Преку денешнава парабола, Христос не поучува дека секој од нас е создаден од Бога со уникатна убавина, различна од другиот до нас. На секој од нас Бог ни дарил разнообразни божествени дарови, според кои се разликуваме еден од друг поради кои секој од нас има различен и подеднакво уникатен однос кон Господ Исус Христос, како личност со Личност. Таквиот наш однос, не се базира на големината на даровите кои ни
Иако празникот Крстовоздвижение, возникнал како политички, тој има особено значење во Црквата во нашиве денови. Тој останува за нас ден на постење и молитви, ден кога споменуваме дека Крстот е единствен симбол, достоен на нашата безусловна верност, и дека нашето спасение не зависи од било какви земни победи, туку единствено од вистинската и неизбежна победа на Христовото Распетие и нашето сораспетие со Него.
На дрвото од Твојот крст се поклонуваме, Човекољупче, зашто на него се прикова Ти, Животу на вселената; рајот му го отвори, Спасителу, на разбојникот што со вера Ти пријде, и за насладата рајска се удостои, обраќајќи Ти сеː Спомни си за мене, Господи! Прими нѐ како него и нас кои викамеː Сите згрешивме, но поради Твоето милосрдие, не презирај нѐ.
На 21.9.2023 година, кога Црквата го празнува великиот благден – Рождество на Пресвета Богородица, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан богослужеше и проповедаше на Светата божествена Литургија во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Калишта, Струга. На Литургијата во ѓаконски чин беше ракоположен ѓаконот Никола Финдаковски.
Денес, на празникот Рождество на Пресвета Богородица, Митрополитот на Дидимотихо, Орестијада и Суфли, г. Дамаскин, отслужи Божествена Литургија во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, во Водоча, во сослужение на надлежниот Митрополит Струмички г. Наум и неговиот Викарен Епископ Стобиски г. Јаков. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
И покрај тоа што паѓаш повторно и повторно, стани пак. Повикани сте на небесен пат. Не е чудно за некој кој трча да се сопнe.
Потребно е само трпение и покајание во секој момент. Затоа, секогаш покај се кога ќе згрешиш и не губи време, бидејќи колку подолго ќе чекаш да побараш прошка, толку повеќе ќе му овозможиш на лукавиот да ги шири своите корени во тебе.
“Гуруизмот е карактеристика, пред сѐ, на тие што деспотски, односно апсолутистички, т.е. како сакаат, си владеат, користеjќи ги за тоа својата висока позиција и моќ. Гуруизмот е неминовна последица на отсуството на внатрешното духовно покритие за високиот чин што го носат.
"Бог, Кој почива на разумни престоли, денес на земјата свет престол си подготви; Оној што со мудрост ги утврди небесата, со Своето човекољубие духовно небо сочини, зашто од неполоден корен ни израсна сад живоносен – Својата Мајка. Господи, Кој си Бог на чудеса и надеж на безнадежните, слава Ти."
За време на турската окупација турчин трчал по еден правславен христијанин за да го убие.
Православниот налетал на Црква, но не влегол во Светиот храм, туку се сокрил во припратата на храмот зад големата икона на Богородица која стоела на триножен статив.
И така речиси сите си заминуваат, без никаков страв, без крик, без да повикаат помош. И колку треба да тагуваме за смртта што доаѓа, за Страшниот суд, за трагедијата околу нас што продолжува, што целата таа маса умира, умира страшно, ужасно, оди во пеколот, на вечни маки секој ден заминуваат илјадници илјади луѓе.
А ние што правиме? Сите сме насмеани и бараме мир, спокојство овде..
Колку голема радост за нас е тоа што Господ, не само што ни ги простува гревовите, но и Самиот Себеси ѝ се дава на душата да Го познае, кога таа се смирува. И најбедниот може да се смири и да Го познае Бога со Светиот Дух. Не се потребни ниту пари, ниту имоти, за да се познае Бог,
О, блажени и најнепорочни сопружници, Јоакиме и Ана! Станавте познати по плодот на вашите утроби, како што рекол Господ: ќе ги познаете по нивните плодови. Вие поживеавте живот угоден на Бога и достоен на Родената од вас. Живеејќи чисто и свето, ја родивте ризницата на девственоста – до раѓањето дева, во раѓањето Дева, и по раѓањето Дева; единствена Дева и
Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што Евреите не очекувале оттаму ништо особено и говореле: „Може ли нешто добро да излезе од Назарет" (Јн. 1:46). Не многу време пред Раѓањето на Христа во Назарет живееле сопружниците - Јоаким и Ана.
Постојат многу весници и списанија, многу електронски изданија на македонски јазик. Некои од нив се општо отворени за секакви теми, некои пак, како Вашето, на пиедестал ја ставаат духовноста и етичноста!
Затоа дозволете уште еднаш од срце да ви ги честитам родендените и да ви посакам уште безброј броеви на ПРЕМИН и на ПРЕМИНПОРТАЛ на интернет.
Од арно да не куртулите и само добро да правите!
Освен ова благодатно проникнување, проземање, друг начин на постоење и спасение за нас, христијаните, е невозможен, и незамислив. Ние не сме етичко тело, ние сме Тело Христово – еден со друг благодатно-органски поврзани и еден на друг органи. Спасението е тајна на учество во Телото Христово токму на овој начин.
Ангел небесен кој претстои пред Бога, беше испратен кај праведните Јоаким и Ана за да им објави голема радост, зашто по својата бездетност ќе родат Ќерка Преблагословена, од Која ќе му дојде радост на сиот свет Затоа и ние, како учесници во оваа радост, на Дева пофални песни и воспеваме: Радувај се, во Троичниот Совет пред вековите избрана за Мајка на Синот Божји;