида. Тука се одбележуваат и прославуваат верските празници и се споделуваат радосните и  тешките моменти.
Во периодот од 2006 до Март 2015 година, црковните служби ги воделе повеке свештеници на Американско-Канадската  Македонска Православна Епархија. Ја користиме оваа прилика да им се заблагодариме за нивното залагање и придонес.

На почетокот на Април 2015 година Митрополитот на Американско-Канадската  Македонска Православна Епархија, Неговото Високопреосвештенство Г. Методиј ни го испрати Прота Драги Трпески за постојан парохиски свештеник. Прота Драги Трпески долги години служел во МПЦ Света Богородица во Детроит, Мичиген, како и во Македонија, во Скопје, а со неговото скорешно преселување во  Њу Порт Ричи, во Флорида,  постана дел од нашето македонско семејство.

Ја користиме оваа прилика да ги повикаме сите македонци од етничка Македонија што почесто да го посетуваат овај наш црковен и национален македонски центар МПЦ Св. Јован Крстител во Њу Порт Ричи, Флорида. Очекуваме нашиот почитуван парохиски свештеник  Драги Трпески да биде матица на сите македонци од овај регион на Флорида, и со својата позната искреност и професионална посветеност да ги собери сите верници на МПЦ од регионт Тампа Беј  да црквуваат и се дружат во МПЦ Св. Јован Крстител, Њу Порт Ричи, Флорида.
Воедно, ние црковната управа, заедно со нашиот парохиски свештеник Прота Драги Трпески, на сите православни христијани,  им ги честитаме Велигденските празници со желба  за  христијанска љубов, здравје и среќа.

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!!!    НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА.

МПЦ Св. Јован Крстител
3509 Blayton St.
New Port Richey, FL 34652

Парохиски Свештеник, Прота Драги Трпески, Телефон: 586-747-2792
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Во име  на Црковна Управа на МПЦ Св. Јован Крстител,

Драги Коњановски

14-ти април 2015 год.



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 625
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 922
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 876
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

За двoумeњeтo на Пилат (беседа)

За двoумeњeтo на Пилат (беседа)

Пилат бил учeник сo свeтска мудрoст. А свeтската мудрoст нe дава сила туку влeва страв. Свeтската мудрoст нe ја пoддржува душата туку тeлoтo. Свeтската мудрoст нe влeва страв за душата...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинското прашање: се каеме или не?

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинското прашање: се каеме или не?

На секоја Литургија, ако ги слушате внимателно молитвите, оној дел што Црквата го нарекла и го доживува како анамнеза, сеќавање, е спомнување за сето она што Господ го направи за...

Жарко Ѓорѓиовски✥ Недела Сиропусна ✥ (10.03.2019)

Жарко Ѓорѓиовски✥ Недела Сиропусна ✥ (10.03.2019)

 Во денешново евангелско четиво Господ Исус Христос не упатува на три основни чекори: простувањето, постењето и безвременската награда која не очекува. И токму првиот чекор е простувањето: „Ако им ги...

БEСEДА за љубoвта над сeкoја љубoв

БEСEДА за љубoвта над сeкoја љубoв

Цeлoтo Eвангeлиe учи дeка трeба да сe oстави пoмалoтo заради пoгoлeмoтo, минливoтo заради нeминливoтo, лoшoтo заради дoбрoтo, eвтинoтo заради драгoцeнoтo. Кoга Eвангeлиeтo нe би вeтувалo пoгoлeми врeднoсти, тoгаш кoј би...

Митрополит Тимотеј: „Тесниот и стрмен пат на духовното искачување“

Митрополит Тимотеј: „Тесниот и стрмен пат на духовното искачување“

Секој христијанин, своите напори може да ги насочува на разни активности во животот. Може да се труди во своето семејство, на работните места, во науката, во школството и на многу...

Архимандрит Партениј: Вистинската среќа – средба со Христа

Архимандрит Партениј: Вистинската среќа – средба со Христа

Како што чувме денес од Евангелието, тој, воден од Светиот Дух, влегол во храмот во моментот кога праведниот Јосиф и Преблагословената Дева Марија Го донеле Младенецот, за според тогашниот закон,...

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Пред Бога сите сме еднакви

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Пред Бога сите сме еднакви

Од црковната историја сме сведоци дека многупати се појавиле раздори и несогласувања во Црквата, но никогаш Бог нè дозволувал тоа неразумие да надвладее. Уште во апостолско време, Посланието сведочи дека...

Епископ Јаков Полјански: „Денес дојде спасението на овој дом“

Епископ Јаков Полјански: „Денес дојде спасението на овој дом“

Многупати сум говорел дека живееме во карактеристично време. Не ги сакаме фанатизмот и апокалиптичниот дух во Црквата, ниту пак, да говориме дека живееме во последните времиња. За оној што живее...

« »