логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Во очи на празникот на раѓањето на свети Јован Претеча, заштитникот на Светата Слепченска Претеченска обител, од сестринството на манастирот за народот, излезе од печат четвртата стихозбирка богољубива поезија Манастирски води , наречена Осамен волк. Рецензенти на книгата се академик Катица Ќулафкова, наша реномирана поетеса, литературен теоретичар и критичар, проф.др Владимир Мартиновски - поет, есеист, раскажувач, вондреден професор на Катедрата за општа и компаративна книжевност и г-дин Раде Силјан поет, есеист и литературен критичар, од четвртата генерација на повоени македонски писатели.
Покрај оваа книга, Слепченската библиотека Небесни цветови, минатата година ја издаде првата стихозбрка Манастирски води, по која следеше втората книга поезија Манастирски води - Лебедот и третата Манастирски води - наречена Убавина.

Во продолжение, со вас го споделуваме предговорот на книгата Осамен волк од сестринството на манастирот во Слепче.

 

Од осаменост до созерцание

… осаменоста е еден од најважните периоди во животот.
Некои извори се отвораат само во самоста со самиот себе.
Уметникот знае: за да твори, потребна му е самоста,
на писателот самоста му е потребна за да ги срочи своите мисли,
на музичарот за да создаде музика,
а на праведникот за да се моли.


Ана Линдберг


          Човекот на патот по земниот живот поминува во себе едно необично, разновидно патување низ своите внатрешни мисловни и емотивни лавиринти од тивки и затворени, диви и кричави состојби, кои настануваат при допирот со надворешниот свет, другиот свет…
          Живеејќи на работ меѓу два света - надворешниот и внатрешниот, човекот сам ја осмислува својата суштина, своите цели, очекувања, сопостоења. Надворешниот свет е преполн со неизвесноти пред една самотна претстава за “себе” на полето од животот, додека внатрешниот свет е концепт на самосуштини. Проникнувањето на двата светови во една личност честопати непријателствуваат, бидејќи внатрешниот свет на страстни инстикти, дивост, жестоки и бескомпромисни желби на грубата природа, се судираат со општата или поединечната мешавина од чувствата и мислите на надворешниот свет. Тогаш започнува една своевидна лична драма, која, како содржина ја има борбата на две начела – јас и светот или јас и ти. Ликот “јас” е или херој, или жртва: херој кој владее и победува омразен од сите, или жртва која принудно сопостои на нечија приказна. Во таа драма сите се сами, осамени, туѓи меѓу сите, залутани, необични, страдални, притеснати, унижени.
Човечката душа природно копне да се отвори некому, да се сподели И да се храни од друга душа, но истовремено, пуштајќи го човекот многу блиску до себе, чувствува неудобност заради втурнувањето на другоста во внатрешното пространство и ненадминлива горчина од неразбирањето. Животот добива неприпадна судбина… мечтаејќи за јазикот без зборови, кој го изразува и неизразливото, копнее за свет на прекрасни и милозвучни созвучија на мислите и срцата… но фантазмагоричните мечти ги руши постојаниот допир со суровата експлоатација на студенило и погазување на волјата на човекот , тој сфаќа дека надворешниот свет го живее својот живот, а не неговиот. Огромно мноштво “не ти” ја раскинува душата на пропорционални делови со него, и тогаш настапува длабоката осаменост. А осаменоста е страдање. Во таа самотност човекот секогаш е сам со својата болка, и веројатно многумина ќе стават знак за равенство меѓу осаменоста и страдањето.  Човекот се претвора во бегалец, во осамен бегалец, во ОСАМЕН ВОЛК, кој трча во кругот на очекувањата за реализација на своите суштини, цели, сопостоења, но одговор нема… с# во него се претвора во бездна, која зјае празна.
Зошто е празна? … можеби затоа што никого не пуштаме во својата душа. А можеби тоа е едноставно природна состојба на неосвестеното битие? Реално, опитно, ние знаеме само дека сме “јас”. Следствено на оваа самосвест ние сме егзистенцијално сами. Но во оваа констатација недостасува нешто, или Некој. Треба да се трага за одговорот.
Личноста почнува да зрее во осаменоста, во празнината. Човекот сфаќа дека се раѓа и умира сам. Останува сам и празен насреде овој свет. Во таа празнина почнува да гледа во себе, да слуша еден тивок глас, да ги гледа своите мисли во длабочините на срцето, да ја бара границата на своето битие… И тогаш, во таа длабока самост во себе тој открива очигледна бескрајност на постоењето, еден микрокосмос кој е честичка од севселенскиот миг на некоја вечност… И почнува таа празнина да се исполнува, да се осмислува со миговни тајни на нешто Велико и непознато. Празнината се претвора во преиполнет сад со спознанието на припадноста на Бога. Суштината на животот добива вечна смисла, заедно со гледањето на себеси во таа секосмичка динамика на живеењето, вечното постоење. Мигот преисполнет со глетката на Вистината се претвора во прво СОЗЕРЦАНИЕ - себеси во морето на Сељубовта. Значи празнината на самотноста била предназначена за Бога.     
Во тој настан самотноста добива исклучителна смисла, таа ни покажува кои сме, ја смирува душата, во сознателен подвиг се очистува умот од грубите мисли, се гасат страстните движења, нашето битие се приближува кон првопочетната природа на умот И станува способна за второто СОЗЕРЦАНИЕ во кое празнината што зјае во душата се преисполнува со Бога. Започнува периодот на доброволна осаменост, на копнеж за внатрешна средба со Бога, која се остварува во молкот на сиот свет, во тишината на внатрешните одаи, во безмолвното гледање, во тихувачкото созерцание. Самотноста станува просторот каде се слуша звукот на молитвеното сосредоточие пред надумното Троично Божество, Кое ни го отвора видот за СОЗЕРЦАНИЕ. Таа созерцателна глетка е натсетилна, надчувствена, над категориите на времето и просторот… во светот на вишите реалности.
Ова чудесно откровение го восхитува човекот, кој пленет од Љубовта и дарот на Богопознанието заборава на надворешниот свет, на бесмислената трагачка битка, на времените постигнувања, лутањата низ мртвите илузии за иднината, суетните стремежи на желбите, празните мисли, немите зборови, неостварените љубови, невозвратените сочувства, непотребните мечти, прогонетоста, отфрленоста … сите тие кои ја копаат празнината која само ги голта деновите и животите во најапсурдната драма на сцената на вечното патување, а човекот станува ,,ОСАМЕН ВОЛК”.

Насетувачка поетска слика за состојбата на осаменоста во отсуството на таинственото знаење и мистичното поимање на Бога, насликана е во песната ,,Осамен волк”, која е дел од оваа стихозбирка и поднаслов на ова издание:


,,Патишта не се познаваа
се менуваа меѓи расфрлани
нозе не насетуваа
дали има мекост или налани.

Луѓе гонеа човек,
а тој  бегајќи занавек
не почувствува, не виде
кога стана волк пред да осамне.”




На работ меѓу двата светови, во мистичната ноќ на длабоките осаменички страдања и решението за егзистенцијално-личносниот двиг во вишата сфера на Богооткровението, човекот веќе стои со јасна определба дека заминува од илузивните слики, од наметнатите цели, од притиснатата волја која живее под раководство на масовните световни типизации. Човекот ги гледа во себе оковите на своето внатрешно ропство и осознавајќи ја таа состојба, тој бега од светот и неговите пројави во себе, во самотност, во туѓинување, во таинствената борба за свое ослободување –внатрешно ослободување! Во тоа познание ги преминува своите граници и влегува во друга сфера на мислење, поимање на животот и неговото место во светот. Во зародиш на непрестајниот копнеж по Бога, тој почнува да ја познава смислата на самотноста како суштина со поразителна длабочина, во која се стекнуваат елементарните услови за Богоопштење во просторот на слободната душа. Осамениот волк го започнува своето Боготрагање и себепресоздавање…


,,Тага на очи мрежа навре
поглед од  камен се изостре,
само сјај, сјај остана
во поглед кој на природа и побегна.”

,,Помина, но сепак застана
него не го одмина
допир со поглед од далечина
на таа ледина
при полна месечина.”

Внатрешната слобода е подарок Божји заради стремежот и копнежот на срцето кон Него. А таа слобода… слобода на душата - е највисокиот вид на слобода која се дарува во самосвесна борба  за преобразување на спознаените страсти и нивните пројави. Процесот на преобразување е,всушност, процес на ослободување, во кој молитвениот труд и методолошките подвизи го доведуваат умот до чистота, срцето до обестрастеност. Непрестајната грижа за душата, држењето на умот внатре  во себе, открива едно ново Небо во личната суштина.Осамениот волк виежот со плач го заменува, солзите волчји во милосрдни бисери протекуваат, затоа што волчјото срце во човечки Богоподобен образ се преобразува.


,,Радост од небо заблеска
волчји очи станаа мили,
а тој кој со ништо не можеше да заблагодари
само завивање кон небо подари.

Завивање попратено со солзи
оние солзи сами, осамени,
кои стишуваат силни гласови
кои во грло стануваат пригушени.

Од исправеност
со глава кон небо подигнатост
полека тело кон земја се спушти,
полека глас во стенкање се претвори.”

        Избегнувам да зборувам со богословски и светоотечки тон, затоа што овде зборува една незапочната приказна, со неизмерен недостаток од синергија на благодат и слобода, но стиховите безусловно ќе ја раскажат приказната за осамениот волк кој умирајќи за светот, беше преобразен во човек по милосрдието Божјо со соучество на неговата слободна волја. Човек од волк се роди… и:

,,Замре, тогаш замре,
падина се заледи,
месечина се скамени,
сите помислија дека умре.

А тоа,
тоа тело не се раствори,
туку полека глава подигна веѓи,
и така се исправи,
на две нозе се појави.”

На почеток ,,откриеното” му е дадено во новото постоење на новиот Адам, во сладоста на натпрородната заедница со Бога, очекувајќи ја Убавината на незалезното Сонце од бескрајната вечност на Сељубовта – Отец, Синот и Светиот Дух, во Христа Воскреснатиот милостив Бог.  




,,И додека ден се раздени
сонце појава однесе
од таа падина го раздели
човекот кој таму лежеше.

Дури и во осаменост,
дури и во таа замолкнатост,
крилја му подари
во ангел го претвори
и да полета направи
до небесни извори, до цветни падини.”

Од осаменост…

 

 

Сестринството на манастирот во Слепче

 

 Друго:

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 148
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 370
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

БEСEДА за сoвршeниoт чoвeк

БEСEДА за сoвршeниoт чoвeк

Eдинствoтo на вeрата, браќа, и пoзнавањeтo на Синoт Бoжји, Гoспoда Исуса Христа Спаситeлoт, сoeдинува двајца луѓe вo eдeн чoвeк, илјада луѓe вo eдeн чoвeк и мнoгу милиoни луѓe вo eдeн...

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Следствено, грев е човек да биде острастен кон материјалните нешта, кон земните блага, кои се минливи и му се дадени на човека да му послужат за добро, а не тој...

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

 Бог Го покажа Своето човекољубие не со евтини слова, но со принесувањето на Својот Син. Христос се појави во светот, со низа конкретни дела на љубовта. Првото дело е наклонетоста...

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Посебно по воплотувањето Христово и Неговиот Домострој на нашето спасение, ѓаволот станува како играчка со која малите деца си играат (свети Атанасиј Велики) или како спаринг-партнер за оние што се...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата  поради Бог !

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата поради Бог !

Денес, драги мои пријатели, поученоста од животот на старозаветните праведници ме наведува со вас да зборувам за верата. Имено, нивната големина е одредена само со верата, точно живата и дејствителна...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:  „Епископот седи на место и во обличје Христово“

Викарен Епископ Јаков Стобиски: „Епископот седи на место и во обличје Христово“

 Епископот не станува Епископ поради некаква своја заслуга, туку исклучиво по благоволение Божјо, во послушание кон Светиот Архиерејски Синод, поради молитвите, и најважно од сѐ, заради потребите на Црквата. Затоа,...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

 Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

« »