Воскресение Христово (трет ден)
На 10 април 2018 година (вторник од Светлата седмица), во храмот на свети Димитриј во Крива Паланка, митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.



По повод празникот на Воскресението Христово, деновиве од печат излезе книгата за деца „Венец на светоста“ од д-р Дмитриј Авдеев, во издание на манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица.
Но Петар стана и отиде бргу до гробот, и кога се наведна, го виде внатре само покровот и се врати, чудејќи се сам во себе за она што станало. Во истиот ден двајца од нив одеа во едно село, по име Емаус, кое беше оддалечено од Ерусалим шеесет стадии; и зборуваа помеѓу себе за сите овие настани. И кога разговараа и се запрашуваа еден со друг, Сам Исус се приближи и одеше со нив; но очите им се замрежија за да не Го познаат.
Но, известувајќи ги жените за Воскресението на Господа, ангелот вели само: „Стана, не е овде!“ Тој не додава: „Радувајте се“, зашто радоста сама по себе ќе ги исполни нивните срца штом се уверат дека Господ навистина воскреснал. Тогаш верата била опиплива, а Господ со Своето јавување ја допотполнил. И радоста кај сите била неисцрпна!
„Откако го видовме Христовото воскресение, да Му се поклониме на светиот Господ Исус, единствениот безгрешен. На Твојот крст се поклонуваме, Христе, и Твоето свето воскресение го пееме и славиме, зашто Ти си Бог наш, освен Тебе за друг не знаеме, со името Твое се именуваме. Дојдете сите верни да се поклониме на светото Христово воскресение,...
Стих: Попусто го чуваш гробот, стражо, бидејќи тој не може да го задржи самиот Живот.
Христос се молеше за оние коишто Го распнуваа: “Оче, не им го земај ова за грев, тие не знаат што прават”. Архиѓаконот Стефан се молеше за оние што го засипуваа со камења, за Господ да не им го земе тоа за грев. И ние, ако сакаме да ја сочуваме благодатта, должни сме да се молиме за непријателите. Ако ти не го сожалуваш грешникот, којшто ќе се мачи во оганот, значи дека во тебе ја нема благодатта на Светиот Дух, туку во тебе живее зол дух.
Колку мудро и со колку едноставни и јасни зборови Господ ни ја предава чудесната паралела за мудрите и неразумните девојки. Приказна навидум обична, но каква длабочина крие. Зашто преку неа Он вешто ни ја претставил Својата невеста – Црквата, која од една страна сѐ уште е во светот, делејќи ги неговите слабости и несреќи,
Во светиот и велик Вторник од Страсната седмица, нa 3 април 2018 година, кога светата Црква молитвено се сеќава на Евангелското кажување за десетте девојки,во храмот на св.пророк Илија во скопската населба Аеродром отец Тино Стефковски во сослужение на ѓаконот Димко Симевски отслужи Литургија на Претходноосветени дарови.

1. Лазарева сабота: празник на пријателството – Даниил, Митрополит Архангелско-Холмогорски
Ве информираме дека благодатниот оган за којшто беше најавено во јавноста дека од Ерусалим преку Софија годинава ќе биде пренесен и во Р. Македонија, се очекува да пристигне на Меѓународниот аеродром „Скопје“
08:30 часот – Царски часови со Велика вечерна.
Откако беше продаден и предаден за триесет сребреника од својот пријател и ученик, најнапред Го одведоа кај Ана првосвештеникот, кој Го испратил кај Кајафа, каде што бил плукан и удиран по образите, а воедно и исмејуван и навредуван, и каде што ги слушал зборовите: „Проречи ни, Христе, кој Те удри?” (Матеј 26, 68). Таму дошле и лажните сведоци кои Го клеветеле, бидејќи беше рекол: „Урнете го овој храм и за три дена пак ќе го изградам”,
“Oваа милoст (Бoжја) штo нè вoскрeсна и пoтoа згрeшивмe e пoгoлeма oд милoста штo ни e дадeна тoгаш кoга нe смe пoстoeлe. Слава, Гoспoди, на Твoјата бeзмeрна милoст”. Така гoвoри св. Исак Сирин. Сака да кажe: пoгoлeма милoст Бoг пoкажал кoн нас кoга прeку Христа нè спасил oд гнилeжoт на грeвoт и смртта oткoлку кoга oд ништo нè сoздал.
























