логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Од архивата на Преминпортал

Скопје, 25-ти март 2018 г.- храм на св.вмч. Димитриј

25. март 2018 година - Свети Григориј Двоеслов
Недела V на Велигденскиот пост
Недела на преподобна Марија Египетска


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух,

Благочестиви христијани,



Во овие недели, кога Црквата повикува на зголемена будност, во деновите од големиот Велигденски пост, ни се предочува севидноста и сеприсутноста Божја. Бог не гледа, ги следи нашите дела и постапки заедно со целата небесна војска од ангели и прославени светии. А ние, луѓето, водени по тело, запаѓаме во различни гревовни ситуации. Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен лек за тоа е подвигот на постот. Постот ја зацрвстува волјата и дава сила, а со таа сила владееме со телото.
Но, да внимаваме, да не дозволиме постот да стане и средство и цел. Постот е средство за духовно усовршување и уште еден чекор поблиску кон спасението; постот има за цел да ни донесе плод: и духовен, и телесен. Овој плод ќе биде достоен за почит доколку го споиме воздржувањето од мрсна храна со молитвено расположение, доколку успееме да го измениме начинот на размислување и достигнеме сопствено преумување за наша духовна полза.

Оваа недела, Црквата си спомнува за богоугодниот живот на преподобна Марија Египетска. Нејзиниот живот е вистински пример за Божјата милост кон оние кои живеат во молитва и покајание, пример за Божјата желба секој човек да се покае и да биде спасен, пример дека сопственото преумување, менувањето на начинот на живеење во христијанска смисла несомнено вродува со плод.

Имено, преподобна Марија Египетска целата своја младост ја поминала во блудничење и разврат и како таква, не наоѓајќи доволно задоволства во градот Александрија, Марија сакала да го збогати својот развратен живот со патување во Ерусалим, заедно со христијанските поклоници во тоа време. Во текот на патувањето и по пристигнувањето во Ерусалим, таа до самиот празник Воздвижение на Чесниот крст продолжила да ги заведува патниците кои тргнале на ова поклоничко патување.

Доаѓајќи во Ерусалим, влечена од љубопитноста, Марија заедно со останатите побожни христијани пошла во Божјиот храм. Но, доаѓајќи во припратата на храмот, таа едноставно не можела да влезе заедно со останатите и да пристапи кон Чесниот Крст Господов. Сите останати непречено влегле во храмот, а Марија и покрај многуте обиди и напори, едноставно не можела да го премине прагот на светилиштето, невидливо задржувана од Божјата сила. Посрамена и ожалостена, останала пред храмот потресена од чувството на срам и каење. Откако се помолила пред иконата на Пресвета Богородица, таа успеала да влезе во храмот, да се поклони и да го целива Животворниот Крст со цврста намера и ветување дека до крајот на животот ќе живее трезвено. Токму тука, и на тој начин започнало целосното покајание и преумување на развратната Марија, идната богоугодничка; токму тука започнала борбата од која излегува побеник само оној кој е со Бога.

Од тогаш, Марија се подвизувала и живеела во пост и молитва во Јорданската пустина речиси половина век, а пред упокојувањето се сретнала со монахот Зосим на кого му раскажала за својот живот пред и во пустината, а тој пак бил и сведок на нејзиното чудесно упокојување. Житието и чудата кои Бог ги направил преку преподобната Марија се пренесувале по усен пат, се додека сето тоа не го запишал ерусалимскиот патријарх Софрониј. Благодарение на неговите записи и во денешен ден дознаваме за животот и делото на преподобна Марија Египетска.

Но, зошто толку многу се пишува и зборува за маките на светите мажи и жени, и зарем е можно некој да биде и да се нарече победник без борба, без маки и страдања? И во земното војување никој не се смета за победник, ниту јунак, ако никогаш не бил во борба и не се намачил доволно и не пострадал многу. Такво е и духовното војување, каде што вистината е само една, каде самољубието не помага, туку штети. Кој нема никаква борба заради Христа, ниту со светот, ниту со ѓаволот, ниту со самиот себеси не може да се нарече Христов војник.

А каква е ползата од нашето спомнување на преподобната Марија Египетска? Ако нејзиното житие стане обична лектира и се смета за скаменета приказна од минатото, тогаш некој ќе пожали за бескорисноста на животот во и со Христа. Нејзиното покајание и преумување е потребно токму сега и веднаш, а овие великопосни денови се вистинско време и за нашето сопствено преумување. Ова е период во кој треба исправено да застанеме пред сопствената суета и да ги соголиме сопсвените световни заблуди - ова е време за свое, лично, но и народно преумување. Ако успееме да ги согледаме сопствените приземни желби кои не ни носат полза, ниту духовна, ниту лична, ниту општествена, полесно ќе биде да го одбереме вистинскиот животен пат.

Се повикуваме на подобро утре, на благосостојба, а ги отфрламе темелните вредности на кои сме изградени и како личности и како Црква и како народ. Правдајќи се дека утре ќе ни биде подобро, ја отфрламе сегашноста која што е втемелена на преданијата и животните искуства на нашите претци. Барајќи да бидеме еднакви со другите народи ја забораваме и унижуваме сопствената вредност и сопственото значење во градењето на општиот цивилизациски народен колаж. Зарем треба да заборавиме кои сме и што сме за некој да не прифати како еднакви? Да ги сочуваме, но и да се вратиме на темелите на претците кои преку верата во Бога и односот кон Црквата опстојале со векови без опасност да се претопат во нешто друго.

Сопственото преумување треба да се движи во насока на зачувување на нашите духовни и материјални вредности кои во денешно време се во фаза на ерозија и распаѓање. Нашето преумување нека биде внатрешно враќање на корените од кои потекнуваме и од кои сме израснале. Не треба да бараме некој од страна да не реформира ако тие промени ќе го сменат на полошо нашето живеење. Ако современо живеење бара уништување на сопствените темелни вредности, тогаш треба да се замислиме дали сето тоа ни е потребно и полезно. Само под закрилата на Црквата и во прегратките на Божјата милост го наоѓаме живоносниот пат. Осветлени од вистината на Христовата наука ни станува јасно во која насока треба и мора да се движи преумувањето на секој од нас.

Овие денови, во кои Црквата го претпоставува преумувањето и промената на начинот на живот и размислување, нека бидат поттик за секого да размисли за себеси, но и за своите ближни. Примерот на преподобна Марија Египетска е неоспорлив доказ дека преку личната борба со злото, преку сопственото покајание и преумување, со Божја помош, може да се постигне многу и на личен и на општествен план. Преумувањето на кое повикува Црквата, преку примерот на Марија Египетска, да стане сеопшто преструктуирање на начинот на размислување и дејствување. Таму, каде што борбата е силна и страшна, каде што има и жртви за вистината, на таа страна Бог гледа и врз тие чеда го испраќа Својот благослов за напредок.

Бог, по молитвите на преподобната Марија Египетска и на сите преподобни мажи и жени кои успеале во борбата со злото, знаени и незнаени, да не укрепи во овие великопосни денови, па и ние, по нивните молитви и со Божја поткрепа, да ја дочекаме воскресенската радост.


Амин.

 

Скопје, 25-ти март 2018 лето Господово

Од Божествената Литургиј во храмот на св.вмч. Димитриј

 

Друго:

sv.Marija.EGIPETSKA.jpg

 

tihon borisov

 Знаеш зошто е добра пустината? – Спомен на света Марија Египетска  ...

Premin57.jpg

 ПОКАЈАНИЕТО НА ПРЕПОДОБНА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА ...

 Metodij.naDuhovden10.jpg

Митрополит Методиј- Беседа на Евангелие во неделата на Св. Марија Египетска ...

 

ПреминПортал (К.Т.) 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 648
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

« »