логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Така, вистинската цел е љубовта кон Бога. И ако ја постигнеме, тогаш сите други нешта го заземаат своето правилно место и човекот не се измачува. Да кажеме дека имаш тежок брак, сопругот те измачува, свекрвата исто така и ти доаѓа да напуштиш сѐ. Ако се анализирам себеси, ќе видам дека причината е длабоко во мене, имено, дека не Го љубам Бога. Да Го љубев Бога целосно и да бев свесна дека целта на мојот живот е љубовта кон Него, тогаш проблемите во мојот брак, здравјето, работата, финансиите, дури и фактот дека стареам – сите тие работи ќе имаа позитивна улога во таа моја врска. А фактот дека негодувам и сакам да се ослободам од своето испитание и крст, значи дека љубовта моја кон Бога некаде „изгубила контакт“. Гледајте што Му предложиле на Христа: Ако си Син Божји слези од Крстот. Сфаќате ли каков предлог е тоа? Тоа е предлогот кој секогаш доаѓа кога малку ќе се најдеме во тешкотии: имаш искушенија во бракот, се гушиш? Имам предлог – разведи се.

Друг пат може ќе си помислиш за некого кој ти прави проблеми: „Колку убаво ќе беше да умреше!“ И таква помисла доаѓа, може нема да ја примиме, но ти доаѓа на ум. Свекрвата ти ги држи парите и не ги дава, а ти имаш толку голема потреба од нив и си помислуваш: „Уште колку треба да ја чекам? Аман, нека си ја земе Господ кога веќе тргнала натака! Порано или покасно, секако ја чека тоа. Дали сега или на 70 години, поарно сега, кога имаме таква мака!“ Такви мисли ни доаѓаат кога сакаме да ни се тргне тешкотијата. Таа може да биде секаква – од тешка болест како што е ракот, па до проблеми со околината, финансиите. Сите тие нешта причинуваат болка. Сепак, ако расудиш правилно, ќе видиш се поврзани со твојата врска со Бога. Ако не успееш да ги поврзеш, тогаш нема да успееш да се справиш со проблемите.

Се сеќавам на нашиот блаженоупокоен Старец Јосиф Исихаст, кој почина во 1959 година и едно време имаше многу проблеми и маки со некои послушници што ги зеде при себе. Тие воопшто не биле подготвени за тој подвиг, ниту биле способни за пустинскиот живот што тој го живеел, но од љубов тој го понел нивното бреме и најпосле многу се измачил. Размислувал што да направи и стигнал до таму да се праша дали да ги избрка или тој да си замине. Бил во голема тешкотија, страдање и болка, но молејќи се, Го видел Распнатиот Христос, Кој му кажал: „Не можеш ли да го понесеш сето тоа од љубов кон Мене?“ Во краен случај, прашањето се сведува на тоа сите работи за кои што мислиш дека се виновни: твојот сопруг, послушник, работа, здравје, сосед – сето тоа човек да го стави на исто рамниште со врската со Бога и да го искористи како „отскочна даска“ за да скокне и да Го сретне Бога. Кога ќе го направиш тоа, тогаш ќе се промениш и ќе кажеш: „Мој најголем добродетел беше мојот сопруг, свекрвата која жива ме ‘изеде’“ – само како пример – „оној кој што ме наклевети, понижи“.


Старец Пајсиј велеше дека кога ќе умреме и ќе ни се отворат очите на нашата душа, првото нешто што треба да го направиме е да Го прославиме Бога со сите свои сили, за неволјите што сме ги претрпеле во животот. Зашто во краен случај ќе сфатиме дека токму тие тешкотии ни помогнале и наши добротвори не биле оние што ни зборувале убави работи, туку оние што нѐ навредувале, не затоа што сакале да ни направат добрина, не, тие си ја оствариле својата злоба – туку затоа што ако ги искористиме правилно, тогаш сето тоа за нас станува мост по кој минуваме за да влеземе во Царството Божјо. Нерон, тој злобен Римски император, бил злосторник, ѕвер, убил толку многу Христијани, но бил и најголемиот „доброчинител“ на Црквата. Не дека навистина бил таков – тој бил ужасно злобен, можеби отишол во адот, не знаеме, но го наполнил Рајот со маченици, ги посекол сите Христијани еден по друг, и сите тие отишле во Рајот и ја збогатиле Црквата со маченици. И Калигула, и Диоклецијан и сите тие гонители, можеби вршеле злосторства, но оние што ја исползувале нивната злоба на духовен начин, вистински станувале совршени. Според тоа, значајно е како човекот го ползува сето она што се случува во неговиот живот, како го поврзува со својата врска со Бога, дали го насочува своето внимание кон Божјата љубов. Само тогаш човек може да каже: „Гледај, од љубов кон Бога ќе го трпам тој сопруг, брат, жена, деца, тешкотија, и покрај тоа што не сум виновен“.

(Продолжува)

 

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/chovekot-e-ljubov-po-blagodat-del-4/

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 237
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 690
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

И да доживееш некаков неуспех, тоа ќе биде - „конструктивен неуспех", од кој учиш како да успееш.Клучно за секој успех е да се издржи кризата што се сретнува на патот....

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Лошо, добро; сладост, болка; радост, тага; заљубеност, омраза; успех, пад - постојани промени. Битно е - исправени да продолжиме кон целта.Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај.Сите што...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Светото Предание на Црквата е израз на најавтентичниот нејзин живот и секогаш има длабока смисла, и секогаш без исклучок ја изразува и треба да ја изразува Црквата, бидејќи се раѓа...

БEСEДА  за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

Сè штo ќe ви рeчe, направeтe! Какo да сакала да кажe: Oн знаe сè, Oн мoжe сè, Oн вe љуби ситe, затoа нe сe свртувајтe ни таму ни ваму, туку...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Божик е празник на богочовечка радост. Предвечниот Бог, од преголема љубов кон човекот станува еден од нас и ја преминува непреодната бездна помеѓу созданието и Создателот. Бог станува човек, и...

БEСEДА  за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

БEСEДА за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

Излeгoв oд oтeцoт, кадe штo имав сè, и дoјдoв на свeтoт, кoј нe мoжeшe ништo да ми дадe. Вo пeштeрата сe рoдил Гoспoд за да пoкажe дeка цeлиoт свeт e...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

БEСEДА  за Давид (02.01.2020)

БEСEДА за Давид (02.01.2020)

Царoт Давид му згрeшил на Бoга, сe пoкајал и Бoг му oпрoстил. Гoлeм бил грeвoт на царoт, нo уштe пoгoлeмo билo пoкајаниeтo. Му бил винoвeн на Бoга за два тeшки...

« »