логоFacebookTwitterYouTubeeMail

     


Николај Николаевич ЛИСОВОЈ

Археолозите тврдат дека улиците по кои чекорел Христос, и улиците на денешниот Ерусалим, ги дели слој со дебелина приближно девет метри. Во изминатите 2000 години Ерусалим неколку пати речиси целосно бил уриван и повторно возобновуван. Па сепак, ние можеме со сигурност да кажеме каде се местата на евангелските настани. Врз основа на што?

Во наше време се навршуваат приближно 3000 години од основањето на Ерусалим, но денешниот град има малку заеднички нешта со градот каков што бил при неговото основање, или со градот во времето на Христос, или, дури, со Ерусалим пред само петстотитни години. Историјата на Ерусалим е „богата“ со разурнувања. Набргу по евангелските настани, дошло до востание на Евреите против римската власт. Како резултат на тоа, во 70 година градот бил речиси целосно разурнат од војсководачот (идниот император) Тит Флавиј. Потоа, во 135 година по задушувањето наредниот бунт на Евреите, предводени од Бар-Кохба, императорот Адријан целосно го возобновил Ерусалим, или, подобро кажано, изградил сосема нов град. Ерусалим повторно бил разурнат во почетокот на VII век од страна на персијанците, а во XIII век – од крстоносците.

Па сепак, и Евреите и христијаните велат дека точно знаат каде се нивните свети места во Ерусалим. Но, зошто христијаните се уверени дека токму таму, каде што денес стои храмот на Господовиот гроб, бил погребан Христос? Или, како се уверени дека местото, за кое денес тврдат дека е Голгота, е она вистинското? Вакви примери може да се редат без крај...

Одговорот лежи во фактот дека во историјата на религиите постои еден феномен: една религија секогаш се труди да ја прикрие другата со свои храмови, празници, споменици итн. Односно, се стреми да ја избрише другата религија од свеста на нејзините верници. Парадоксално е, но токму поради тој феномен христијаните точно ги знаат местата на евангелските настани. Кога религиозната традиција сака да се вкорени на одреден простор, таа обично како основа за своето вкоренување ги користи постарите религиозни традиции. За нас е важно дека една паганска религија се обидела да се изгради врз темелите на евангелската, библиска традиција, но притоа претрпела неуспех. Римјаните како народ се одликувале со прецизност и со педантност. Тие уредно ги запишувале сите настани. Кога империјата за време на Константин Велики станала христијанска, требало само да се отворат архивите и да се види што се случувало во II век во Ерусалим.

Кога во 135 година во Ерусалим пристигнал императорот Адријан, тој решил на местото на Ерусалим да изгради нов град и да го преименува во Елија Капитолина (Aelia Capitolina). Така, Ерусалим му бил посветен на Јупитер Капитолски. Стариот Ерусалим бил возобновен според нов план. На, всушност, воопшто не се работело за сосема нов план. Ако ја погледнете картата на современиот Њујорк, ќе разберете како Римјаните ги граделе своите градови. Широки „авении“ и „улици“ што ги сечат – тој принцип при градењето градови воопшто не им припаѓа на современите американци... Постои доволно цврст стереотип дека Адријан целосно го разурнал сето она што останало од стариот Ерусалим, па дури наредил и да се изоре местото пред да се отпочне со изградбата на новиот град. Да, императорот навистина го изорал градот. Но, во која смисла? Во древноримскиот ритуал за основање нов град задолжително влегувало следново дејствие: градот по периферијата задолжително требало да се изора со плуг во кој биле впрегнати црн вол и бело јунец. Така е направено и при основањето на Рим во 753 година пред Христос. На тој начин, новиот гувернер на Ерусалим, облечен во бела ритуална облека, го впрегнал волот и изорал бразда околу новиот град.

Римјаните ги граделе градовите исто како што тоа се правело во христијанското средновековие, почнувајќи од храмот (или од храмовите). Местата на кои требало да се градат светињи, кај Римјаните ги одредувале жреците. А што направиле жреците на императорот Адријан? Своите претскажувања за местата на идните пагански храмови во Ерусалим сосема свесно ги поврзале со древните светињи на градот. Тие постапиле така за да ја втемелат својата религиозна традиција на веќе постоечката – библијска. Ако се погледне топофрафијата на градот, може да се забележи дека низ паганските светињи може да се повлече права линија: од Елеонската гора, преку Светињата на светињите на Соломоновиот храм, до Голготата.

Што требало да направи Адријан за да изгради пагански светилишта на местата на Господовиот гроб и на Голгота? За да одговориме на ова прашање, треба да се потсетиме што претставувале местата на кои бил распнат и погребан Христос? Макар што тие места денес се наоѓаат во центарот на Ерусалим, во почетокот на I век и Гологотата и Господовиот гроб се наоѓале надвор од градските ѕидини. Петстотини години пред Христос, местото на кое е погребан Христос претставувало каменолом. За времето на Христос, тоа било запуштено. Таму сега се наоѓала мала градина, надвор од градот, во која богатите луѓе можеле да си направат гробници. Интересно е дека современите археолози ги потврдуваат евангелските податоци дека местата на Распетието и на погребувањето на Христос се наоѓаат надвор од градот. А поинаку и не можело да биде. Евреите секогаш ги погребувале своите надвор од градовите, зашто секое мртво тело според Мојсеевиот Закон се сметало за нечисто, и човек дури не смеел ниту да се допре до мртовец. Кај Евреите не постоело почитување на могилите. 
 
Голготата и Господовиот гроб претставувале извишени места коишто се наоѓале блиску едно наспроти друго. Меѓу нив се наоѓала мала долина. Приближно во 44 година – веќе по евангелските настани – овие места влегле во составот на градот. Така, за времето на Адријан местата на Распетието и на погребението на Христос веќе се наоѓале во рамките на градот. Жреците на императорот сакале да го избришат сеќавањето на Христос и да го прошират паганството. Адријан ја израмнил долината меѓу Голготата и Господовиот гроб. Адријан наредил да се донесе земја на местото каде што се наоѓал гробот Господов, и на добиената платформа изградил светилиште на Јупитер Капитолиски. На Гологота Адријан изградил храм посветен на Венера. На местото на Светињата на Светињите на разурнатиот Ерусалимски храм исто така било поставено паганско светилиште. Во наредните двесте години на тие места биле принесувани жртви на паганските богови. Освен тоа, на местото на кое Понтиј Пилат го извел христос пред Евреите и им рекол: „Еве Го Човекот“ (Јован, 19:5) стоел лак со истиот текст. Адријан на тоа место изградил свој лак.

Понатаму следува нов период  во животот на градот. Во 313 година  излегува указот на императорот Константин за слободата на вероисповеста. По своја суштина, овој закон го извлекува христијанството од подземјето. Прогоните од страна на властите престанале. Империјата постепено станувала христијанска. Во 325 година Константин го свикува Првиот Вселенски Собор во градот Никеја. Оден од спонтано покренатите прашања на тој Собор било и прашањето за Ерусалим, на кој повторно му било вратено старото име. Каква била состојбата со евангелските свети места во тоа време?

Во Ерусалим доаѓа мајката на Константин – Елена. И сега станува очигледен одговорот на поставеното прашање: како се утврдени светите христијански места? Тие биле утврдени, пред сè, благодарение на тоа што Римјаните биле мошне прецизен и педантен народ. Сè било запишано. Било запишано дека жреците на Адријан се обидувале да го избришат од сеќавањата на народот сето она што било поврзано со библиските светињи во Ерусалим. А својата улога тука ја одиграла и споменатата тенденција секоја религиозна традиција да наспојува да се изгради врз темелите на постарата религија. Жреците не наложиле просто да се урнат јудејските и христијанските светињи, туку на нивни места да се изградат нови, пагански. И тоа, исто така, било запишано: кога и на кои места биле изградени римските пагански храмови.  

На св. Елена ì преостанало само да ги најде тие убави и монументални градби, за да под нив ги  најде евангелските светињи. Постапувајќи на таков начин, царицата Елена ги открила Голготата и Господовиот гроб. Над нив сега биле изградени христијански храмови. Освен тоа, цркви биле изградени и на Маслиновата гора, каде што се случило Вознесението Господово, на местото на „Сионската горница“, во која се оджала тајната вечера, симнувањето на Светиот Дух и Успението на Богородица. Исто така, постои и основа да се смета дека Константин и Елена изградиле храм во Гетсиманската градина над гробницата на Богородица, и на местото на некогашниот лак со натпис „Еве Го Човекот“ на кое сега стоел лакот на Адријан.

Подоцна започнува т.н. „византиски период“ на историјата на Ерусалим. Таа траела триста години, сè додека градот не бил освоен од арапскиот Калиф Омар. Но, тоа е веќе сосема друга сторија.

Судбината на христијанските свети места во Ерусалим јас би ја нарекол „уверување на оние што не веруваат“. Римјаните сметале дека ќе го избришат сеќавањето на Христос така што ќе изградат свои храмови на местата на евангелските настани. Но, се случило нешто што христијаните го нарекуваат Божја Промисла. Императорот Константин не морал долго да ги бара местата на евангелските настани, зашто Самиот Бог се погрижил за тоа. Кога настапило соодветно време, паганските храмови биле разурнати и под нив, целосно зачувани, биле пронајдени светињите поврзани со Спасителот, со Богородица и со апостолите.
 

Статијата е објавена во 5(22)-от број на журналот "Фома", 2004 год.

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

Посети: {moshits}


  

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 734
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

« »