Небесниот застапник на Бигорскиот Старец – голема слава на Обителта
Неопислива беше радоста на отец Партениј кога пред себе го здогледа овој насликан благ лик. Како кога дете после подолго време повторно ќе си го види својот родител, и силно прегрнувајќи го, од радост ќе заплаче. Во тој миг небаре целиот храм се исполни со умиление, зашто обилен благослов се симна од небесата, од она место каде сега ликува и се радува Старецот Георгиј Капсанис.