Крстопоклона Недела во Радовиш
Пред почетокот на Светата Литургија, откако беше изнесен Светиот Крст на средина на црквата, Митрополитот г. Иларион Му се поклони, а по свештенослужителите пристапи и многубројниот народ да се поклонува на Светиот Крст. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, произнесе пригодна беседа кон присутните верници.