Благочестивите браќа Шурдоски ѝ вратија на Црквата голема светиња
Всушност, овие побожни браќа му го предадоа на отец Партениј сребреното ковчеже со мошти од Света Параскева, како и три сребрени престолни крста, коишто биле украдени од Манастирот на Пресвета Богородица – Пречиста, Кичево, на 11 декември 2014 година


Што е вистинско послушание сме сфатиле дури ако во отсуство на духовникот, замислувајќи го неговиот лик, мислиме дека тој е пред нас и одбегнуваме секаков разговор, или збор, или јадење, или сон, или што и да е друго коешто според нашето мислење би можело да му биде непријатно.

Овогодинешниот Јубилеен собор заврши на 07 октомври, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, каде што се отслужи света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитите Тимотеј, Петар, Агатангел, Пимен, Иларион, Јосиф и Јосиф и епископот Климент,
Некогаш народите беа расеани поради дрскоста на градителите на кулата, а сега народите се исполнија со мудрост поради славното Богопознание. Таму Бог ги осуди безбожните поради нивниот грев, а овде Христос со Духот ги просветли рибарите.
Старецот: Љубовта ги содржи милоста и чинењето добро на ближниот, долготрпението и поднесувањето на сè што од него доаѓа. Имајќи ги овие својства, љубовта го скротува гневот кај оној што ја стекнал.
Ќе го благословувам Господа во секое време; похвала за Него секогаш има во мојата уста. Со Господа ќе се фали душата моја! Нека го чујат тоа кротките и нека се зарадуваат. Возвеличете Го Господа со мене, и заедно да го превознесуваме името Негово. Го побарав Господа, и Он ме чу и од сите опасности мои ме избави. Пристапете Му и ќе се просветите, и лицата ваши нема
„Токму и овој, како и сите Собори, ја има таа цел, да го покаже и потврди нашето единство. Таму каде што го нема, ако го нема, да го врати мирот и да ја посведочи на дело љубовта што треба да ги краси сите вистински Христови последователи и чеда на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.“


Неодамна, со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум излезе од печат книгата „Мисли за женската душа: есеи за психологијата на животот“ од д-р Дмитриј Авдеев и Јоана Беседина, во издание на списанието „Премин“. Издавањето на книгата го овозможи манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица.
„Ништо не се случува вон законите создадени од Творецот на се, од Бога. Животот на човекот создаден е по образ и подобие Божјо. На создаденото тело, Бог му даде душа, која во себе содржи закон, неменлив и непреоден - вечен. Во тој Божји закон се наоѓа една прва, основна и најголема заповед. Законикот, сакајќи да го искуша Исуса Христа, Го прашува која е најголема заповед во Законот?
























