логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

„...Да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно...“ (Јован: 17,21)

...И беа, во една малечка Црквичка во Чикаго, посветена на Светата Преподобномаченица Параскева. Архиереј, свештеници, ѓакони, чтеци, псалти,верници...И храмот наликуваше на Царството Небесно каде сите беа ЕДНО ВО ГОСПОДА. И немаше ни Македонец, ни Русин, ни Украинец, ни Бугарин, ни Грк, ни Србин....имаше само ЕДЕН христијански дух, ЕДНА братска љубов, ЕДНО православно срце.

...Четврток, 7-ми Август. Пристигна во храмот добриот пастир - возљубениот митрополит Методиј и се собра околу него сето духовно стадо. И започна братска и едномислена служба кон Господа. Бдение во чест на Светата преподобномаченица Параскева. И се чувствуваше љубовта на многу сестрински Цркви преку присуството на верниците што дојдоа како нивни претставници, а посебно преку нивните Свештеници: отец Димитар Алинчанец, отец Рубинчо Ацески, отец Митко Попоски, кои заедно со парохискиот свештеник отец Стојан Стојанов и ѓакон  Стеван Барјактаров, непоштедно Му служеа на Господа и Неговите Светии, предводени од нашиот возљубен митрополит. И единствена беше молитвата на верниците и покрај различната национална припадност. И ангелски звучеше пеењето на многучлениот мешовит хор, кого освен диригентката и неколку членови на нашиот црковен хор го сочинуваше и поголемо мнозинство членови (наши драги гости) од Архиерејскиот хор на  сестринската Руска Православна катедрална Црква „Покров на Пресвета Богородица“ од Дис Плеинс, Илиноис. Меѓу руските хористи се вбројуваа и архиѓаконот Вадим и ипоѓаконот Андреј, кои многу не почестија со нивното присуство. ...
   А таму каде што има единство и слога, таму постои и духовност и светост. Најголема потврда за ова беше Божјото благоволение да бидат донесени за Бдението и Литургијата светите и пречесни мошти на Светата Преподобномаченица Параскева, заедно со моштите на Свети Пантелејмон, Свети Јован Крстител, Свети Јован Златоуст, Св.Апостол Андреј, Св.Григориј Богослов, Св.Марија Магдалена, Св.Пророк Јеремија, Св.Апостол Лука, Св.Великомаченица Варвара, Св.Великомаченик Ѓорги Победоносец, Св.Филарион, Св.Харалампиј и Св.Трифун, како и честица од Чесниот и Животворен Господов Крст! О, каква Божја милост кон верниците на Македонската Православна Црква Св.Петка! О, каква братска љубов на пријателите од Руската Православна Црква кои несебично и со потполна доверба ни позајмија нешто толку свето! Бог нека ги благослови за сета нивна поддршка, соработка и помош! Во петокот, пак, на Светата Архиерејска Литургија, бевме почестени и со присуството на протоереј Андреј Папков од оваа наша сестринска Руска Црква, што уште повеќе ја зголеми нашата веќе преголема радост. Во знак на благодарност, нашиот митрополит Методиј му подари икона  на светата Параскева Римјанка, која веднаш го најде своето место меѓу иконите во рускиот катедрален храм.
...Петок, 8-ми Август, привршува Светата Архиерејска Литургија, но молитвите кон Светата Параскева продолжуваат. Конечно се укажува прилика да се отпее на македонски јазик Акатист кон драгата преподобномаченица Параскева, како израз на љубов кон Светителката, а воедно и како благодарност кон високопочитуваниот наш митрополит, кој и покрај многуте свои обврски, неуморно работеше на препевот на овој Акатист од руски. Црквата Света Петка му е преблагодарна за овој дар.
...Недела, 10-ти Август - Света Архиерејска Литургија; празнувањата продолжуваат, и токму тогаш кога изгледа дека радоста не може да биде поголема, настапува еден прекрасен миг: започнува чинот на потстригување за чтец на нашиот драг во Христа брат Драган Јорданов. Восхит и воодушевување се чита на лицата на сите присутни. Сите со внимание го следат овој прекрасен чин и го слушаат новопроизведениот чтец Драган, кој облекувајќи го стихарот ги кажува соодветните стихови: „Да се возрадува мојата душа во Господа, Кој ме облече во риза на спасение....“   И продолжува Светата Архиерејска Литургија во молитвена атмосфера, за што во голема мера придонесува и умилното пеење на Црковниот Хор на Света Петка -„Св.Јован Дамаскин“ во својот полн состав. По Литургијата следи Водосвет и благословување на колач и се избира нов кум на црквата, кој, всушност, со прифаќањето на оваа должност доброволно прифаќа да се грижи за доброто и напредокот на нашата света Црква, што си бара голема посветеност и жртва - Бог нека ја благослови и нека и даде сили за совршена служба на нашата драга сестра - кумата Анастасија Феин.

...Трпезата на љубовта повторно не соединува, но и не потсетува дека празнувањата привршуваат. Остануваат спомените за неколку денови исполнети со прекрасни мигови на братска љубов, сплотеност, едномислие, соработка, духовност, светост... Штета што се тоа само мигови... Но, не мора да биде така! Со малку повеќе залагање, можеме да ги направиме вечност! Од нас зависи. Да продолжиме да сослужуваме, да се радуваме на радоста на нашите браќа и сестри, да соработуваме меѓу нас и со другите православни цркви, да даруваме, да помагаме...ДА ЉУБИМЕ онака како што Бог не љуби нас. И тогаш, не ќе мора да живееме само со спомените за некои одминати прекрасни мигови, тогаш ќе живееме во една прекрасна, реална, исполнета со љубов ВЕЧНОСТ.

 

 

  

  


Приготвиле: верници на МПЦ„Св.Параскева - Петка“ од Чикаго.

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 155
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 406
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Христијанскиот идентитет е единствен идентитет што Христијаните го имаат

Митрополит Струмички Наум: Христијанскиот идентитет е единствен идентитет што Христијаните го имаат

Луѓето што се крстени си мислат дека и автоматски се христијани, но не сфаќаат дека нивните дела не го говорат истото. Најмногу ги издава нивната внатрешна насоченост кон барање, а...

Отец Методиј Митановски:Вистински богати луѓе се во суштина „Светителите“

Отец Методиј Митановски:Вистински богати луѓе се во суштина „Светителите“

 Денешното Евангелско четиво е точната дијагноза на потрошувачкиот менталитет на денешниот човек и последиците од тоа. Затоа треба да се посвети големо внимание и детално да се проучи. Господ Бог...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Средба со бесмртниот Бог

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Средба со бесмртниот Бог

Камо да немаше потреба да зборуваме, денес, за ова безумство човечко, за коешто зборува Христос во денешното евангелско четиво (види: Лука 12, 16–21). Но, за жал, постојат такви моменти и...

БEСEДА за сoвршeниoт чoвeк

БEСEДА за сoвршeниoт чoвeк

Eдинствoтo на вeрата, браќа, и пoзнавањeтo на Синoт Бoжји, Гoспoда Исуса Христа Спаситeлoт, сoeдинува двајца луѓe вo eдeн чoвeк, илјада луѓe вo eдeн чoвeк и мнoгу милиoни луѓe вo eдeн...

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Следствено, грев е човек да биде острастен кон материјалните нешта, кон земните блага, кои се минливи и му се дадени на човека да му послужат за добро, а не тој...

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

 Бог Го покажа Своето човекољубие не со евтини слова, но со принесувањето на Својот Син. Христос се појави во светот, со низа конкретни дела на љубовта. Првото дело е наклонетоста...

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Посебно по воплотувањето Христово и Неговиот Домострој на нашето спасение, ѓаволот станува како играчка со која малите деца си играат (свети Атанасиј Велики) или како спаринг-партнер за оние што се...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

« »