логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

    Целиот свој работен век, дедо ми го помина во центарот на Софија. Кога се пензионира, остави сè и отиде на село. Си направи мала куќичка која не успеа целосно да ја опреми. Имаше само една соба и кујна. Си купи четри кози и една овца. Преку летото му одев на гости и заедно го пасевме селскиот добиток. Инаку стадото се пасеше толку денови, колку што истото броеше глави. Со него поминувавме по цел ден во планината. Тоа беа првите мои пастирски обиди. Ми велеше: „Таму има младо дрво, а онаа коза ќе му ја изеде кората. Оди и прибери ја при другите“. Го земав овчарскиот стап и почнав да мавам на неа. Таа бегаше надалеку и после требаше дедо ми да ја намами да се врати назад. Потоа ми објаснуваше: „Не може така да се однесуваш со животните, да го земаш стапот и да ги маваш. Треба да ги обиколиш и да претпоставиш каде може да отиде козата. Не е во ред само да го вртиш стапот. Целта е да го вратиш на луѓето, на квечерина, целото стадото“. Се надевам дека ти зборови ми послужија...

    Но, не седнав да пишувам за тоа, но за нешто побитно. Додека одевме по планината, дедо ми, ми покажуваше разни билки. После тоа ги кинеше, ми даваше да ги помирисам и ги прибирапе во една торба. После тоа ги сушеше. Си имавме ритуал. На стемнување си правевме чај. Дедо ми наливаше вода во сив метален чајник и го ставаше врз печка од типот „циганско чудо“. За миризбата од тој чајник сакам да ви раскажам. Секој пат беше де различна, де иста. Никој со точност не можеше да каже какви билки дедо ми ставаше во чајот. Нај точниот одговор би бил оној, оние кои му дошле при рака. На некој начин водата го попримаше не само горскиот аромат, но и мирозот на изгорени дрва. Како да се напојуваше од чистиот воздух. Мирисаше на свежина. На живот. На свое. Топлеше...

    Го имав заборавено тој мирис, но споменот за него, без да сакам, ми се врати сега кога се разболев од грип. Посакав да се излекувам со еден таков чај. Близу нас има една билна аптека. Можеш да си купиш сè, без да береш и да сушиш, без вооптшо да се грижиш. Сè е спакувано, подредено и приготвено. Само има еден проблем, го нема ароматот на живот. Како некој да измислил пластични билки. Како да ти продаваат вештачка атмосвера. Божем е липа, изгледа како липа, но нешто недостасува...

    Размислував за добродетелите. За да бидат вистински, треба да одиш во планината. Да се потрудиш, да ги приготвиш, за да станат топол чај. Нашите не се такви. Светот и неговата индустрија врши сè наместо нас. Веќе нема потреба од семејни ритуали. Сè постана „лесно“... Добродетелите ни се впакувани во сјајна хартија, но не се повеќе лековити. Празните раце не можат да дадат никому ништо...

    Имаш чувство дека подвигот е комерцијализиран. На духовен план, никој повеќе не сака да се искачува на планината, бидејќи таа е стрмна и бара напор, а за берењето на билки треба познание. Добродетелите не се едноставно нешто. Ако не си разумен, можеш да искорнеш трева која ќе ти го згорчи животот. Да бидеш философ по рамните градски улици е многу полесно. Нема да се испрлаш, нема да имаш жуљеви по рацете. Навикнуваш на мрсниот воздух, полн со смрдеа на издувни гасови, кои се впиваат се до душата. И повторно мислиш дека си чист. Повторно мислиш дека си добродетелен, заради тоа што можеш да си купиш нешто, кое има етикета „био“.

    И доколку повторно посакаш да тргнеш кон планината, тоа е само за задоволство, за забава, за да ти пројде времето, но ретко за топол планински чај, со кој би ги згреал блиските. Ете тоа е проблемот. Планините не се празни, но оние кои берат билки се трговци и речиси никогаш подвижници. Немаш интерес за љубовта. Не е потребно да ја практикуваш. На google пишува многу за неа.

    Оваа кратка историја има едноставен и јасен крај. При кого да ојде болниот? Како да се запре треската, која самиот си ја причинил? Христос е секогаш близу. Тој ги создал сите билки и е Лекарот на лекарите. Сите прекрасни аромати доаѓаат од Него. Доволно е само да не бидеш подведен од некој неразумен пастир, кој не ги чул поуките од дедо му.

 

Автор: отец Владимир Дојчев, БПЦ-БП


http://outsideri.org/archives/2028

13.03.2017 год.

Превод: презвитер Дејан Апостоловски

 

Друго:

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 735
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

« »