Поплака (15.08.2018)
Магнет ли сум јас за камењата
Или ги привлекувам туѓите мислења –
Вага ли сум за сечија тежина
Јас кој не можам да ја носам својата сопствена.
Магнет ли сум јас за камењата
Или ги привлекувам туѓите мислења –
Вага ли сум за сечија тежина
Јас кој не можам да ја носам својата сопствена.
Кој ли ме разбуди во ноќва?
Кој ли немир се спушти над мојата глава сонлива
Дали е тоа заборавен грев
Несознаен во моето срце
Или е тоа голем змев
Чиј здив треба да ме заплаши.
Лудост беше истерана
кога до премудрост се допре,
слобода беше подарена
кога блиску до вистина се најде.
На патот од Ерусалим кон Ерихон, помеѓу планините лежи пустината Хозев. Помеѓу голите пустински ридови денес се наоѓа Хозевитскиот манастир кој наликува на оаза среде пустина. Веднаш над манастирот се наоѓа и пештерата во која некое време живеел свети Илија.
Возвеличуваме величина
стокмена во маленкост,
се радуваме на телесна недооформеност
води младешки запреа во нерамнина.
Зборот кој мирно се слеваше
од твоите усни како да самуваше,
до нас тивко наминуваше
на тивок летен ветер наликуваше.
Спиеш ли
додека ноќта ме гуши ?
Дишеш ли
додека денот ме заслепува ?
Гледаш ли во виделина
додека те држам во темнина ?
Наутро немир подмолен
пладне замка на стишување
приквечер, на која страна сум навален ,
ноќта не е утеха на несмирените.
Од кога знам за себе
Секогаш те барав на небото
Ја прифатив и замената
Во ноките да биде луната
Што да објавам на светот за тебе,
дали сум дел од твоето лозје
дали ќе дозволиш калемов
да се пренесе жив на првиот чокот ?
Господар кој ти е
На кого припагаш
Кој се грижи за тебе
На кого плодови даваш ?
Она што е интересно е што до ден денес смоквиното дрво на коешто се искачил Закхеј за да Го види Спасителот стои во Ерихон. Пред седум години дрвото било пред целосно уништување – нападнато од термити и со исушени гранки. Со помош на руски ботаничари,...
Ги газеше овие патишта
Околчуваше ниви и умови
Не знаеше кои алишта
Ги носиш на средби со чеда духовни,
Радувај се свети Кипријане Слепченски !
Ме следиш
Како роса утринска
При небесна ведрина,
Никогаш не се двоумиш
Близок,
За Таков те знам
И така Име Ти изговарам
Сонцето фрлаше бисери лесни
Како поштар ги пушташе
Од одаите небесни
На раце се сливаа од воздух влажен,
Под погледот на поет тажен
Ангелски Легии се наредиле
од двете страни се поставиле,
двери олтарски бесшумно се отвориле
нов Светија во дом примиле.
Радувај се, Гавриле Велички!
Среде храм сонце зраци не спушти
туку во него се плетат од темјан виулици,
Воздишки подарени
Ум поштеден од дигалки,
Од крила темни потемнети
Од горделиви водоскоци.
Рака на рамо пак постави
Макар чекор и да ме одмини,
Денот не го наговестува
зрак од сонце срамежливо,
пој од птица златокрила,
ветре од долина повлечено,
во туѓина.
Ноќ повторно наидува
Во утро рано на мои очи,
Ученик наместо да се надѕидува
Дозволил нешто да го кочи
Состанок,
Да, се сетив – состанок,
Ха, лукаво или мудро приметив
Како понуда пропуштив.
Состанок со Мирот пропуштив
Е можеби не бев доволно приемчив,
Поминаа жетварите
Остана по нив само плевата,