Божествена Литургија во храмот Соборен храм, Скопје (03.08.2020)

Се чини дека нема ништо поскапоцено од слободата. Таа е најголем Божји дар, печат на Неговата татковска љубов кон човекот. Имено, Он го создал човекот слободен. Уште во првите страници на Светото Писмо читаме како Бог ги создал Адам и Ева како слободни битија, со право на избор помеѓу доброто и злото. Тоа е израз на Неговата совршена љубов, бидејќи љубовта може да биде вистинска само кога е во слобода.
На 2 август 2020 година, кога Црквата го празнува споменот на светиот пророк Илија и светите Пречистански преподобномаченици, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети пророк Илија во с. Миладиновци – Куманово. Пред почетокот на Литургијата, чтецот Никола Николовски од Куманово беше произведен во ипоѓакон, а на Светата Литургија во ѓаконски чин.
На 29ти јули 2020 година, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија, молитвено го прославува споменот на светеномаченик Атиноген и маченица Јулијана, во Воведенскиот храм во охридската населба Рача, ереј Сашо Ристески во сослужение на ереј Александар Димоски и презвитер Димче Азески отслужија Божествена Литургија, за соединување со Хиста преку путирот од кој живот исходи.
Целокупната дејност на старозаветните пророци е насочена кон доаѓањето на Богочовекот Исус Христос – ветениот Месија, Ослободителот од гревот и од смртта. Човекот е вистински слободен само кога живее во заедница со Бога. Живеејќи во таа слобода, тој несебично им дарува љубов на ближните, секогаш подготвен да се жртвува за нив. А кога човекот е надвор од заедницата со Бога, тогаш почнува да им служи и да им се поклонува на разни идоли и на лажни богови. Доколку на некого или на нешто ја полагаме нашата надеж и од таму очекуваме спасение, тогаш стануваме заробеници на овоземното, заборавајќи дека единствено Господ
На 26 јули 2020 г., на празникот на соборот на свети архангел Гаврил, во соборниот храм „Свети Никола Чудотворец“, во Куманово, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, заедно со архиереите на Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, отслужи Божествена Литургија, на која беше хиротонисан новоизбраниот Епископ Сарандопорски Григориј, и беше востоличен за архиереј на Кумановско-осоговската епархија. На хиротонијата присуствуваа свештенослужители, монаси и верници од државата.
На 25. 07. 2020 година, кога Црквата го празнува Соборот на светиот архангел Гаврил и преподобна Сара Египетска, во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка беше извршено Наречение на Архимандрит г. Григориј (Настески) за епископ Сарандопорски.
По Наречението следеше вечерна богослужба на која началствуваше Архимандрит г. Григориј во сослужение со преподобните монаси и останатите свештенослужители.

Наречението на новоизбраниот Епископ Сарандопорски ќе се изврши на 25 јули, во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, а хиротонијата и востоличувањето ќе се изврши на 26 јули 2020 година, на Собор на св. архангел Гаврил, во Соборниот храм „Св. Николај Чудотворец“ во Куманово.
Животот е бескрајно усовршување во добродетелта, израснување, уподобување, до мерата и растот на полнотата на Христос. Но, дали создавањето е нешто друго, освен раѓање на духовни чеда, преобразување луѓе, откривање на дадениот образ Божји, развивање на подобие Божјо, кај духовно родените. Впрочем, затоа е создадена оваа книга. Поради тоа, се надеваме дека на духовно родените, ќе им послужи да ја зајакнат ревноста.
Кој Го љуби Господа, тој секогаш се сеќава на Него, а сеќавањето на Бога ја породува молитвата. Ако не се сеќаваш на Господа, тогаш нема ни да се молиш, а душата без молитвата нема да пребива во љубовта Божја. Оти преку молитвата доаѓа благодатта на Светиот Дух. Со молитвата човекот се чува од гревот, оти умот кој се моли е зафатен со Бога, и во смирението на духот стои пред Лицето Господово, Кого Го знае душата на оној што се моли.
По завршувањето на постдипломските студии, пријавил втор докторат во 2008 година, а докторирал во 2012 година со одбраната на темата: „Христолошки и сотириолошки аспекти во евхаристиската реинтеграција на личноста”. Монашкиот подвиг го започнал во Струмичката епархија на Македонската православна црква во 2003 година, кога ставил ...