Бигорското ќелијно училиште било првото училиште во западните краишта на Македонија и неговото најрано споменување во историските извори е од времето на знаменитиот игумен Арсениј, во првата третина на XIX век. Се претпоставува дека тоа функционирало и претходно, но Архимандрит Арсениј се погрижил да го збогати со потребна литература.
Избор од богослужбите, храм Рождество на Пресвета Богородица, Скопје (14 и 16.11.2018)
Во длабочината на плачот се наоѓа утеха, и чистото срце прима просветлување. А просветлувањето е неискажливо дејство Божјо, што се сознава несознајно и се гледа невидливо. Утехата е освежување на болната душа, која како малечко дете во исто време плаче и почнува ведро да се насмевнува. Таа е поддршка и обновување на душата што потонала во тага и на чудесен начин солзите


„Кога човекот преку смртта ќе се ослободи од земните врски, тој набргу ќе го запознае вечното блаженство на небото, подготвено за праведниците уште од создавањето на светот. Ние сме повикани да покажеме љубов и послушност исполнета со вера, надеж и зависност од Бога.“


Излезе од печат 47-то издание на списанието „Православна Светлина“. И во овој обработивме многу нови душеполезни теми, од кои се надеваме дека читателската публика ќе пронајде поука. Се надеваме дека и овој празничен број на Православна Светлина ќе биде радосна вест за сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко. Вашиот примерок од новиот број ќе можете да го земете во
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел се подготви и се испечати книгата „Толкување на Псламите“ од свети Атанасиј и свети Василиј. Книгата ја преведе ѓаконот Никола Ѓорѓиевски. Ова најново издание на издаваштвото на Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ може да го најдете низ сите храмови на Повардарската епархија или да се порача на тел. 043 221 231 или на е-пошта:
На 04.11.2018 Во соборниот храм Пресвета Богородица - Гостивар, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослуженије на Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф и епископот Хераклејски г. Климент, игуменот Фотиј од Беровскиот манастир „Успеније на Богородица“, јеромонахот Ефросиниј од Бигорскиот манастир и свештеници од Тетовско-гостиварската епархија богослужеја света Литургија.
Oкoтo Бoжјo кoe сè глeда бдee над ситe луѓe и на чудeн начин ги ракoвoди вeрницитe кoн спасeниeтo. Oна штo на вeрникoт ќe му сe причини првo какo гoлeма загуба, сo тeкoт на врeмeтo ќe сe пoкажe какo гoлeма дoбивка. Случајoт на св. Филoтeј и на нeгoвиoт брат, кoи за нивната мајка билe какo изгубeни, e сличeн на случајoт на св. Ксeнoфoнт (26 јануари)
Љубовта на Црквата Божја сјае насекаде, го прегрнала и сегашниот век, се грижи за идните, а се простира и во минатите, сѐ до самиот почеток, до созданието Адамово. Иако не е од времето, таа ги опфаќа сите во времето, за и нив да ги направи вечни, приближувајќи ги до вечниот, насекаде присутниот, семудриот Бог, Творец и Дародавец на љубовта Божествена.
Во дваесетивтората недела по Педесетница, на празникот на Св. вмч. Артемиј; преп. Герасим Кефалониски
Пред сè, да обратиме внимание на фактот дека во оваа парабола Спасителот го потенцирал името на сиромвиот, кој се викал Лазар, додека, пак, богатиот е безимен, односно, неговото име никаде во параболата не се спомнува. Тоа има длабоко значење. Секој човек има име, кое е дадено од Бога. Тоа име во себе ја содржи целта на човечкото постоење и неговиот повик во себе да го ..
И така, ако сакаш да ја одржиш победата над страстите, пребивај во молитва и со содејство на Бога внатре во себе, слези во длабочината на срцето и таму проследи ги следниве три силни дивови: заборавноста, мрзеливоста и незнаењето. Тие се потпора на вознемирувањата на мислите, преку нив навлегуваат другите зли страсти, се враќаат, дејствуваат, живеат и крепат во душите на сластољубивите.

Вистината е чувството за Бога, коешто човекот го вкусува во себеси со чувството на сетилито на духовниот ум. Љубовта е плод на молитвата и таа со своето созерцание го возведува умот кон тоа ненаситно да ја посакува, кога умот без униние пребива во молитвата и човекот со умот, само во безмолвни помисли, се моли огнено и со жар.
























