Литургија во манастирот Св. вмч. Георгиј Победоносец(06.05.2020)
На 06.05.2020 година, кога Црквата го празнува споменот на светиот великомаченик Георгиј Победоносец (Ѓурѓовден), Неговото блаженство,
Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан,
отслужи Златоустова литургија манастирот посветен на светиот Георгиј во Кривидол.


Оние коишто се брзаат да станат духовни отци, а сè уште имаат духовни отрови, наликуваат на зелени дуњи, та колку шеќер и да им ставиме, нема да направиме вкусно слатко, а и да го зготвиме брзо ќе се скисели. Пофалните зборови и големите вистини имаат вредност само кога се изречени од вистинска уста, а ги восприемаат само добронамерните души и големите луѓе што имаат чист ум.
На луѓето, одвоени од Бога со тројна преграда: природата, гревот и смртта, Господ им дал да Го поседуваат целосно и да се соединат со Него непосредно, со тоа што Он, една по една ги отстранил сите пречки: онаа на природата – преку Своето овоплотување; онаа на гревот – преку Својата смрт; онаа на смртта – преку Своето воскресение.
Кoлку и кoлкупати гoнитeлитe на христијанитe самoувeрeнo мислeлe дeка завршилe сo христијанствoтo засeкoгаш! Всушнoст, тиe гo завршувалe свoјoт живoт, а христијанствoтo сeкoгаш oднoвo зeлeнeeлo и цвeтeлo. Па сeпак, и пoкрај тoа искуствo, нeкoи наши сoврeмeници мислат дeка христијанската вeра мoжe сo сила да сe искoрeни.
Кој е ава Доротеј? Ава Доротеј од Газа живеел кон крајот на шестиот и почетокот на седмиот век. Уште од рана младост започнал со изучување на светските науки, особено ја сакал реториката. Откако го оставил земното благо, се замонашил во манастир помеѓу Аскалон и Газа, во Палестина, и останал некое време кај познатите старци Варсануфиј и Јован.
Христос се молеше за оние коишто Го распнуваа: “Оче, не им го земај ова за грев, тие не знаат што прават”. Архиѓаконот Стефан се молеше за оние што го засипуваа со камења, за Господ да не им го земе тоа за грев. И ние, ако сакаме да ја сочуваме благодатта, должни сме да се молиме за непријателите.
Вистината е она што го вкусуваме во литургиското искуство и заедничарење. Ја вкусуваме со душата и телото. Вистината е Господ Кој се прекршува а не се разделува, Кого секогаш Го јадат а никогаш не исчезнува по осветувањето на оние што се причестуваат. Кој е „Лебот Небесен, што го храни сиот свет“. Кој е единствената надеж што го спасува севкупниот човек.
“Нeма пoкoј на зeмјата за oниe кoи сакаат спасeниe”, гoвoри св. Eфрeм Сирин. Бoрбата e нeпрeстајна, билo да e надвoрeшна или внатрeшна. Нeпријатeлoт дeјствува нeкoгаш видливo прeку луѓeтo и другитe твари, а нeкoгаш нeвидливo прeку мислитe. Час сe пoкажува oтвoрeнo какo нeпријатeл и дeјствува сурoвo, а час пoд вид на ласкав пријатeл и завeдува сo лукавствo.
Таа, Родителката на Божјата Премудрост, ги потврди Божјите зборови, искажани преку мудриот Соломон: слушајте, цареви и разберете, поучете се, судии, од краиштата на земјата. Внимавајте вие што владеете со множествата и кои се фалите со бројноста на вашите народи! Господ е Оној, Кој ви ја подари власта, а силата е од Севишниот; Тој ги проучува вашите дела и ги проверува вашите намери… (Мудр. 6,1-3).
Излезе од печат 53-от број на „Православна светлина“. Во овој број, стандардно, како и досега, обработивме теми од нашата православна вера и живот и се надеваме дека и овој број ќе ја збогати Воскресната радост кај сите верници кои ќе го имаат во своите раце во овие торжествени денови, кои нè очекуваат.
Бегањето од светот кон Христа дава прибежиште. Свет, пак, ја нарекувам љубовта кон сетилните нешта и кон телото. Оној којшто со разбирање на Вистината се отуѓил од тоа станува Христов посвоеник кој ја умножува љубовта Негова, со која ја отфрла севкупноста на овој свет и го купува „скапоцениот бисер“ – Христа.
Што да кажам за поука и од каде да почнам после ова евенгелско четиво (види: Лука 24, 1–35), веројатно најзначајното во целиот Нов Завет, кое ја истакнува нераскинливата врска помеѓу богопознанието и Светата Евхаристија. Воскреснатиот Христос чекори покрај своите апостоли Лука и Клеопа на патот за Емаус и, иако многупати пред ова чудесно патување чекореле заедно, тие не Го препознаваат и во Него гледаат само обичен туѓинец сè до моментот на прекршувањето на лебот.
„Радувајте се, луѓе, и веселете се! Ангелот што седеше на гробниот камен, тој ни благовести, велејќи: Христос - Спасителот на светот - воскресна од мртвите, и со благопријатна миризба ја исполни вселената. Радувајте се, луѓе, и веселете се!“ (Хвалитна воскресна стихира на Утрена на Втор ден Велигден).
Токму кон ова духовно воскресение, обнова на нашите души, не повикува Црквата на великиот и радосен ден на Светлото Христово Воскресение. „Денес дојде спасение за светот, видлив и невидлив! Христос воскресна од мртвите-востанете со Него и вие; Христос е во Својата слава-издигнете се и вие; Христос стана од гробот-ослободете се од оковите на гревот!
Во Великата сабота го совршуваме Погребението на Божественото Тело и слегувањето во адот на Господа и Спасителот наш, Исус Христос, со кој го обнови родот човечки од распадливост и го преведе во живот вечен.
Богородица, заедно со жените мироносици, најмногу и докрај сострадуваа под Крстот, но затоа и први ја слушнаа веста за Христовото воскресение и први Го допреа Воскреснатиот Богочовек Христос.
И покрај сложената ситуација поради распространувањето на вирусот Kовид-19 и затворените граници меѓу државите, во знак на големото пријателство меѓу нашиот и грчкиот народ и оваа година, за радост и поткрепа на христијанските верници, во земјава пристигна светиот оган, познат и како благодатен оган.

























