логоFacebookTwitterYouTubeeMail

"Свв. Кирил и Методиј: Примери за евангелизација и христијанизација"

Светите Кирил и Методиј, апостолите на словенските народи, се празнуваат од страна на словенските христијани како национални и културни херои, но и како светители. Слично на светите Три Јерарси, светите Василиј Велики, Јован Златоуст и Григориј Богослов, чиј придонес за грчката книжевност понекогаш го засенува она што ги направило толку големи светители, честопати се случува животот и светоста на Кирил и Методиј да бидат засенети од нивниот придонес за словенската книжевност преку создавањето на глаголицата и кирилицата. Нивниот спомен се почитува и надвор од словенскиот свет. Но, што ги прави овие светители толку значајни за православните христијани кои не се поврзани, или немаат интерес за словенскиот јазик?

Срцевината на општиот култ што христијанскиот свет го има кон Кирил и Методиј се нивните значајни мисионерски достигнувања.

Принцот Растислав од Моравија испратил писмо до византискиот цар Михаил III, во кое му ставил до знаење дека неговата земја го отфрлила паганството и го прифатила христијанството, но немале кој да ги поучи во верата на нивен јазик. Римските мисионери се обиделе да ги евангелизираат Словените, но не биле успешни затоа што се обидувале тоа да го направат на латински или грчки јазик. На Словените им биле потребни мисионери кои би го зборувале нивниот јазик. Одговор на барањето на принцот биле самите Кирил и Методиј. Тие биле браќа, родени во Солун на почетокот од IX век. И двајцата добро образовани, и двајцата монаси; Кирил бил уште и свештеник кој знаел словенски.

Среќавајќи се со словенските народи преку нивната култура и јазик, тие биле во можност да ја здобијат нивната љубов и доверба, и да ги евангелизираат. Тие не им наметнале странски јазик или странски обичаи, туку живееле со нив, совршено го познавале нивниот јазик и ја прифатиле нивната култура и обичаи.

Но, нивните мисионерски достигнувања биле поголеми од ова. Иако Словените имале свој јазик, тие немале писмо. Кирил и Методиј создале писмо соодветно на нивниот говор, оспособувајќи ги на тој начин да го читаат Писмото, преведувајќи им ги текстовите на Божествената Литургија и другите богослужби. Така, постигнувањата на свв. Кирил и Методиј се далеку поголеми од една евангелизација: тие покрстиле цела една култура. Мисијата е неуспешна кога се обидува да ја замени постоечката, нехристијанска култура, со некаква туѓа, христијанска.

Ние, православните христијани на Западот, продолжуваме да нижеме неуспеси во оваа насока поради две причини: или го судиме „Западот“ како несоодветен за православие, отфрлувајќи ја западната култура како лоша сама по себе, или пак, основаме цркви чија култура е туѓа на земјата во која се наоѓаат, и очекуваме покрстените членови да се вклопат во туѓата култура.

Она на што свв. Кирил и Методиј продолжуваат да нè поучуваат е тоа дека вистинската мисија не значи просто заменување на еден етнички идентитет со друг, или отфрлање на културата што е несоодветна за православната вера, туку нејзино прифаќање и почитување сè со цел таа да се исполни со светлината Христова и живото православно предание. Никој не може да ја христијанизира културата ако претходно не ја прифатил.

Архимандрит Василиј Папавасилиу

Извор: КОЕ



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1202
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1745
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1162
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на...

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Во денешното евангелско четиво (Марко 6, 14–29) ни се открива кои се главните човекови страсти и какви се нивните основни меѓусебни влијанија во нас самите. Страста е болна – до...

Постои ли вистински авторитет за младите?

Постои ли вистински авторитет за младите?

Мислам дека кризата на авторитетот, мили мои, денес е најголемиот проблем во нашево совремие. Погледнете што се случува насекаде околу нас. Сите авторитети се разрушени, сè е така нихилистички релативизирано....

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Како може животот покрај Христос за некој да биде извор на страдање и извор на тага? Како може на монахот животот во манастирот да му биде извор на страдање, извор...

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

Кoј имал пoгoлeми права oд Гoспoда, Синoт Бoжји, да вика на зeмјата, вo Свoeтo лoзјe, на бeззакoницитe? Кoј имал пoгoлeми права да ги наврeдува грeшницитe кoи Гo наврeдуваа Бoга и...

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

“Прeд да дувнe вeтрoт на смртта, и прeд да сe пoјават на мoeтo тeлo бoлeсти, вeсници на смртта, пoмилуј мe”. “Прeд да зајдe вeличeствeнoтo сoнцe на висoчината за мeнe, пoмилуј...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

На ничиј живот немаме право да носиме суд, ниту пак, такво нешто примивме во Црквата од апостолите и од учењето на Светите отци. И сржта на нашиот подвижнички живот –...

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Според светите отци на Црквата, едно вакво целовечерно стоење во молитва и во благодарност кон Бога, заменува цел четириесетдневен пост – се разбира, доколку човек се подвизува во будноста, трезвеноумието...

« »