логоFacebookTwitterYouTubeeMail

✤✣✤Потребна е волја за да се постави нов почеток✤✣✤

 

Старче, зошто сум немарен?

-Не – м – арен; затоа што ти недостасува она... арно (убаво, добро)! Изгледа дека не си ја стекнал убавината, сладоста на духовното делување.

Старче, дали после извесен период на немарност помага доколку малку по малку се придвижувам?

Еден ден да свртам една бројаница, другиот ден две итн.?-Треба да имаш волја да почнеш и малку да се принудиш себеси за да поставиш нов почеток. Дури и кога човекот е уморен, ако малку се принуди себеси, заморот минува и тој се чувствува добро. Тој мал труд што го вложува значи многу, бидејќи Бог го сака нашето настроение за да може да посредува; а тоа е токму она што ќе нѐ спаси – божественото посредување.

Старче, дури и кога имам време не сум расположен да се занимавам со духовно делување

.-Е да, се случува понекогаш тоа расположение, но треба малку да се принудиме. Кога некој е нерасположен тој обично нема ни апетит, но сепак се принудува да јаде. Било да има или нема апетит, тој во почетокот зема нешто лесно, бидејќи стомакот не му поднесува силна храна, а потоа малку по малку апетитот му се отвора. Ако не јаде како ќе зајакне? Така и ти не би требало себеси да си допушташ немарност, бидејќи тоа ќе те уништи. Дај си на себе полесна духовна храна, за полека да се прибереш. Направи еден мал напор за да поставиш почеток.

Навистина, Старче, мене ми е тешко да се занимавам со нешто духовно.

-Да, затоа што маслото ти е замрзнато. Направи некоја метанија,  читај малку, моли се малку на бројаница за срцето да ти се загрее. Речи си: „Ќе направам макар само пет метании“. Кога ќе ти се придвижи моторот, потоа нема да можеш да го запреш, ќе ти треба кочница. Да ѝ ја дадеме на душата храната што ѝ е потребна

Старче, кога ќе изгубам волја за духовно делување, како одново да почнам?

-Занимавај се со она духовно делување кое ти се допаѓа, а кога ќе ти се врати волјата, ќе се занимаваш и со останатото. Постави пред тебе духовна трпеза, па види што е тоа што те привлекува. Сакаш ли нешто малку да прочиташ? Сакаш ли да свртиш една бројаница? Сакаш ли да го отпееш молебниот канон? Сакаш ли да читаш Псалтир, или да направиш некоја метанија? А ако немаш волја за ништо, е тогаш ти треба еден стап!

А можам ли да почнам од ракоделието, Старче?

-Можеш, но истовремено да се занимаваш и со Исусовата молитва.

Старче, а можеби правејќи го она што ми се допаѓа, си ја вршам својата волја?

-Гледај, во духовен поглед, на душата треба да ѝ ја дадеме храната што самата ја сака и што самата ја бара. Така душата се насладува, храни и придвижува кон поголемо духовно делување. Нели кога ќе се разболиме, нашиот организам ни бара нешто и ние му го даваме тоа за да оздравиме. Кога бев мал се разболев од анемија и барав да јадам лимон. Меѓутоа, бидејќи не знаеја дали смеам да јадам лимон, родителите не ми го даваа, туку го чекаа докторот. И на крај кога докторот дојде, тој самиот ми препорача да јадам лимон, бидејќи на мојот организам му беа потребни витамините што се наоѓаат во него.

Старче, за да можам овој пат да се соочам со немарот, се потрудив да се придржувам на еден ред.

-Редот е добра работа, но прво треба да настапи срцето, а потоа распоредот.

А можеби, Старче, вие ќе сакате да ми дадете некаков распоред?

-Распоредот што ќе ти го дадам е да се занимаваш со она духовно делување кое ти се допаѓа. Немој да се напнуваш и притискаш, туку испитај кој вид на духовна храна е потребен за твојата душа и тоа давај ѝ го. Кога ќе почувствуваш потреба да пееш – пеј; кога те привлекува читањето – читај; кога те привлекува Исусовата молитва – моли се. Исполнувај ги и сите останати твои духовни желби, под услов да не се принудуваш себеси прекумерно. Мислам дека сфаќаш. Вака ќе постапуваш сега, на почетокот, додека душата не ти се наслади, а потоа ќе влезеш во еден духовен поредок кој сам по себе ќе те влече. Не се вознемирувај; со Божјата благодат твојот мотор ќе се придвижи и потоа има да леташ!

Продолжува

Извор: Бигорски манастир

 

Друго:

Преподобен Пајсиј Светогорец✤✣✤Потешкотии во молитвата



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1312
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1857
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1237
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

„Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги...

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

Затoа, всушнoст, и Синoт сe oвoплoтил за сo Сeбe да им oбјави на луѓeтo и за Сeбe си, и за Oтeцoт и за Свeтиoт Дух, eднoсушнoтo Бoжeствo, трoичнo пo ипoстас....

БEСEДА  за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

БEСEДА за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

Јас сум вoскрeсeниeтo и живoтoт (Јн. 11:25). Oвиe свeти збoрoви ги изрeкoл Гoспoд Исус Христoс. Oн нe самo штo ги кажал, туку и сo дeлo ги дoкажал. Вoскрeснувајќи ја ќeрката...

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Голема е и длабока мистиката што овој четворокрак симбол ја содржи во себе; тој таинствено бил предобразуван низ целата епоха на Стариот Завет, како претсказание за Распетието на Синот Божји...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

 За едни, среќа е власта, за други-богатството, за трети-славата, јавното признание, за некого семејството, за некого работата.... Многу луѓе можат да кажат разни карактеристики за среќата. Но ниту една нема...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на...

« »