логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ  

 Тропар на светиот
Христов преподобен
Исидор Пелусиот
4 февруари / 17 февруари

3.angeli.so.truba

Подвижништвото твое храна за твојата душа постана,
о, храбар преподобен Исидоре,
Христос целомудреноста со мудрост
за спасение ја награди,
на сите им стана учител на патот подвижнички,
моли се за нас ти кој беше
почитуван од светите Јерарси,
а сега славен на небото од светите ангели
 пред престолот на Бога Седржителот.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на светиот
Христов исповедник
Николај Студит
4 февруари / 17 февруари

3.angeli.so.truba

Великиот со величина на земјата и небесата,
те прослави o Николае, за верата твоја,
подвигот и трпението што го покажа закрепнат од благодатта.
Цврсто утврден од пастирот Теодор,
ѕидовите не го задржаа исповедувањето твое на вистината, затоа и ние денес се надеваме на твоите молитви,
кои Бог ги прима од оној кој за Него сведочи,
и ги милува оние кои денес го празнуваат,
твојот свет спомен.

 
 Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на светиот
Христов новомаченик
Јосиф Сириски
4 февруари / 17 февруари

3.angeli.so.truba

Бедната лага очите твои ја дознаа
напоени со благодатта Христова,
верата која кон Животот поттикнува,
те направи исповедник и маченик Јосифе,
понижувајќи го човековото мудрување.
Радувајќи се во небесните живеалишта,
за нас моли се да истраеме во овој свет на занес,
по твоите свети молитви.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на еден
Богобојазлив Пустиник
4 февруари / 17 февруари

3.angeli.so.truba

Име не ти знаеме, но Спасителот те нарече покајание,
чистота наша не познаваме,
но Он те ослободи од гревовите,
гревот нас грешните нѐ зароби,
а Бог тебе слобода ти поврати,
о пустиниче кој падна – но пред Господа колена преклони,
за нас моли се до крај трпение да имаме,
за да Го пречекаме Оној, Кој дарува опростување.

 
 Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Православен календар за 17/02/2019

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2020 лето Господово

 

Од Верскиот календар:

Преподобен Исидор Пелусиот

Родум Мисирец; син на угледни родители и роднина на александриските патријарси Теофил и Кирил. Откако ги проучи сите светски науки, се одрече од богатството и светската слава и сиот му се предаде на духовниот живот заради љубовта Христова. Беше голем и усрден бранител и толкувач на православната вера. Според тврдењето на историчарот Никифор, Св. Исидор им напиша над десет илјади писма на разни лица, во кои едни ги укорува, други ги советува, трети ги теши, четврти ги поучува: „Поважно е да се поучуваш на добродетелен живот одошто на красноречиво проповедање“, пишува тој во едно писмо. Во друго вели: „Ако некој сака неговите добродетели да се покажат големи, нека ги смета за мали и тие навистина ќе се покажат големи“. Прво и основно правило за него беше: прво практикувај, па потоа поучувај, според примерот на Господ Исус. Во времето на гонењето на Златоуст, кога сиот свет се подели на два табори, едните за, а другите против овој голем столб на Православието, Свети Исидор застана на страната на Златоуст. Му пишуваше на патријархот Теофил каква голема светилка на Црквата е Златоуст и го молеше да се одрече од ненавидноста кон него. Поживеа долго, и многу стори прославувајќи Го Христа со живот и со перо и се пресели во Христовото Царство во 436 година.

sv.Nikolaj.Ispov(Studitski).jpg

Преподобен Николај Исповедник

Овој Светител беше од островот Крит. Дојде во Цариград за да го посети својот роднина Теодор, игуменот на Студитскиот манастир, но остана и се замонаши. Како монах Николај ги мина сите подвизи за спасението на душата. Во времето на гонењето на Црквата од страна на Лав Ерменин, Теодор и Николај беа свирепо мачени, биени со воловски жили и најпосле ги фрлија во затвор, каде останаа три години. По смртта на Св. Теодор Николај стана игумен на Студитскиот манастир. Уште за време на животот правеше чуда со силата на Божествената благодат. Така ја исцели од болест Евдокија, жената на царот Василиј, а потоа и Елена, жената на патрицијот Мануил. На угледниот благородник Теофил Мелисен, на кого не му се држеа децата, му ја благослови новородената ќерка и за неа му прорече дека ќе живее и ќе биде многуплодна, а тоа подоцна така и се исполни. На денот на својата смрт Свети Николај ги повика монасите и ги праша што им недостасува. „Жито“, одговорија. Тогаш игуменот им рече: „Оној Којшто го нахрани Израилот среде пустината, по три дена и вам ќе ви испрати пченица во изоблилство“. И навистина, по три дена под манастирот доплови кораб полн со жито, испратен од царот Василиј. Преподобниот Николај се пресели во Царството Небесно во седумдесет и петтата година од животот, на 4 февруари 868 година.

Светиот маченик Јосиф

Родум од Алеп. Турците го присилуваа да се потурчи. Не само што ги одби туку почна и да ги изобличува мухамеданските лаги и да ја фали верата Христова. За ова беше мачен и обезглавен во 1686 година.

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 722
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Наравоучение: православната психотерапија прави разлика меѓу искушенија што ни се случуваат затоа што душевно оздравуваме (очистување на срцето од страстите) или сме доволно здрави (просветлување на умот), од искушенија што...

« »