Последниот акатистен поздрав кон Пречистата
Во исчекување на светите и благодатни денови на сечесните Страданија Христови и на Неговото сесвето Воскресение, монашкиот наш собор, умножен со верните кои ревносно ги поминаа снежните навеви за да земат удел во оваа небоземна пофалба, ѝ ги упати последните акатистни поздрави на Сепречистата Владичица наша Богородица во оваа Света Четириесетница.




Постот претставува корен на секоја добродетел и почеток на исполнувањето на Божјите заповеди...Постот и воздржанието им користат не само на добродетелите, туку и на побожноста; бидејќи постот мора да е проследен со воздржанието. Зошто?
"Дојдете да работиме во таинственото лозје, берејќи во него плодови на покајание, не ситејќи се од јадење и пиење, туку во пост и молитва негувајќи добродетели: со тоа Му угодуваме на Господа, и за трудот ни дава награда од еден денар, со кој ги избавува душите од гревовниот долг, единствениот многумилостив."
Свeти Јoван Златoуст вака пишува прoтив oниe кoи збoруваат вo црквата и кoи излeгуваат прeд да заврши Бoжјата служба: “Нeкoи нe пристапуваат (кoн причeстувањe) сo трeпeт туку сo туркањe, притискајќи гo eдeн друг, пламтeјќи сo гнeв, викајќи, карајќи и туркајќи гo свoјoт ближeн, пoлни сo мeтeж. За тoа јас чeстoпати гoвoрeв и нeма да прeстанам да гoвoрам.
Пред извесен период, повторно, по милоста Божја Ве информираме дека со благослов на нашиот надлежен епархиски архиереј, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј – излезе од печат четвртиот број од епархискиот гласник на Австралиско – сиднејска епархија при МПЦ-ОА – списанието „ПРАВОСЛАВИЕ“,
Човекот, колку и да е мудар, треба да прашува за совет. Ние не сме неприкосновени. Не може да постои само Бог, па ти. Можеш ли да добиеш одговор непосредно од Бога? Е, до таму сè уште не сме стасани. Но, да прашаме и некој друг. Да прашаме и да се посоветуваме. Зар немаш никој подобар од себе?
На 9.03.2018 година, Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф,
На 10.03.2018 година, Митрополитите Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Европски г. Пимен и Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, отслужија Панихида во Лешочкиот манастир во чест од 173 години, од упокојувањето на игуменот на Лешочкиот манастир Кирил Пејчиновиќ. На панихидата присуствуваше и Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во Република Македонија г. Даријан Сотировски..
Деновиве излезе од печат новата книга на Митрополитот Струмички Наум, „Пастирски пристап или поистоветување“, во издание на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“, Велјуса. Книгата е издадена по повод шеесет години од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква.
Нашата небесна Закрилничка, Сепречистата Владичица Богородица, чедољубивата Мајка на родот христијански, и овој Велик Пост, преку чудотворната Своја икона Скоропослушница, ја покри нашата Татковина – a особено Струмица – со покровот на Нејзината Божествена љубов. Пред точно една година нè посети Таа благодатно со ...
Во овој ден празнуваме неседална песна - Акатист на Пресветата Владичица наша Богородица, од овие причини: Кога Ираклиј управуваше со византиското царство, персискиот цар Хозрој, гледајќи дека моќта на Грците значително ослабела поради тиранијата на императорот Фока, испрати еден од своите велможи, по име Сарвар, со илјадници елитни војници, за да ги покори за себе сите источни земји.
Во петокот од третата седмица од Великиот Пост, 9 март 2018 г., во храмот на свети Јован Крстител во Кратово, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеше Литургија на претходноосветени дарови.
Синко! Ако си мудар, мудар си за себеси и за ближните свои; и ако си лош, самиот ќе страдаш. Кој се крепи на лага, тој пасе ветрови, потскокнува зад птиците што фрчат: зашто тој го оставил патот кон своето лозје и талка по патеките на нивата своја; минува преку безводна пустиња и земја, осудена да жеднее со рацете свои собира бесплодност.
Тројна радост ја грееше овие два дена светата Обител на Победоносецот Георгиј во Рајчица. Воскресното богослужение соединето со песнопенијата за великиот тајник на Божествената благодат – Св. Григориј Палама, како и споменот на незаборавниот син на блаженото послушание, Преподобен Доситеј, испушаа зраци на небесна сладост и спокојствие.
Во петокот, на 2 март, о. Анатолиј на одделот за богослужение и црковна уметност, на Теолошкиот факултет при Аристотеловиот Универзитет во Солун, успешно ја одбрани својата магистерска теза од специјалноста по византиска музикологија, со наслов: „Самогласните стихири на празникот Успение на Пресвета Богородица во византиското и поствизантиското песнотворение“.
























